За Aimee Graham, уметник кој изработува модели од хартија, сечењето хартија е начин за опуштање - одличен метод за создавање уметнички дела во разни бои што ќе бидат уникатни и креативни. Од апстрактни форми и шаблони па сè до силуети од животни и сцени со плажа, подредувањето на отсечените елементи во слоеви е забавно за целото семејство и може да се искористи за создавање уникатни уметнички дела за на ѕид, па дури и честитки.
Aimee за прв пат почна да изработува модели откако се врати од патување во Јапонија, каде што беше импресионирана од древната уметност на оригамите. Тука таа објаснува како да го користите печатачот од серијата PIXMA TS8350 на Canon и открива практични совети за сечење хартија за да создадете инспиративни уметнички дела што ќе бидат идеални за разубавување на вашиот дом.
Креативен начин за разубавување на вашиот дом: дознајте повеќе за уметноста со сечење хартија
1. Смислете оригинална и креативна идеја
„Сакам да работам со хартија бидејќи нуди многу опции“ - вели Aimee. „Хартијата е природен производ, може да се користи за дводимензионална или тридимензионална уметност и не ви требаат специјални вештини за да почнете да работите со неа“.
Aimee започна да пребарува едноставни форми на интернет што ќе ги искористи како силуети. „Живеам покрај морето и обожувам да сум во природа, па затоа почнав да пребарувам слики од океанот и од шумите“ - објаснува таа.
„Процесот секогаш започнува со пронаоѓање инспирација. Вашите идеи стануваат уникатни кога ќе се задлабочите во процесот и кога ќе се разбуди вашата креативност. Тогаш се појавува магијата“.
2. Изберете шаблони за печатење
Aimee пронајде силуети од животни, луѓе, дрва и сончеви зраци на интернет, но може да пронајдете инспирација и во Creative Park.
Aimee ги распореди сликите на една страница со помош на апликацијата Easy-PhotoPrint Editor и ги отпечати со печатач од серијата PIXMA TS8350 на Canon. „Печатачот ми помогна многу бидејќи штом пронајдов силуети што ми се допаѓаат, можев веднаш да ги распоредам со апликацијата и да ги отпечатам. Отпечатените материјали ви овозможуваат полесно да отпочнете со проектот. Овој проект беше тежок на почетокот. Вообичаено работам со хартија во 3D, па затоа морав да размислувам малку поинаку во две димензии“.
3. Изберете соодветна хартија за вашето уметничко дело
За да создадете ремек-дело од хартија ќе ви треба подлога за сечење, скалпел, ножици и комбинација од хартии или картички.
„Хартијата треба да биде доволно дебела за да ја задржи својата форма по сечењето, да биде доволно цврста за да не се скине, но не треба да биде премногу дебела за да не го отежни сечењето“ - објаснува Aimee. „Користев мат фотохартија за да ги отпечатам силуетите бидејќи е доволно цврста за работа, но не е премногу тврда за сечење“.
4. Сечете ги формите внимателно
„Знаев дека сакам да направам неколку различни сцени што потоа ќе ги ставам во рамка“ - вели таа. „Користејќи ги рамките како водич за големина, почнав да ги организирам отсечените елементи во слоеви, да експериментирам со кадарот и да избирам комбинации на бои“.
За прецизно сечење ви треба трпение и вежбање, па затоа Aimee ве советува да започнете со лесни форми, особено ако претходно не сте користеле скалпел.
„Изработувам цветови направени од хартија, па затоа имам повеќеслојни ножици што се многу мали и остри - совршени за ваков проект. Започнав со отсекување на наједноставните форми, а користев и ножици и скалпел“ - вели таа.
„Придобивката од користење скалпел наместо ножици е дека може да ги искористите и отсечената форма и хартијата што ќе преостане, доколку сечете внимателно. Тоа го направив со сребрените брези и добив инспирација за потполно нова идеја - семејното дрво“ - вели таа.
5. Комплетирајте ги вашите дизајни
Искористувањето на преостанатата хартија од сечењето ѝ овозможи на Aimee да внесе нова димензија во дизајнот на нејзиното семејно дрво.
„Ставив тенок слој на бела и кафеава боја во центарот на основниот слој хартија, ја ставив хартијата што преостана од сечењето на дрвото врз основниот слој и потоа го додадов отсечениот елемент во форма на дрво. Во тој момент го замислував проектот како семејно дрво, па затоа отсеков неколку форми од имиња со рачно нацртани граници, за да го комплетирам делото“.
6. Вклучете го семејството во активноста
Aimee употреби интересни форми за нејзините дизајни што ги отсече прецизно со нејзиниот скалпел. Сепак, можно е да добиете подеднакво импресивни резултати ако користите помали форми и обични ножици, а тоа значи дека сечењето хартија може да биде одлична семејна активност.
„Сечењето форми помага во подобрување на координацијата помеѓу рацете и очите кај децата, а ги подобрува и моторните вештини - сè додека работат безбедно и под надзор, тоа е одлично за нив.
„Отсекогаш сум била креативна. Пораснав со мајка која сака уметност и татко кој може да изработи сè“ - вели таа. „Се чувствувам длабоко поврзана со себеси кога сум креативна. Креативноста на детето во мене е извонредна и ме исполнува“.
За повеќе инспирации за модели од хартија, следете нè на Pinterest. И не заборавајте да ги споделите вашите дела на социјалните медиуми со ознаката #MadeWithPIXMA.
Напишано од Lorna Dockerill
Слични производи
-
Серија PIXMA TS8350
Бидете креативни со различни медиуми и добијте побогати и поживописни отпечатени фотографии благодарение на технологијата FINE и 6-те посебни мастила.