Четворица седат на кревет во соба украсена со балони во заден план. Млада девојка држи SELPHY CP1500 во розова боја, а другите гледаат и покажуваат кон печатачот.

Печатачи за во домот

Canon SELPHY CP1500

Печатете прекрасни и издржливи фотографии што ќе траат до 100 години1 со помош на овој брз, компактен и безжичен печатач што е практичен за користење.

ВИ ГО ПРЕТСТАВУВАМЕ SELPHY CP1500

Компактен печатач за фотографии наменет за целото семејство
SELPHY CP1500
Мало девојче гледа заинтересирано во црн печатач SELPHY CP1500 што печати фотографија. Нејзината мајка ја гледа и се смее во заднина.

БРЗИНА И КВАЛИТЕТ

Прекрасни фотографии, со голема брзина

Создавајте живописни фотографии со фотолабораториски квалитет и 16,7 милиони бои. Технологијата за брза сублимација на бои ви овозможува да печатите материјали со големина на поштенска картичка за 41 секунда, кои ќе можете веднаш да ги допрете.

ИЗДРЖЛИВОСТ

Отпечатени материјали што траат долго

Благодарение на специјалниот заштитен слој, вашите фотографии ќе траат до 100 години1 доколку ги чувате во албум. Исто така, тие се отпорни на вода, гребнатини и отпечатоци од прсти.

Жена држи колаж со фотографии од мало девојче, само или со нејзините родители, со наслов „Мојата прва година“. Жената го држи колажот во скут и брише капки вода од едната слика со светлорозова крпа.
Колаж со фотографии од мало девојче, само или со нејзините родители, со наслов „Мојата прва година“, ставен врз сив кревет, околу него има црн печатач SELPHY CP1500 и неколку листови хартија SELPHY.

ГОЛЕМИНИ НА ХАРТИЈА

Големини што ќе ви одговараат

Печатете прекрасни и живописни слики во различни големини, почнувајќи од поштенски картички (100 x 148 mm) па сè до мини налепници (22 x 17,3 mm).

ПРИСПОСОБУВАЊЕ

Едноставно безжично ракување

Печатете лесно и безжично од вашиот паметен уред преку апликацијата SELPHY Photo Layout. Печатете приспособени материјали со печати, филтри и шаблони и споделувајте линкови со отпечатени QR-кодови.

Постар маж држи телефон со слика од семејство, а врз сликата има печати што се додаваат со апликацијата SELPHY Photo Layout. Млада жена стои до него и покажува кон телефонот. Во заднина се гледа розов печатач SELPHY CP1500.
Бел печатач SELPHY CP1500 врз бела комода со фиоки, врз неа слика од мало девојче кое се смее, ставена во бела рамка покрај печатачот. Во заднина има ѕидни тапети со сина графика.

ДИЗАЈН

Стилски дизајн што заштедува простор

Ова е печатач што ќе го користите со задоволство и лесно ќе ракувате со него благодарение на неговата компактна големина, големиот LCD-екран, опциите за безжично поврзување и изборот од три завршни обработки со модерни бои.

ПОВРЗУВАЊЕ

Поврзете го на ваш начин

Може да го поврзете безжично со паметни уреди преку QR-код, да го поврзете со компјутери и фотоапарати2 преку Wi-Fi или, пак, со компјутери, фотоапарати и USB-мемориски уреди преку USB-C. Или, пак, печатете директно од SD-картички, SDHC-картички и SDXC-картички преку вградениот читач за картички.

Рака која држи телефон што скенира QR-код од LCD-екранот на розовиот печатач SELPHY CP1500. Во десниот агол се гледа пакување хартија SELPHY и пенкало, а во левиот агол се гледа молив.

Внесете реалистичност во фотографиите на ваш начин со помош на апликацијата SELPHY Photo Layout

Создавајте и печатете прекрасни и приспособени фотографии, налепници и обележувачи директно преку вашиот телефон.

  • НАПРАВЕТЕ РАСПОРЕД

    Изберете совршен распоред и завршна обработка

    Изберете некоја од многубројните опции за шаблони, завршна обработка и најгорни слоеви.

  • ПРИСПОСОБУВАЈТЕ

    Приспособете го изгледот

    Додавајте текст, рамки и печати за да добиете уникатни отпечатени материјали.

  • СОЗДАВАЈТЕ

    Бесконечни креативни можности

    Печатете обележувачи, самолепливи етикети и додавајте QR-кодови за да овозможите поврзување со онлајн албуми, видеозаписи и многу повеќе.

Спецификации

  • Печатење преку Wi-Fi

    Печатење директно од паметни уреди и компјутери

  • Сублимација на бои

    Брзо и висококвалитетно печатење со системот за печатење со термичка сублимација на бои

  • Печатење за 41 секунда

    Висококвалитетно и брзо печатење на поштенски картички

  • Отпечатени материјали што траат до 100
    години1

    Издржливи и долготрајни фотографии

  • LCD-екран со 16,7 милиони бои

    Отпечатени материјали со реален изглед и реалистични тонови на кожата

  • и големина од 8,9 cm (3,5”)

    Голем екран со врвни детали

  • USB-C

    Лесно поврзување со фотоапарати, компјутери и USB-мемориски уреди

  • Отвор за мемориска картичка

    Читач за картички од типот SD, SDHC и SDXC

Метод на печатење

Сублимација на бои
Сублимација на бои

Поврзување

Wi-Fi, USB, SD-картичка
Поддршка

Достапни бои

Црна, бела, розова
Црна, бела, розова, зелена

Големина на печатење

Од 100 x 148 mm до 22 x 17,3 mm
Со рабови 72 x 85 mm

Брзина на печатење

41 секунда (100 x 148 mm)
43 секунди (72 x 85 mm)

Големина на LCD-екранот

8,9 cm
НЕМА

Вградена батерија

Не
Да

Тежина

850 g
445 g

Димензии

182 x 58 x 133 mm
102 x 143 x 31mm

SELPHY CP1500

Што содржи кутијата

  • SELPHY CP1500

  • Касета за хартија PCP-CP400 (големина на поштенска картичка)

  • Компактен адаптер за напојување CA-CP300B

  • AC-кабел

Слични производи

  • Печатачи за во домот

    SELPHY SQUARE QX10

    Чувајте ги вашите специјални спомени како прекрасни отпечатени материјали што може безжично да ги отпечатите каде и да сте.
  • Печатачи за во домот

    SELPHY CP1000

    Добијте отпечатени материјали со фотолабораториски квалитет за неколку секунди, во секое време и на секое место, со овој мал и елегантен печатач за фотографии.
  • Печатачи за во домот

    SELPHY CP1300

    Стилски и пренослив уред за безжично печатење на прекрасни фотографии и фотографии за документи од компатибилни паметни уреди и фотоапарати.
  • Камери за инстант слики и фотоапарати со џебен печатач

    Canon Zoemini S2

    Снимајте подобри автопортрети со фотоапаратот и печатач со џебна големина, опремен со огледало, прстенесто светло, опција за далечинско активирање на блендата и прегледување во живо.
  • Печатачи за во домот

    Canon Zoemini 2

    Добијте инстант отпечатени материјали од вашиот паметен телефон во секое време и на секое место со џебниот печатач Zoemini 2 што се напојува преку батерија.
  • Дополнителна опрема

  • Батерија NB-CP2LI

  • Касета за хартија со големина на картичка PCC-CP400

  • Торбичка за носење DCC-CP2

  • Потрошни материјали

  • Големина на кредитна картичка KC-36 IP

  • Налепници со големина на кредитна картичка KC-18IF

  • Мини налепници KC-18IL

  • Квадратни налепници со големина на кредитна картичка KC-18IS

  • Големина на поштенска картичка KP-36IP

  • Големина на поштенска картичка RP-108

  • Слични статии

    1. Доколку се чуваат во албум. Врз основа на забрзано тестирање, земајќи предвид температура од 23° C / 73,4° F и влажност од 50%.
    2. Фотоапарати компатибилни со PictBridge.