ФОТОГРАФИРАЊЕ СВАДБИ

Доловете ја сцената: совети од професионалец за фотографирање свадби на отворено

Фотографот за венчавки од Исланд, Стеф Закас, објаснува како да се справите со предизвиците при фотографирање на специјалниот ден на парот, ако фотографирате првпат.
Штотуку венчан брачен пар прегрнат на плажа додека заоѓа сонцето што ги прикажува како силуети.

Организирањето на свадба не е лесно ниту во најдобри околности, а изминатата година имаше и дополнителни компликации за паровите кои сакаа да скокнат во тавчето. Па затоа, дали е чудно што толку многу невести и младоженци големите, традиционални свадби ги заменуваат со многу помали прослави? Трендот за интимни церемонии е во пораст, особено на отворено со позадини наменети за Инстаграм. А, кога бројките се мали, паровите повеќе се потпираат на пријателите или семејството да фотографираат, наместо да повикаат професионален фотограф за венчавки.

Имајќи го ова на ум, се обративме до фотографот и планер за венчавки Стеф Закас за совет за тоа како амбициозните фотографи да ја доловат убавината и интимноста на специјалниот ден на парот. Стеф, чија специјалност е помош на парови кои планираат да избегаат од големи церемонии, започна да фотографира мали свадби во Њујорк, САД, пред да ги пресели своите деловни активности 4,500 километри оттаму, во Исланд.

И додека голите пејзажи на малечкиот европски остров сигурно не ги влошува нејзините фотографии, фотографирањето свадби на отворено во една од најекстремните средини во светот дефинитивно може да биде предизвик. „Имаше неколку пати кога требаше да се скриеме во пештера сè додека не помине лудото невреме со град“, се смее таа. „Едноставно не знаете како да се справите со тоа!“

Овде Стеф го споделува својот врвен совет за тоа како да ги доловите еден од најважните настани во животот на твоите пријатели. Дури и ако вашата кариера не е свадбен фотограф, советите на Стеф ќе ги подобрат вашите фотографии, без разлика дали грее сонце или има снежна виулица.

Изберете го вистинскиот комплет

Младоженец се качува на рид носејќи цвеќиња, неговата невеста стои на врвот, а нејзиниот фустан се вее во ветрето.

За одлична фотографија не е потребна само извонредна позадина, туку и комплет на кој ќе може да се потпрете. Стеф користи професионална камера Canon EOS 5D, но сличен резултат може да се постигне и со подостапни модели, како што се Canon EOS 250D или Canon EOS M6 Mark II. Фотографирано со Canon EOS 5D Mark IV со 85mm, 1/4000 sec, f/1.2 и ISO100. © Zakas Photography

Како прво, Стеф нагласува дека не треба да се потпирате на паметен телефон за да ја фотографирате свадбата на пријател. „Професионалната камера ви овозможува да го контролирате секој аспект од вашата слика. Дури и уметничките аспекти не ги уредувам слики во постпродукција, сето тоа го правам со камерата“, објаснува таа.

Стеф ги опишува нејзините главни фотоапарати – Canon EOS 5D Mark IV и неговиот претходник, Canon EOS 5D Mark III – како „чудесни“ затоа што нивната цврста конструкција значи дека ќе ја издржат дури и најавантуристичката свадба. Ако барате подостапен модел, Canon EOS 250D има сензор од 24,1MP за поостри слики полни со боја. Исто така неверојатно е лесен – совршен за свадбени фотографии на отворено – и има подвижен екран што ќе ви помогне да бидете креативни со агли.

Како алтернатива, високо-преносливиот и многустран Canon EOS M6 Mark II може да доловува врвни слики од 32,5MP исполнети со детали и атмосфера, без оглед на временските услови. Може да се обидете и во детал да ги подесите вашите слики со режимот Creative Assist (Асистент за креативност) на фотоапаратот, што ви овозможува да направите мали прилагодувања на сликата и да создадете повеќе верзии од истата слика, секоја со различен изглед и чувство.

Експериментирајте со поставките пред денот

Штотуку венчан брачен пар стои во дива, недопрена природа, додека ниското сонце фрла долги сенки на земјата.

Стеф препорачува да експериментирате со поставките и да направите неколку пробни фотографии за да добиете чувство за фотоапаратот и можните ефекти. Фотографирано со Canon EOS 5D Mark III (сега е достапен и поновиот Canon EOS 5D Mark IV) со објектив Canon EF 17-40mm f/4L USM со 17mm, 1/800 sec, f/4.5 и ISO100. © Zakas Photography

Стеф препорачува почетниците да поминат извесно време запознавајќи се со својата опрема пред големиот ден. Вашата камера е алатка, вели таа, и треба да научите како да ја користите. Апликацијата Canon Photo Companion има вежби, упатства и совети што се прилагодени за моделот на фотоапаратот, нивото на вештина и интересите. „Постојат многу начини да ги постигнете ефектите што ги сакате, затоа експериментирајте со функциите на фотоапаратот пред настанот. Научете ги правилата, потоа прекршете ги правилата и дознајте што сакате“, советува Стеф.

Добар почетна точка е експериментирање со прилагодување на f-stop, или блендата и забележување како количината на светлина што ја дозволувате ги менува сенките и целиот изглед и чувство на сликата. „Многу фотографи сакаат да фотографираат со најнизок можен f-stop“, објаснува Стеф. „Но, фотографирањето со повисок f-stop значи дека добивате повеќе детали. Повеќе детали значи да се види како сенките се менуваат низ сликата и добивање побогата природа и пејсаж“.

Упатства за „дискретно насочување“

Две невести се бакнуваат на карпесто крајбрежје.
					Задниот дел на фустанот на една од жените се вее во ветрето.

Наместо наместени пози, кои можат да изгледаат неприродно, Стеф препорачува да користите „дискретно насочување“ за да добиете слики со поприроден изглед. Фотографирано со Canon EOS 5D Mark III со објектив Canon EF 17-40mm f/4L USM со 40 mm, 1/320 sec, f/4.5 и ISO100. © Zakas Photography

Многу парови сега претпочитаат природни, искрени фотографии од денот на нивната венчавка отколку традиционалните фотографии. Ова е добра вест за фотографите-почетници кои можеби немаат доволно самодоверба за да аранжираат цела фотосесија, но дури и почетниците ќе ги подобрат своите фотографии со малку насоки. Како што објаснува Стеф, „Јас не му кажувам парот како да позира, туку користам нешто што се нарекува „дискретно насочување“. Нежно ги водам низ движењата, а потоа ги фотографирам“.

Луѓето некогаш добиваат трема кога фотографите доловуваат интимен момент, па Стеф се обидува да биде што е можно подискретна со употреба на јазик кој не е полн со инструкции. Му кажува на парот да се „приближат малку повеќе еден до друг“ или „да се држат малку потопло“, отколку да им сугерира да позираат во одредена позиција.

Canon EOS M6 Mark II е идеална алатка за доловување искрени моменти. Компактен и лесен, нема да ве кочи ниту да го одвлекува вниманието на оние што ги сликате. Можно е луѓето дури и да не забележат дека држите фотоапарат, што помага движењето и изразите да останат автентични. Освен тоа, Canon EOS M6 Mark II може да фотографира слики од 32,5 MP со брзина до 14fps (рамки во секунда) – со континуирано автоматско фокусирање – што значи дека може да фотографирате целосен опсег на движење, а фокусот да остане на субјектот.

Бидете на растојание

Три парови стојат оддалечени неколку метри во карпеста околина.

Правилата за социјално дистанцирање принудија многу парови гостите на свадбата да ги сведат на минимум што доведе до нови предизвици за фотографите. Дури и во нормални околности, Стеф претпочита да им остави простор на паровите. Фотографирано со Canon EOS 5D Mark III со 40 mm, 1/1250 sec, f/4.5 и ISO100. © Zakas Photography

Создавањето опуштена и лежерна атмосфера, во која паровите не се чувствуваат непријатно или напнато додека се фотографираат, ѝ помага на Стеф да го долови она што таа го нарекува „вистинска хемија“ меѓу невестата и младоженецот. „Многу фотографи премногу се приближуваат со објектив од 35mm, фотографираат од високо и ги тераат невестата и младоженецот да ги допираат лицата“, вели Стеф. „Но, од искуство, научив дека повеќето парови не го сакаат тоа.

Стеф се обидува да ги остави своите субјекти што послободни од неа во текот на денот. Нејзиниот прв избор кога се работи за објектив за портрети е Canon EF 85mm f/1.2L II USM поради одличниот опсег за фотографирање одблизу и фактот дека не ги изобличува лицата на луѓето. „Ми овозможува да стојам доволно далеку и да не чујам дали парот си зборува нешто слатко“, вели таа. „Тоа значи дека не сум наметлива и тие не се чувствуваат како да сум дел од фотографирањето. Не сакам да бидам блиску, бидејќи тоа е нивен интимен момент.“ Попристапниот објектив Canon EF 85mm f/1.8 USM комбинира кратка телефото фокусна должина со голема максимална бленда и голема брзина на автоматско фокусирање за да испорачате прекрасни портрети кои се остри и јасни.

Иако Стеф својата опрема ја сведува на минимум кога фотографира веначвки, таа секогаш носи подолг телефото објектив за да го истакне убавиот пејзаж. Таа користи објектив Canon EF 70-200mm f/2.8L IS III USM за да создаде посебен контраст помеѓу парот и сите поголеми ориентири. Ова има ефект на компресија на перспективата, па огромните планини и глечерите на Исланд во позадина се појавуваат поблиску до субјектот во преден план, што ја прави сликата поимпресивна, објаснува Стеф.

Canon EF-S 55-250mm f/4-5.6 IS STM е лесен и компактен телефото објектив кој е совршен во комбинација со фотоапарати со сензор за сечење, како што е Canon EOS 250D. Неговните моќни телефото перформанси ви овозможуваат да се приближите до далечните субјекти, а технологијата за стабилизација на сликата помага да се намали замаглувањето предизвикано од тресењето на фотоапаратот.

Извлечете максимум од светлината

Штотуку венчан брачен пар се прегрнува стоејќи на мала карпа.
					Сликано од далечина, тие се врамени со јаз во карпестата испакнатина.

За неверојатни фотографии, експериментирајте со различно осветлување и обидете се да фотографирате на светла дневна светлина или во самрак. Фотографирано со Canon EOS 5D Mark III со 17mm, 1/160 sec, f/4.5 и ISO100. © Zakas Photography

Стеф обожава да си игра со необичната природна светлина на Исланд кога фотографира. На островот сонцето заоѓа само три часа дневно, помеѓу средината на мај и средината на август, а во зима има само пет часа дневна светлина. „Ако сонцето е слабо – особено во есенските месеци – се добиваат навистина кул слики со широк објектив, па затоа сакам да експериментирам со тоа“, вели Стеф.

Малиот објектив Canon EF-M 22mm f/2 STM за Canon со EF-M држач, вклучувајќи го и Canon EOS M6 Mark II, е совршен за портрети при венчавки. Широкиот агол значи дека можете да вметнете повеќе од убавиот пејзаж во рамката, додека широката максимална бленда значи дека може да фотографирате со поголема брзина на затворачот, со што полесно се добиваат остри слики со рачно фотографирање.

Ако фотографирате на пладневно светло сонце, можеби ќе треба да ги надоместите сенките во контурите на лицата на вашите субјекти. Вградениот блиц на фотоапаратот може да помогне во ова или може да донесете рефлектор. Држејќи рефлектор на ниво на струкот и насочувајќи го кон вашите субјекти, ќе одбиете малку од природната светлина назад до нивните лица за да ги пополните сенките.

Освен лицата, при фотографирање на појака или директна сончева светлина, ќе имате многу светли области во вашата глетка, што може да ја отежне правилната експозиција. Во овие услови, најдобро е да го користите режимот Spot Metering (Mерење на рефлектираната светлина) на самото место, што мери од една точка во една глетка. Откако ќе ја измери вашата „точка“, вашиот фотоапарат ќе постави поставки за експозиција наменети да ја направат таа област во среден тон (сè што е помеѓу осветлените места и сенките). Може да го користите мерењето на рефлектираната светлина на самото место заедно со заклучување на AE (Auto Exposure, (Автоматска експозиција)). Ова ви овозможува да ја поставите вашата „точка“ над областа од која сакате да мерите, а потоа да ја „заклучите“ експозицијата. Ова ви овозможува да ја компонирате фотографијата.

Искористување на временските услови

Штотуку венчан брачен пар стои пред бели врати на една мала црна црква.
					Зад нив, во сивото небо се простира виножито.

Времето знае да биде непредвидливо, па Стеф предлага да да бидете спремни за сите услови со кои се соочувате и да пронајдете начин да ги искористите во своја полза. Фотографирано со Canon EOS 5D Mark III со 40 mm, 1/320 sec, f/7.1 и ISO100. © Zakas Photography

Вашиот пар можеби нема да се венча на локација со екстремни временски услови како што е Исланд, сепак, големиот ден може да биде студен и влажен. „Овде ветрот може да искрши и автомобилски прозорци“, вели Стеф.

Финтата при фотографирање во неповолни услови е да се работи со временските услови, а не против нив. Ветровитото време, на пример, е корисно за прикажување детали од развеаниот превез или фустан. „Ако има прогноза за снег или дожд, сакам да користам широк објектив за да доловам нешто од тоа“, вели Стеф. „Ако доловите капки околу рабовите кои светлината ги погодува, тоа создава навистина кул ефект“. Не одложувајте го фотографирањето само затоа што времето не е совршено – денот треба да се запамети каков што е.

При силен дожд или снег, Стеф обично фотографира брзо околу една минута, а потоа ги внесува невестата и младоженецот да се загреат. „Најбитно е максимално да го искористиме вашето време“, вели таа. Како почетник кој фотографира на ладно време, уште поважно е да вежбате и експериментирате со поставките пред големиот ден за да научите да работите брзо. Исто така, вреди да фотографирате неколку тест-слики пред да побарате од парот да влезе во рамката.

Исто така, Стеф советува да носите крпи за брзо сушење за да ги избришете објективите и затоплувачи за раце за прстите да не ви станат премногу ладни кога ги движите по контролните функции. Друг совет кога фотографирате на ниски температури е да донесете дополнителни батерии, бидејќи студот може побрзо да ги потроши батериите.

Без разлика дали фотографирате мала венчавка во прекрасни пејзажи или венчавка со само неколку блиски семејства и пријатели, следењето на овие совети и препораки треба да ви помогне да доловите дел од радоста и емоциите на волшебниот ден.

Напишано од Loren Cotter

Слични написи

  • ОСНОВИ НА УРЕДУВАЊЕ

    Како да уредувате битни фотографии

    Подобрете ги вашите фотографии од посебни прилики со овие едноставни совети за уредување фотографии.

  • ФОТОГРАФИРАЊЕ СВАДБИ

    Испечатете ја вашата свадба

    Од канцелариска опрема по нарачка до рустикални написи, има многу креативни начини да го персонализирате вашиот голем ден.

  • ФОТОГРАФИРАЊЕ СВАДБИ

    Фотографирајте правилно на големиот ден

    Направете незаборавни фотографии од среќната двојка на правилен начин: водич за етикеција за фотографирање свадби.

  • ОСНОВИ ЗА ФОТОГРАФИРАЊЕ / НА ОТВОРЕНО

    Совети за фотографирање во екстремни временски услови

    Од заштита на вашата опрема до грижа за себе, ова се нашите најдобри совети и трикови за усовршување на фотографирањето во екстремни временски услови.