Проектите од хартија на Creative Park се едноставни за изработка и нема потреба да користите посебни алатки. Ви требаат само ножици, лепак, простор за работа и вредни, креативни рачиња.
Истражувањето на животинското царство може да понуди бескрајни можности за игра за најмладите, така што е совршена комбинација на уживањето и образованието. Ако барате активност што ќе ја поттикне вашата креативност и ќе им помогне на вашите деца да ги научат најслатките и најмоќните суштества на светот, зошто да не се обидете со изработка на хартиени модели?
Canon Creative Park е бесплатен онлајн ресурс што е полн со проекти за модели од хартија инспирирани од животните и соодветни за забавен ден со семејството во домот. Сè што ви е потребно за да го создадете вашето сопствено сафари е печатач и нетрпеливи изработувачи. Од гепарди и коали до црвени панди и кралски пингвини, постои широк избор на животни од целиот свет и многу можности за забава додека целото семејство учи повеќе за природата.
Блогерката Fariba Soetan живее во Лондон со сопругот и трите деца. Овде таа раскажува како нејзиното семејство ги користело Creative Park и печатачот од серијата Canon PIXMA TS8350 за да приреди многу забавна авантура со животни.