КРЕАТИВНО ПЕЧАТЕЊЕ

Биофилни декорации: дозволете ѝ на природата да внесе живот во вашиот дом

Откријте како комбинацијата на природата и дизајнот со печатачите и апликациите од Canon може да создаде смирувачки простори во вашиот дом.
Дело за на ѕид направено од форми на тропски лисја исечени од разнобојна розова и зелена хартија и отпечатени материјали во тропски бои.

Не е тајна дека престојот во природа го подобрува нашето расположение, така што ако природата ја пренесеме во домот преку користење природно осветлување, органски бои, миризливи простори и домашни растенија, ефектот може да биде многу смирувачки. Не мора да имате поглед кон шума или дрвени штици насекаде за да го постигнете овој дизајнерски тренд. Кога креативно ги користите вашите ѕидови, биофилниот дизајн, кој ја истакнува врската со природното опкружување, може да опфати многу форми, од дела закачени на ѕид до рамки за фотографии, а може да биде и интересен начин да ја поставите сцената за релаксиран простор во домот.

Внатрешниот дизајнер Jasmin Robertson живее во куќа во едвардијански стил во Hove, Англија и споделува кратки записи од реновирања и ентериери на TikTok и Instagram. „Го обожавам концептот на биофилниот дизајн и во нашиот дом применуваме многу од неговите принципи,“ вели таа. „Преку создавање повеќе можности за поврзување со природата, нашиот дом нѐ смирува и ни ја обновува енергијата. Посреќна сум што живеам овде од кога било досега.“

Мултиталентираната Emma Jewell, @EmmaJewellCrafts на Instagram, исто така е обожавател на изработката на хартиени модели за забава и разведрување на домовите.

Сега е одличен момент да започнете да создавате ваши креации, за што ви е потребен само печатач од Canon и дизајн инспириран од природата. Ги прашавме Jasmin и Emma кои се нивните најдобри совети за изработка на едноставни биофилни декорации.

1. Пронаоѓајте инспирација секаде околу вас

Фотографија во хоризонтален распоред од печатач SELPHY Square QX10 од Canon, опкружен со цвеќиња, конци јута, мали патенти за прицврстување, куки и мали отпечатени фотографии од зеленило.

„Навистина ми се допаѓа што можам едноставно да печатам фотографии од телефонот и да ги изложувам низ домот,“ вели внатрешниот дизајнер Jasmin Robertson. „Албумот на мојот фотоапарат е навистина полн, така што моите омилени фотографии почнуваа да се губат и да не го добиваат заслуженото внимание.“ © Jasmin Robertson

Гранка закачена на ѕид врз црн камин. Од неа висат неколку конци јута на кои се прикачени мали отпечатени фотографии.

„Навистина сум задоволна од конечниот резултат и можам да видам дека ќе остане како траен украс во собата на мојата ќерка,“ вели Jasmin за овој природен украс за на ѕид што го привлекува вниманието. „Ќе биде и многу лесно да се заменуваат фотографиите со нови за да може да држиме чекор со годишните времиња.“ © Jasmin Robertson

Pinterest нуди бесконечна понуда на идеи за биофилен дизајн за секаков вид домови, соби и простори - од дрва во внатрешноста на згради до ѕидови со раскошно зеленило. Можно е и да ги комбинирате отпечатените материјали и зеленилото за да ги создадете вашите креации, како што направила Jasmin за спалната соба на нејзината ќерка.

„Со помош на SELPHY Square QX10 од Canon, создадов декорација составена од фотографии од пролетни сцени што може да се закачи на ѕидот над каминот,“ објаснува таа. „Фотографиите висат од гранка на конци од јута. Едноставно е, но многу ефективно. Лесно е за правење и е многу евтино.“

Jasmin пронашла инспирација во локалниот парк: „по една бура, го прошетав кучето во еден од нашите омилени локални паркови, при што си зададов задача да пронајдам гранка со соодветна големина што ќе може да ја закачам. Имаше голем избор, така што не ми требаше многу време. Додека бев таму, фотографирав неколку пролетни цвеќиња и бујно зеленило. Дури успеав и да го фотографирам моето куче како помирисува нарцис.“

2. Користете ги алатките за дизајнирање како што е Creative Park

Печатач од Canon печати лист хартија со шара од лисја. До печатачот има уште еден разнобоен отпечатен лист, како и неколку рачно исечени лисја.

„Забавувајте се со создавањето апстрактни уметнички дела и започнете така што ќе отпечатите неколку листови со разни шаблони,“ вели мултиталентираната Emma Jewell, која користи Creative Park од Canon - бесплатен онлајн ресурс преполн со извори на инспирација - за нејзините дела за на ѕид изработени од листови. „Изберете комбинација на шаблони и бои и користете ножици за да отсечете природни форми од хартиите.“ © Emma Jewell

Дело за на ѕид направено од форми на тропски лисја исечени од разнобојна розова и зелена хартија и отпечатени материјали во тропски бои.

„Откако ќе го финализирате аранжманот, почнете да ги лепите парчињата на конецот,“ вели Emma. „Потоа закачете го вашето прекрасно уметничко дело за да го видат сите.“ © Emma Jewell

Изработувањето модели е одлична активност да поминете пријатни мигови со пријателите и семејството. Ако ви е потребно насочување, во Canon Creative Park може да најдете огромен број шаблони за модели од хартија, меѓу кои и украсни растенија за закачување, бујни саксии, ѕидни букети од диви цвеќиња и убави венци. Без разлика дали сте врвен изработувач на модели што сака да изработи софистицирани цветни декорации за маси, полици и прозорски штици или сте целосен почетник кој сака да проба едноставен дизајн инспириран од природата, на располагање ви се стотици избори на веб-страницата и во апликацијата Canon Creative Park.

Emma, која е опседната со бои и обожава проекти со изработка на модели, вели: „обожавам да ја користам Creative Park за да барам листови со шаблони и елементи што може да ги отпечатам и да ги користам во проектите. Многу лесно може да се најдат извонредни листови со шаблони што одлично се вклопуваат и да се изработи декор што одговара на годишното време без да се трошат пари на нови материјали.“

Откако ќе ги изберете шаблоните - во случајот на Emma тоа беа два тропски дизајни, од кои еден со макао со зелени крила, а другиот со растение monstera - ќе ви треба добар печатач. Emma ја користи безжичната серија Canon PIXMA TS6350a - печатач со разновидни опции што е идеален за разни задачи, од работни документи до семејни проекти.

„Лесно е да ја создадете оваа извонредна заднина за фотографирање. Отпечатете дел од хартијата со тропски шаблони, а потоа исечете ја хартијата во форми на тропски лисја. Измешајте ги тропските лисја и со картонски лисја со обична боја. Потоа залепете ги лисјата на конец со помош на пиштол за лепак. Откако ќе бидете задоволни од изработеното, закачете го конецот за да ја создадете заднината.

„Мојот печатач од серијата Canon PIXMA TS6350a навистина го олеснува печатењето квалитетни отпечатени материјали за проектите со изработка на модели“, продолжува Emma. „Мат фотохартијата од Canon е неверојатно разновидна и од неа многу лесно може да се изработуваат модели.“

3. Украсете ги вашите уметнички дела за уште поголем впечаток

Жена во жолт фустан се наведнува врз маса и врзува парчиња јута околу гранка.

„Изработувањето е убаво за душата и на сите би ни било подобро ако посветиме повеќе време во креативни потфати,“ вели Jasmin. „Претставува огромно задоволство да создадете нешто што изгледа добро и може да се изложи, тоа додава карактер и индивидуалност и создава нешто за што ќе може да разговарате во домот.“ © Jasmin Robertson

Жена закачува отпечатени фотографии од зеленило на конци од јута заврзани за гранка, а до неа има печатач SELPHY Square QX10 од Canon.

„Уживам да декорирам со бои и имам навистина живописен дом,“ вели Jasmin. „Зелената дефинитивно ми е омилена боја и се појавува во повеќето соби во некоја своја варијанта.“ © Jasmin Robertson

Jasmin го користеше преносливиот SELPHY Square QX10 од Canon за да печати живописни квадратни материјали директно од нејзиниот паметен телефон. „Ги вклучив фотографиите што ги направив во паркот, неколку фотографии од мојата ќерка додека ја истражува природата и неколку снимки од прекрасните цвеќиња во градината на баба ми. Бидејќи веднаш се сушат, можев рамномерно да ги закачам за четири должини јута конец долж гранката со помош на мали дрвени патенти,“ објаснува таа.

Следните чекори биле додавање дополнителни искри и органска текстура на рачно изработениот украс инспириран од природата. „Завиткав низа украсни LED-светилки околу гранката и ја залепив батеријата на едната страна, а потоа ја покрив со гранче еукалиптус врзан со конец јута,“ вели Jasmin. „Користев кукички од месинг и проѕирен рибарски конец за да ја закачам гранката од покривот над каминот во собата на ќерка ми. Тоа е прекрасен додаток на нејзиниот простор и таа навистина го обожава.“

4. Внимателно размислете каде ќе ги поставите вашите креации

Гранка од која висат мали отпечатени фотографии, поставена над биро со компјутер, тетратка, свеќа и вазна со нарциси.

„Закачив и декорација на ѕидот зад бирото во нашата домашна канцеларија,“ вели Jasmin. „Просторијата е свртена кон север, така што во зима е прилично мрачна, но пролетните фотографии навистина го разведрија обичниот ѕид и внесоа боја во просторот. Кога ги гледам светлите бои, се исполнувам со оптимизам и со нетрпение ги очекувам долгите и посветли денови што претстојат.“ © Jasmin Robertson

Снимка одблиску од неколку конци јута на кои се прикачени мали отпечатени фотографии и се закачени на бел ѕид.

„Има нешто носталгично кај отпечатените фотографии,“ вели Jasmin. „Јас сум им голем обожавател.“ © Jasmin Robertson

„Просторите во кои живееме имаат толку големо влијание врз нашето расположение и добросостојба, што мислам дека е важно да дизајнираме ентериери што не поддржуваат и потхрануваат,“ вели Jasmin. „Многу ми се допаѓа тоа што внатрешниот дизајн може да ги поттикне чувствата. Некому тоа може да му се чини неважно, но со оглед на времето што го минуваме на затворено, влијанието на дизајнот не треба да се потцени.“

Имајќи го ова во предвид, размислете каде е најдобро да ја поставите вашата креација, бидејќи таа ќе стане интересно уметничко парче во вашата соба. Jasmin советува: „може да закачите ваква декорација каде што сакате и ќе создадете точка на внимание и интерес. Особено добро функционира ако ја поставите над парче мебел, но подеднакво добро може да функционира ако со неа збогатите и обичен ѕид. Може да ја закачите на куки од таванот или да ја закачите на шина за фотографии. Ако ја закачувате од таванот, прицврстете ги куките на приближно два инчи од ѕидот.“

Природната тема може да се долови и преку похрабри декоративни избори, вели Jasmin, која мисли дека плочките за бањи со отпечатени лисја или ботанички мотиви може да го засилат впечатокот, а истото може да го сторат и муралите во спалните соби.

5. Мирниот дом значи мирен ум

Снимка одблиску од биро на кое има компјутерски монитор, тастатура, вазна со нарциси и печатач SELPHY Square QX10 од Canon.

Уметничките дела инспирирани од природата навистина може да го подобрат вашето расположение. За поголема добросостојба, може да поставите многу растенија и цвеќиња - вистински и вештачки - во близина на вашиот дизајн, како и меко осветлување. „За мене, нема поубаво чувство од трансформирањето на просторот во нешто прекрасно,“ вели Jasmin. © Jasmin Robertson

Апстрактно уметничко дело со пастелни бои закачено на бел ѕид. Под него има саксија и сиво перниче.

Една од креациите на Emma е и ова апстрактно уметничко дело со пастелни бои, кое го создала од големо парче бел картон, мат фотохартија од Canon, лепак и ножици. © Emma Jewell

Ако мирот е важен за просторот во кој живеете, осветлувањето нека ви биде меко, а инспирација може да најдете во природата. „За да создадете мирно чувство дома, декорирајте со придушени земјени бои, природни материјали и многу растенија,“ препорачува Jasmin. „Обожавам да користам растенија како декор во домот. Не само што изгледаат добро, туку и го подобруваат расположението така што ни нудат поврзаност со природата, а и го прочистуваат воздухот во затворени простории.

„Истражувањата покажале дека луѓето се чувствуваат посмирено дури и ако само погледнат слика на која е прикажана природа,“ продолжува Jasmin. „Вештачките растенија исто така може да го подобрат расположението, што е добра вест за сите оние што не се снаоѓаат најдобро со градинарството.

„Создајте слоеви на осветлување - ламби за на маса и за на под, како и ѕидни и висечки светилки, а погрижете се сите да може да се затемнуваат,“ завршува таа. „Ако реновирате, размислете за поставување поголеми прозорци и таванско осветлување за да внесете колку што е можно повеќе природна светлина и вентилација. Запалете свеќа од миризливо масло и пуштете музика за опуштање. Имајте ги предвид сите ваши сетила, не само она што го гледате.“


Напишано од Lorna Dockerill

Слични производи

  • Печатачи за во домот

    SELPHY SQUARE QX10

    Чувајте ги вашите специјални спомени како прекрасни отпечатени материјали што може безжично да ги отпечатите каде и да сте.
  • Инк-џет печатачи

    Matte Photo Paper MP-101

    Мат фотохартијата овозможува печатење на висококвалитетни фотографии, графика и текст со мат завршна обработка. Исто така, може да се користи за покреативна намена, како на пр., за честитки, изложби и модели од хартија.

Слични статии