ПЕЧАТЕЊЕ

Најдобрите печатачи за изработка на модели

Од диносауруси од хартија до деловни постери, Canon ќе ви понуди совршен печатач за вашите потреби за изработка на модели.
Жена сече шаблони од Creative Park додека седи на дрвена маса, на масата има печатач Canon PIXMA и неколку материјали за изработка на модели.

Независно дали сте експерт за изработка на модели кој ги импресионира своите потрошувачи со квалитетни производи, или сте ентузијаст кој се гордее со своите креативни авантури, соодветни алатки за работа може да имаат огромно значење. Печатачите станаа важен дел од процесот за изработка на модели и имаат моќ за да ги претворат обичните креации во вистински уметнички дела.

Соодветниот печатач може да внесе реалистичност во малите дизајни и да ви понуди нови димензии на креативност. Меѓутоа, сите печатачи не се подготвени да ги задоволат различните потреби за изработка на модели. Тука ќе разгледаме неколку од најдобрите печатачи од Canon за изработка на модели и ќе покажеме како нивната компатибилност со различни видови хартија може да помогне во подобрување на квалитетот на вашите креации.

Најдобар повеќенаменски печатач за изработка на модели

Печатач Canon PIXMA ставен на маса, во неговиот фах има отпечатен лист во разни бои.

Серијата Canon PIXMA TS9550 има мали димензии и може да печати врз хартија со A3-големина, па затоа е совршена за проекти за изработка на големи модели.

Ако работите на различни проекти за изработка на модели, или членовите на вашето семејство користат печатач за работа во домот или за други проекти, тогаш изберете печатач што ќе ги задоволи сите потреби и ќе ги усреќи сите - почнувајќи од децата кои работат на училишни проекти, па сè до возрасните кои продаваат свои дела на интернет.

Canon PIXMA TS7650i овозможува брзо и едноставно печатење, а опремен е со екран на допир во боја од 6,7 cm и Switch UI што може да се приспособи за различна намена. Печати црно-бели материјали со брзина од 15 слики/мин. (слики во минута) и материјали во боја со брзина од 10 слики/мин., благодарение на неговата долга глава за печатење што има повеќе млазници и оптимизирана големина на капки, а тоа резултира со помалку време на чекање и повеќе време за додавање на последните детали што предизвикуваат воодушевување.

PIXMA TS7650i поддржува Wi-Fi и може да се користи со голем број апликации од Canon за да понуди повеќе креативен потенцијал, а ќе можете и да скенирате директно кон паметен телефон или да копирате со допирање едно копче. Исто така, нуди и други придобивки бидејќи е компатибилен со PIXMA Print Plan1. Оваа услуга со претплата овозможува следење на нивоата на мастилата и достава на нови картриџи до вашиот дом веднаш штом ќе открие дека им преостанува малку мастило, што резултира со намалување на вашите стандардни трошоци за мастило до 50%2.

Ако барате уред со кој ќе можете и да изработувате модели и да ги задоволите потребите за домашната канцеларија, тогаш серијата Canon PIXMA TS9550 е одличен избор за вас. Иако има компактни димензии слични на A4-формат, неговиот заден фах за снабдување со хартија има капацитет од 50 листови A3-хартија за да печатите поголеми материјали без рабови, како постери за работа или креативни уметнички дела за изложба. Исто така, може да печатите врз картонски медиуми со димензии 12x12 cm, што е популарна големина за изработка на колажи. Има екран на допир за практично користење и може да печатите, скенирате и копирате од паметен уред со помош на апликацијата Canon PRINT.

Најдобри печатачи за проекти за модели од фотографии

Печатач Canon PIXMA ставен на дрвена маса, печати разнобојни листови хартија, а покрај него на масата има неколку дрвени боички.

Одликувајќи се со голема брзина на печатење до 13 црно бели слики во минута и 6,8 слики во боја во минута, серијата Canon PIXMA TS7450a го олеснува процесот за изработка на модели, за да можете да ги подготвувате потребните материјали за многу кратко време. Задниот фах за хартија има капацитет од максимум 20 листови фотохартија.

Печатачот Canon SELPHY CP1500 печати фотографија, а покрај него има неколку отпечатени семејни фотографии.

Canon SELPHY CP1500, што е компактен и достапен во различни бои што ќе одговараат на вашиот ентериер, е одличен избор за оние кои изработуваат модели и работат во помали простории. Може лесно да го преместувате, а доволно е мал и за да го чувате во фиока или орман кога не го користите.

За проектите за модели од фотографии треба да го земете предвид квалитетот за печатење, изборот на хартии и компатибилноста со креативни апликации што навистина можат да го подобрат начинот на кој работите. Изработката на модели со фотографии може да изгледа поуникатно, независно дали создавате живописен мултимедиумски колаж или користите техника за декупаж за да направите прекрасни подароци.

Canon PIXMA TS7650i има систем за мастила што користи мастило со црн пигмент што, заедно со богатите мастила базирани на боја, ќе им овозможи на корисниците да печатат висококвалитетни фотографии во домот. Системот за двонасочно снабдување со хартија поддржува голем избор на медиуми и печати фотографии со различни завршни обработки и големини, вклучувајќи ја и популарната квадратна фотохартија од 13x13 cm.

Малку поголемиот модел Canon PIXMA TS7750i има дополнителен автоматски механизам за снабдување со документи за 35 листови. Освен со апликацијата Canon PRINT, печатачите PIXMA TS7650i и PIXMA TS7750i се компатибилни со Easy-PhotoPrint Editor од Canon, што нуди алатки за создавање најразлични распореди што може да ги испратите директно за печатење.

Нудејќи комбинација од квалитет, разновидни опции и стил, серијата Canon PIXMA TS7450a е практичен сè-во-едно печатач што нуди многу опции за безжично печатење, скенирање и копирање, а опремен е и со OLED-екран што е практичен за користење. Технологијата за печатење FINE создава висококвалитетни резултати во секоја прилика и поддржува различни видови хартија, вклучувајќи сјајна и мат фотохартија во различни големини, како и форматот од 10x15 cm без рабови.

SELPHY CP1500 е покомпактен модел со модерни завршни обработки во боја што можат да се вклопат во секој ентериер и е идеален за печатење фотографии врз различни медиуми. Технологијата за брзо сушење овозможува отпечатените материјали да бидат подготвени за користење штом излезат од печатачот, а може да печатите и со помали димензии, почнувајќи од големина за поштенски картички од 10x14,8 cm па сè до мини налепници (22x17,3 mm).

Компатибилната апликација SELPHY Photo Layout ви овозможува и да уредувате и печатите директно од различни уреди преку Wi-Fi.

Canon Photo Cube е одлична опција за изложување на вашите фотографии и не само што нуди паметен начин за складирање фотографии и квадратни отпечатени материјали, туку може и да ги претвори во прекрасен семеен фотоалбум. Верзиите на Photo Cube се испорачуваат со изборни картриџи со мастило (проверете ја компатибилноста со вашиот печатач пред купувањето) и 40 листови квадратна фотохартија Plus Glossy II.

Најдобри печатачи за проекти за модели од хартија

Печатач Canon PIXMA на дрвена комода. Дланка отстранува отпечатени дизајни за боење од фахот.

Canon PIXMA TS7650i има мастило со црн пигмент што нуди ист висок квалитет и издржливост како канцелариските печатачи. Неговата долга глава за печатење овозможува брзо печатење со мали почетни трошоци, за да можете веднаш да започнете да работите на вашиот проект за изработка на модели, знаејќи дека резултатите не само што ќе изгледаат одлично, туку и ќе имаат достапна цена.

Оние кои сакаат неограничени можности за изработка на модели од хартија, мора да имаат печатач со добри опции за поврзување, пристап до креативни апликации, компатибилност со различни медиуми и голема брзина на печатење.

Печатачите Canon PIXMA TS7650i и PIXMA TS7750i и серијата Canon PIXMA TS9550 нудат автоматско двострано печатење, што е идеална опција за изложување на двете страни од хартијата - на пример, закачување украси и диорами.

Нивните опции за поврзување преку Wi-Fi и бесплатните апликации од Canon, вклучувајќи ја и Creative Park, ви нудат илјадници шаблони за приспособување и печатење со допирање едно копче. Слично како Canon PIXMA TS7650i, така и серијата PIXMA TS9550 нуди брзина на печатење од 15 слики/мин. за црно-бели материјали и 10 слики/мин. за материјали во боја, за да можете веднаш да започнете со изработката на модели.

Освен тоа, серијата PIXMA TS9550 има 45 вградени шаблони за да понуди уште повеќе креативни опции и поддржува хартии до 300 gsm (грама на квадратен метар) - тоа е идеално за поцврсти модели, како поголеми модели и честитки.

Најдобар софтвер за проекти за изработка на модели

Рака држи паметен телефон, на екранот има шаблон од ветерница од Canon Creative Park. Во заднина, печатач Canon PIXMA стои на биро.

Од играчки изработени од хартија и модели, па сè до знаменца и слики за на торти за прослави, апликацијата Canon Creative Park нуди голем избор на шаблони што ќе ве инспирираат за следниот проект за изработка на модели. Зошто не го разгледате веб-сајтот преку вашиот лаптоп или преку апликацијата на вашиот паметен телефон, за да го пронајдете вашиот следен уметнички проект, а потоа испратете го кон вашиот печатач од Canon и веднаш започнете да го составувате.

Компјутерски екран го прикажува софтверот Canon PosterArtist, со голем број шаблони за постери што може да ги изберете.

Ако го користите вашиот печатач од Canon и во вашата домашна канцеларија и за вашите потреби за изработка на модели, тогаш Canon PosterArtist ќе ви помогне да ги обедините работните обврски со тоа што ќе ви понуди огромен креативен потенцијал за дизајнирање и печатење сопствени постери, летоци и други промотивни материјали во домот.

Canon нуди многу бесплатни софтвери за да го зголеми опсегот на проекти за изработка на модели што ќе можете да ги направите, а ќе ја поттикне и вашата креативност во текот на процесот. Независно дали станува збор за едноставна активност на релаксирана вечер, семеен проект во текот на викендот или дизајн со професионален изглед, ние нудиме нешто што може да ја разгори секоја креативна искра.

Нудејќи непречено поврзување на вашите паметни уреди со печатачот, апликацијата Canon PRINT е неопходна алатка за печатење, копирање и скенирање без напор, а овозможува и проверка на статусот на вашиот печатач и сите потреби за одржување. Таа го олеснува процесот и е компатибилна со многу видови на датотеки. Ќе можете дури и да пристапувате и печатите фотографии директно од вашите социјални медиуми или простор за складирање на Cloud. Функцијата за снимање и копирање преку паметен телефон ќе ви овозможи да го користите паметниот телефон како скенер, што е одлично за скенирање на уметничките дела на децата што потоа ќе ги зачувате или отпечатите, а притоа ќе ги коригирате и изобличувањата.

Изработувачите на модели ќе добијат огромен избор на ресурси со кои ќе можат да создаваат секакви модели, почнувајќи од украси па сè до релјефни картички и играчки, со помош на софтверот Canon Creative Park за кој е можна бесплатна регистрација. Некои шаблони се едноставни и за нив не се потребни ножици, што е идеално за мали деца, а другите шаблони се понапредни и наменети за искусни изработувачи на модели кои сакаат предизвици.

Canon PosterArtist е практична алатка за внесување реалистичност во постери, реклами и други дизајни, наменета за оние кои сакаат да ги искористат своите вештини за да создаваат промотивни материјали. Независно дали станува збор за реклама за вашата компанија, летоци за училишна претстава или менија за некој настан, софтверот ќе ви понуди пристап до автоматски генерирани дизајни, шаблони и милиони бесплатни фотографии што ќе ги збогатат вашите креации со професионален изглед. Софтверот е компатибилен со многу печатачи од Canon, вклучувајќи ги и сериите imagePROGRAF, PIXMA, MAXIFY и i-SENSYS.

Исто така, Canon нуди опции што се специјално наменети за фотографии. Canon Easy-PhotoPrint Editor е компатибилен со печатачите PIXMA и MAXIFY и ви овозможува да создавате дизајни за колажи, календари, украсна хартија и многу повеќе. Може да додавате и балончиња за говор, симболи, текст и рамки во вашите фотографии.

За компатибилните печатачи Canon SELPHY, апликацијата SELPHY Photo Layout нуди совети за распоред и дизајн и ви овозможува да додавате филтери, рабови и QR-кодови4. Ви овозможува да додавате приспособени фотографии, налепници и бележници директно од апликација за мобилни уреди - треба само да го скенирате QR-кодот на вашиот печатач за моментално поврзување преку Wi-Fi.

Благодарение на многуте начини за креативна работа, изработувачите на модели ќе зачекорат во потполно нов свет со печатачите и креативните апликации од Canon. Независно дали сте на почетокот од вашата авантура за изработка на модели и барате инспирација за брзо да создадете едноставни дизајни, сакате да ги инспирирате децата со интерактивни проекти или сте експерт за изработка на модели кој бара нови начини за олеснување на процесот, сега е времето да започнете со работа.



Напишано од Kat Halstead

  1. Услугата PIXMA Print Plan е достапна само за жителите на Австрија, Белгија, Данска, Финска, Франција, Германија, Италија, Норвешка, Холандија, Шпанија, Шведска, Швајцарија, Република Ирска и Обединетото Кралство.
  2. Врз основа на заштедата на просечниот трошок по страница во споредба со оригиналните стандардни мастила што се продаваат за најдобрите 20 сè-во-едно инк-џет печатачи во Западна Европа, (студија на Key Point Intelligence - јануари 2022 година). Трошок по страница (CPP) со месечна претплата на Canon PIXMA Print Plan (пакет од 200 страници), без дополнителни страници, во споредба со трошокот по страница за печатење со стандардот ISO/IEC 24711 со најдобрите 20 сè-во-едно инк-џет печатачи со картриџ со бои, со цена под 200 евра во Западна Европа, користејќи картриџи со стандарден капацитет. Просечниот CPP што се користи за да се одреди процентуалната заштеда во споредба со CPP за Canon PIXMA Print Plan (пакет од 200 страници). Потрошувачката на мастило и цените се засноваат на информациите од веб-сајтот на производителот во Германија. Продажните цени на мастилото не се земени предвид за оваа студија. Студија на Keypoint Intelligence од јануари 2022 година нарачана од Canon, врз основа на јавно достапни информации од јануари 2022 година. Печатачите се избрани според продажбата на уреди во IDC Quarterly Hardcopy Peripherals Tracker - Final Historical 2021Q4, Западна Европа.
  3. Брзината за печатење на фотографии се заснова на зададените поставки со употреба на ISO/JIS-SCID N2 на фотохартија Plus Glossy II и не го зема предвид времето за обработка на податоците на компјутерот.
  4. Погледнете ги сите достапни функции на страницата за конкретниот модел на производот.

Слични производи

  • PIXMA TS7750i

    Печатачи за во домот

    PIXMA TS7750i

    Брз, висококвалитетен печатач што беспрекорно се вклопува во вашиот дом благодарение на неговата компактна големина и едноставното користење.
  • PIXMA TS7650i

    Печатачи за во домот

    PIXMA TS7650i

    Брз, висококвалитетен печатач што беспрекорно се вклопува во вашиот дом благодарение на неговата компактна големина и едноставното користење.
  • Печатачи за во домот

    Серија PIXMA TS9550

    Откријте на кој начин безжичното поврзување, ADF механизмот за 20 листови и можноста за A3 одговараат на вашите деловни потреби.
  • Печатачи за во домот

    PIXMA TS7450a Series

    Стилски сè-во-еден уред за љубителите на модерна технологија со многубројни креативни опции за печатење, како и технологија ADF за полесно копирање и скенирање врз различни видови хартија.
  • Печатачи за во домот

    SELPHY CP1500

    Печатете материјали со извонредни бои и голема издржливост за само неколку секунди со овој практичен и компактен печатач за фотографии.
  • Инк-џет печатачи

    Matte Photo Paper MP-101

    Мат фотохартијата овозможува печатење на висококвалитетни фотографии, графика и текст со мат завршна обработка. Исто така, може да се користи за покреативна намена, како на пр., за честитки, изложби и модели од хартија.

Слични статии