Независно дали станува збор за роденденска забава, празничен оброк или продолжена семејна дружба, сите сакаат да ја украсат својата маса за да ги импресионираат гостите. Правењето сопствени украси за на маса не само што е поевтин начин на организирање вечера за гости, туку е подобро и за животната средина бидејќи по настанот може да ги рециклирате хартиените украси - или да ги зачувате за некој настан во иднина.
Canon ја предизвика професионалната стилистка Dani Tucker од The Social Kitchen да направи „аранжман на маса“ со медиум каков што не користела досега - хартија. „Аранжман за маса е процес во кој правите масата да изгледа апсолутно прекрасно“ - објаснува Dani, „но тоа не мора да биде многу скап процес. Јас мислам дека тоа е процес во кој треба да бидете креативни со украсувањето на масата и во кој треба да внесете малку карактер“.
Погледнете како Dani ја заврши задачата и дознајте одлични совети за изработка на сопствени украси од хартија за маса.