КРЕАТИВНО ПЕЧАТЕЊЕ

Сезонски модели од хартија: отпечатете материјали за прослава на Ноќта на вештерките

Подгответе хартија и ножици. Разгледајте ги овие едноставни идеи за картички, маски, украси и други есенски материјали што може да ги отпечатите и изработите во домот.
Украси за Ноќта на вештерките наредени на дрвена полица и закачени на гранка обоена во бела боја.

Ноќта на вештерките станува сè попопуларен празник што се претворил во ден за шеги, подароци и премногу слатки. Но, тоа не значи дека морате да брзате и да купите нови скапи костуми или пластични украси. Откријте ги совесните и забавни можности што ги нуди изработувањето на модели од хартија, што се и безбедни за планетата - домашно изработени украси, рачно направени маски за Ноќта на вештерките, торбички за слатки за повеќекратна употреба и многу повеќе.

Сè што ви треба е креативна инспирација, хартија и печатач од Canon. Серијата PIXMA TS7450 е компатибилна со многубројни различни медиуми, како магнетна фотохартија што може да се вметне преку механизмот за автоматско снабдување со документи, па затоа е идеална за секакви креативни проекти. Компактниот SELPHY CP1500 од Canon печати висококвалитетни слики врз различни видови хартија, почнувајќи од големина на поштенска картичка до мини налепници, што ви овозможува да создадете сопствени украси за да го прославите празникот.

Изберете ги моделите од хартија што ја пленат вашата фантазија, симнете го шаблонот или дизајнот што ќе ви го привлече вниманието, отпечатете го на препорачаната хартија и следете ги инструкциите за да имате спектакуларна страшна сезона.

Украси што може да ги отпечатите

Украси за Ноќта на вештерките изработени од хартија, закачени на гранка обоена со бела боја.

Creative Park нуди многубројни шаблони за печатење наменети за Ноќта на вештерките, како што е овој забавен комплет украси. Тука ќе најдете и информации за времето потребно за составување и за препорачаните видови на хартија.

Модел од хартија за фенер од тиква со огромна насмевка.

Овој фенер од тиква со огромна насмевка ќе изгледа одлично на хоризонталната површина под прозорецот, а може да го приспособите да не изгледа толку страшно доколку сакате дизајн за тиква со посезонски изглед.

Ноќта на вештерките, како и многу други фестивали, го означува менувањето на годишните времиња - ноќите стануваат подолги, а деновите се поладни. Природата е украсена со најживописните бои, дрвјата горат со нијанси на црвена и портокалова.

Внесете ги темите и боите на есента во вашиот дом со тоа што ќе отпечатите мали, но висококвалитетни фотографии од градините или парковите што се наоѓаат во близина на вашиот дом, користејќи компактен безжичен печатач како што е SELPHY CP1500 или SELPHY Square QX10 од Canon. Закачете ги фотографиите на украсна гранка за да создадете прекрасен висечки излог што може да го краси ѕидот над вашиот камин, следејќи го примерот на дизајнерката на ентериер Jasmin Robertson, која го направила истото во својот водич за украси за домот инспирирани од природата. Или, пак, обидете се сами да создадете дизајни за лисја. Отпечатете ги на разнобојна хартија - виолетова, портокалова и црна за да го доловите чувството на Ноќта на вештерките - и претворете ги во украси со тоа што ќе им направите мал отвор и ќе ги закачите со конец.

Апликацијата Canon Creative Park нуди многубројни идеи и бесплатни шаблони за Ноќта на вештерките. Зошто не го украсите вашиот дом со мини лилјаци, мачки и шапки за вештерки? Или да закачите табла со текст „Среќна Ноќ на вештерките“ на прозорецот? Сите се отпечатени на хартија, така што може да ги спакувате и чувате за следната година или, пак, да ги фрлите.

Маски и костуми за Ноќта на вештерките

Повеќе маски од хартија за Ноќта на вештерките наредени на маса под табла со текст „Среќна ноќ на вештерките“.

Во Creative Park може да пронајдете многубројни шаблони за маски за Ноќта на вештерките, вклучувајќи црни мачки и бувови со широко отворени очи, што можат да бидат одлична почетна точка за дизајнот на вашиот костум. Ќе пронајдете дури и метла и шапка за вештерки.

На децата ќе им биде многу забавно да ја потрошат својата енергија и фантазија на правење свои рачно направени костуми. Започнете со маска за Ноќта на вештерките што може да ја направите сами. Користете мат фотохартија од Canon за да добиете многу живописен резултат што ќе го отпечатите со вашиот печатач PIXMA од Canon. Едноставниот и повеќенаменскиот PIXMA G640 од Canon нуди неверојатен квалитет со своите шест мастила базирани на боја. Откако ќе ја исечете маската - вклучувајќи ги и очите - закачете гумени ластици на двете страни користејќи продупчени отвори, лепило или селотејп.

Следно, смислете дизајни за маички со есенски мотиви. Би можеле да изберете тикви или шолја со топло чоколадо за да го одбележите годишното време. Или, доколку сакате да ја покажете вашата пострашна страна, изберете црни мачки или коски што изгледаат одлично отпечатени бело врз црна хартија. Направете ги уште попосебни со тоа што ќе направите исти комплети, вклучувајќи ги имињата на вашите деца и годината, или целосен комплет за семејството.

Магнети за фрижидер за повеќекратна употреба

Рака става магнети од црна мачка на предна страна од шпорет.

Овие шаблони за црна мачка се идеални за украсување на кујната пред некоја сезонска забава. Изработката на модели од хартија може и да го сплоти семејството, а браќата и сестрите ќе имаат можност да го засилат своето пријателство преку споделување на своите креативни достигнувања.

Правете украси за изложување секоја година, без оглед дали ќе ги ставите на вашиот фрижидер или во рамка за огледало - вашите домашно изработени магнети може да ги изложите на секаква метална површина. Сè што ви треба е вашиот печатач PIXMA од Canon и магнетна фотохартија од Canon.

Не заборавајте да го чувате вашиот фотоапарат од Canon или паметен телефон при рака за време на прославите за да можете да ги снимате специјалните моменти како што се случуваат. Потоа, може да ги отпечатите тие моменти преку Wi-Fi со вашиот печатач PIXMA од Canon, користејќи ја апликацијата Canon PRINT за да создадете отпечатени материјали за во албум, ѕидна уметност или магнети што може да ги споделите со семејството и пријателите и во иднина повторно да ги доживувате тие настани. Или, пак, може лесно да правите колажи, календари и постери од вашиот паметен телефон преку апликацијата Canon Easy-PhotoPrint Editor. Ослободете ја вашата креативност и оваа Ноќ на вештерките ќе биде незаборавна.

Торбички за подароци, налепници и подароци

Две колачиња со шеќерна глазура украсени со знаменца за торти на темата Ноќта на вештерките.

Овие едноставни и тематски знаменца за торти се идеален проект за почетници. Отсекувањето шаблони е одлична можност за младите да ги подобрат своите моторни вештини. Не заборавајте дека треба да ги надгледувате помалите деца.

Лист со есенски слики што излегува од компактен печатач од Canon.

Извонредните обележувачи со есенски теми се идеален додаток за торбичките со подароци што ќе ги подготвите за забавата по повод Ноќта на вештерките, а можете многу лесно да ги направите во апликацијата Canon SELPHY Photo Layout.

Куќата изгледа навистина празнично и целото семејство е дотерано. Подготвени сте за забава! Имате и голем избор на приспособливи покани, пликови и картички за Ноќта на вештерките во Creative Park. Отпечатете ги со вашиот печатач PIXMA на двострана мат хартија со големина на картичка и превиткување на средината, што се испорачува со пликови за домашно изработени картички. Доколку би сакале да искористите некоја од вашите слики, хартијата со големина на поштенска картичка наменета за SELPHY CP1500 од Canon има однапред отпечатени линии за печат и адреса.

Кофите за Ноќта на вештерките направени од хартија се идеални за послужување закуски за забава, а торбичките за Ноќта на вештерките се одлични подароци што вашите гости можат да си ги однесат дома. Освен бонбони и парче пита од тиква, во торбичките може да ставите и уникатни отпечатени фотографии. Зошто не отпечатите тематски налепници со SELPHY CP1500 од Canon за да украсите училишни прибори, огледала и телефони? Исто така, би можеле да создадете обележувачи со вашите омилени фотографии од тој ден со опцијата за распоред за обележувачи во апликацијата SELPHY Photo Layout. Многу е брзо и лесно да се избере, приспособи и отпечати директно од апликацијата, преку SELPHY CP1500.

Што и да правите есенва, не заборавајте да внесете малку празнична магија со вашиот печатач PIXMA или SELPHY и малку креативност.

Напишано од Rachel Segal Hamilton

Слични производи

Слични статии

  • Четири слики отпечатени со SELPHY Square QX10, ставени врз површина со текстура.

    КРЕАТИВНО ПЕЧАТЕЊЕ

    Создавајте во текот на целата година

    Разгледајте ги инспиративните идеи на Jesus Sauvage за вашиот SELPHY Square QX10.

  • ПЕЧАТЕЊЕ И ИЗРАБОТКА НА МОДЕЛИ

    Забавувајте се со Creative Park

    Украси и реквизити што може да ги отпечатите дома со помош на апликацијата Creative Park.

  • Печатач PIXMA G6050 од Canon и магнетна фотохартија од Canon на маса до модели од хартија, вклучувајќи висечка играчка со диносауруси, глава на еднорог и налепници со мачки.

    КРЕАТИВНО ПЕЧАТЕЊЕ

    Изработувајте стилски домашен декор

    Изработувајте модели и декорирајте го вашиот дом со Creative Park и печатач PIXMA G6040.

  • Домашно отпечатена божиќна честитка покрај рачно изработени украси и двострана мат хартија од Canon поставени врз платно со новогодишна елка.

    ПЕЧАТЕЊЕ И ИЗРАБОТКА НА МОДЕЛИ

    Печатење божиќни честитки

    Направете сопствена празнична фотосесија и отпечатете уникатни божиќни честитки.