КРЕАТИВНО ПЕЧАТЕЊЕ

Создадете спална соба со мотиви од диносауруси со хартиени украси што може да се рециклираат

Украсувањето на домот не е само за возрасни. Со Creative Park од Canon, целото семејство може да се вклучи во преуредувањето на детска соба на праисториски и достапен начин што може да се рециклира.
Различни шаблони од диносауруси отпечатени од Creative Park од Canon стојат на маса, се гледа рака која посегнува по нив за да земе еден.

Децата, исто како и возрасните, обожуваат да ја изразат својата креативност и личност во своето опкружување. Кога сте млади, вашата спална соба претставува повеќе од просторија во која заспивате на крајот на долг ден. Таму пишувате домашно, таму си играте, таму преспиваат вашите пријатели – тоа е ваш личен мал универзум. Дали има подобар начин да го направите тој простор навистина ваш отколку да изработите нешто што го сакате? Поради Creative Park од Canon, печатач PIXMA, хартија и ножици, никогаш не било поедноставно.

Изберете тема

Возрасен човек и дете изработуваат хартиени модели од диносауруси преземени од веб-сајтот на Creative Park од Canon, отпечатени со печатач PIXMA од Canon.

Таткото Chee и постариот син Okkie уживаа во сечењето на диносаурусите. „Уживавме како семејство, а големиот избор од диносауруси се движеше од доволно едноставни за Elon да може да се справи со нив, сè до многу тешки кои ни го задржаа вниманието“ - вели Chee.

Има многу начини за приспособување на украсите за детска спална соба – како што се завеси или постелнини со текстура и насликани мурали или врамени отпечатени материјали. Но, понекогаш е тешко да останете во чекор со интересите на децата, кои постојано се менуваат. Во еден миг се заинтересирани за вселената и астронаути, во друг за пирати и потоа, пред да трепнете, за диносауруси. Пребојувањето и купувањето нови постелнини или уметнички дела може да е скапо, но, сега можете да ја преуредите собата на вашето дете на праисториски и подостапен начин.

Зошто да не пробате хартиени украси? Кога интересите на вашето дете ќе се сменат, едноставно можете да ги рециклирате украсите и да направите уште. На веб-сајтот и апликацијата Creative Park од Canon има илјадници бесплатни шаблони, вклучувајќи и секакви идеи за хартиени модели наменети за деца, но надежните палеонтолози ќе бидат особено возбудени кога ќе ги видат достапните дизајни од диносауруси. Изберете маска за цела глава, како на птеранодон или трицератопс, или хартиен модел од апатосаурус. А ако вашите деца сакаат да ја изработат совршената релјефна картичка како подарок за роденден на нивен пријател, зошто да не создадете картичка со тирекс? Chee-Chiu Lee и неговите синови Elon (7) и Okkie (11) испробаа неколку дизајни од веб-сајтот.

Подгответе се да создадете ѕидна уметност со диносауруси

Хартиен шаблон од диносаурус излегува од печатач PIXMA од Canon, а до него стои целосен модел од тирекс покрај саксии со цвеќиња што се наоѓаат од страна.

Печатачот од серијата PIXMA TS5350a од Canon е идеален за изработување модели од хартија, како и за создавање ознаки, а исто така ви овозможува да печатите директно од вашиот паметен телефон.

Дете користи ножици за да исече шаблон од диносаурус преземен од Creative Park од Canon, отпечатен со печатач PIXMA од Canon.

Изработувањето модели носи вистинско задоволство, а со тоа што ќе им покажете на вашите деца од најмала возраст како да изработат нешто самите, можеби им пренесувате независност и отпорност која ќе им служи понатаму во животот.

Една од најголемите предности на изработувањето хартиени модели од диносауруси е тоа што не ви е потребна нова или комплицирана опрема. Проверете ги упатствата за секој шаблон – за некои може да се потребни дополнителни материјали, како што се конци, ластици, лепило или боички – но, општо, ќе ви бидат потребни:

  • Печатач PIXMA од Canon, како што е серијата PIXMA TS5350a.
  • Апликацијата Creative Park (или веб-сајтот) од Canon.
  • Се препорачува мат фотохартија од Canon, особено за посветли дизајни со повеќе детали, но, каква било хартија за печатење во A4-формат е соодветна за поедноставни дизајни.
  • Ножици – безбедносни ножици се најсоодветни за помладите изработувачи на модели.

Изберете украси во форма на диносауруси

Дете користи кафеав молив за да обои цртеж од диносауруси.

Шаблони од диносауруси наменети за боење се исто така достапни на Creative Park, коишто можат да претставуваат одличен начин за одржување на креативноста на децата, додека возрасните ги преземаат посложените дејства поврзани со градење и монтирање. Седумгодишниот Elon ужива во разубавувањето на отпечатен диносаурус.

Раце на возрасен човек изработуваат хартиен модел од диносаурус од Creative Park од Canon отпечатен на печатач PIXMA од Canon, а зад него има пакување од фотохартија од Canon.

Дали знаевте дека фосили од диносауруси биле пронајдени на сите седум континенти? А дали знаевте дека мозокот на стегосаурус наводно бил мал колку орев? Создавање украси во форма на диносауруси за спалната соба ви овозможува да споделувате вакви забавни факти со вашите деца.

Штом ги соберете потребните алатки, време е да изберете дизајни од Creative Park од Canon, да ги преземете шаблоните и да ги отпечатите со печатач PIXMA. Има огромен избор од дизајни – почнувајќи од сладок автомобил од хартија којшто ќе им се допадне на помалите деца, па сè до постери на кои е прикажан тирекс со оголени големи и страшни заби што многу ќе им се допаѓаат на постарите деца кои се љубители на крволочните ѕверови. На единаесетгодишниот Okkie, изработката на модели му беше особено интересна – „особено начинот на кој хартиените рабови работат заедно за да создадат магија во 3D!“ - додава Chee.

Разговарањето за тоа што да се одбере е одличен начин да започнете разговор со вашите деца за различни видови диносауруси, за тоа кои им се допаѓаат и зошто. Ќе се изненадите од тоа колку можете да научите од нив!

Поради оваа активност, децата можат на креативен начин да размислуваат за боите. Можеби би сакале да изберат своја комбинација на бои или да ги збогатат боите кои веќе ги имаат на ѕидовите и завесите. Можете да ја искористите оваа прилика за да разговарате за тркалото во боја и дека спротивните бои, како на пример сина и портокалова, изгледаат добро заедно. Иако сме склони кон тоа да размислуваме дека диносаурусите биле обоени со одредени бои, научниците не знаат точно која боја биле. Creative Park нуди нацрти од слики кои децата можат да ги обојат и да ја ослободат својата креативност. Кој би го одбил можното постоење на светкав диносаурус во сите бои на виножитото?

Ако вашите деца не одбиваат можност за автопортрет, можете да отпечатите комплет фото-реквизити од периодот Јура, да ги натерате да позираат и да создадете свои разиграни праисториски портрети коишто можат да ги изложат на ѕидовите или на табла со белешки.

Фотографија одозгора од фотоапарат од Canon што стои врз печатач Canon PIXMA, а во заднина има колаж со фотографии.

CANON CLUB

Ексклузивна заедница за креатори како вас. Следете ја својата страст со поддршка, инспирација, придобивки и многу повеќе. Лесно е да се придружите. Купете производ. Регистрирајте се. Придружете му се на Canon Club.

Целото семејство може заедно да изработува модели

Раце на возрасен изработуваат глава на тирекс, покрај детски раце кои сечат едноставен оригами диносаурус.

Creative Park од Canon нуди избор од едноставни дизајни од оригами диносауруси што се идеални за помали деца, бидејќи не е потребно лепење или внимателно сечење. Ова им дава слобода на возрасните да работат на понапредните структури, како што е оваа глава на тирекс, покрај нивните деца.

Возрасен човек прикачува хартиено ноќно светло во форма на тирекс на бел ѕид од спална соба.

На Creative Park од Canon е достапен голем избор од посложени дизајни кои го носат изработувањето диносауруси чекор подалеку за да создадат собни украси што влеваат инспирација. Оваа глава на тирекс може да се монтира на ѕидот за да создаде ноќно светло што се напојува преку батерии. „На Elon многу му се допаѓа главата на диносаурусот во неговата соба бидејќи во неа има светилка“ - вели Chee. „Им ја покажува на сите пријателчиња кога доаѓаат во посета“.

Секој шаблон доаѓа со упатства коишто ве водат чекор по чекор и можете да ги отпечатите и да ги гледате како што напредувате, со оценка со ѕвездички за да го прикаже нивото на тежина, како и информации за приближното време потребно за изработување. Некои дизајни се полесни за склопување од други, што значи дека има нешто за секого – почнувајќи од деца кои само што тргнале во училиште, до деца на предтинејџерска возраст, па сè до баби и дедовци. „Нешто во врска со избирањето и печатењето на диносаурусите ги натера момчињата да се чувствуваат дека изработуваат нешто од почеток“ - вели Chee.

Дозволете им на вашите деца независно да се справат со поедноставните шаблони, како што е слаткиот оригами трицератопс или лесен мини-диносаурус, а вие можете да им помогнете со потешките, како што е 3D-стегосаурусот. Лесно е да приспособите различни дизајни на нивото на вештина на вашите деца. "Okkie беше доволно умешен за некои комплицирани шаблони и за да спои сè" - вели Chee.

Некои од моделите, како што се подвижната хартиена кукла од тираносаурус и стегосаурусот со напојување од ластици, имаат подвижни делови кои вмешуваат инженерство и физика во образовниот процес.

Украсете ја собата и споделете ги вашите креации

Раце закачуваат цртеж во боја на кој се прикажани два диносауруси за ѕидот пред кој има маса на која стојат различни изработени шаблони од диносауруси од Creative Park од Canon.

Изработувањето на хартиени модели од диносауруси е прилика за започнување интересни разговори на теми поврзани со историја, наука и климатски промени — одличен начин за надополнување на знаењето стекнато во училиште.

Изработен шаблон од диносаурус од Creative Park од Canon стои во саксија со растение, околу која има други растенија.

Наоѓањето играчки и украси без пластика може да е тешко. Овие хартиени дизајни од диносауруси ви овозможуваат да преобразите некоја соба без да се грижите за влијанието врз животната средина, како и да ги рециклирате доколку се скинат при играње. Би можеле и да ги ставите во домашните растенија за на вашите хартиени тревојадци да им пружите живеалиште во кое ќе се чувствуваат како дома.

Прашајте ги вашите деца како замислуваат да ги изложат своите хартиени модели од диносауруси во најдобро светло. Можеби би сакале да создадат ѕидна галерија од интересни отпечатени диносауруси? Заедно би можеле да испланирате каде секој од нив би изгледал најдобро. Можеби направиле многу модели од диносауруси или создале своја мини-диорама од диносауруси. Тие изгледаат фантастично наредени на полица, на биро, или на комода, за децата да можат лесно да ги грабнат кога сакаат да си играат. „На момчињата им беше интересно да ги стават диносаурусите во саксиите“ - вели Chee.

Возрасен човек и дете се восхитуваат на модел од глава на тирекс изработена од шаблон од Creative Park од Canon додека возрасниот ја држи истата.

Наместо да го вклучите телевизорот или некоја конзола за видеоигри кога на вашето дете му е здодевно, дајте ѝ шанса на изработката на модели од хартија. Не само што може да ве зближи, туку и може да ви помогне да се опуштите, може да ја подобри концентрацијата и да ви помогне да ги изразите чувствата, а е исто така и позитивно искуство на свој начин.

Следниот пат кога надвор ќе истура дожд или барате идеи за нешто што можете да го правите во попладневните часови за време на викендот, нема потреба да трошите пари на скапи активности. Оваа активност за изработување хартиени модели од диносауруси, освен што е забавна, исто така им овозможува на вашите деца да развијат секакви вештини, како што се креативност, концентрација, следење упатства и тимска работа. Ќе бидат пресреќни кога ќе ги видат резултатите – уникатна спална соба или простор за играње за кој со гордост можат да кажат дека го направиле свој. А кога ќе им се сменат вкусовите, повторно упатете се кон Creative Park од Canon за да откриете уште повеќе хартиени шаблони за дизајни што се поврзуваат со нивниот следен интерес.

Никогаш немало подобар начин да ја украсите спалната соба на вашето дете на достапен начин отколку со праисториските модели од хартија од Creative Park од Canon. Штом завршите, сликајте и споделете ја фотографијата со хаш-ознаката #MadeWithPixma за да ги инспирирате другите заинтересирани да се обидат. Сега, само треба да одлучите кој диносаурус ќе го оживеете!

Rachel Segal Hamilton

Слични производи

Слични статии

  • Разнобојно хартиено рибарче стои на дланката на човек, а во заднина се гледаат растенија и уметнички дела.

    ПЕЧАТЕЊЕ И ИЗРАБОТКА НА МОДЕЛИ

    Хартиени модели од фина уметност

    Уметникот Zack McLaughlin е инспириран од шаблон од рибарче од Canon Creative Park.

  • КРЕАТИВНО ПЕЧАТЕЊЕ

    Направете си свои фиџети

    Фиџетите изработени од хартија се забавни за играње и ги смируваат возбудените умови.

  • Слика снимена одозгора од дрвено биро на кое има разнобојна ветерница и балон на топол воздух, како и пакување фотохартија од Canon.

    КРЕАТИВНО ПЕЧАТЕЊЕ

    Нека блеснат боите

    Додајте малку боја во вашиот дом со овие прекрасни виножитни модели од хартија.

  • Астронаут изработен од хартија поставен на дрвена маса, опкружен со други шаблони на хартиени модели со вселенски мотиви од Canon Creative Park.

    КРЕАТИВНО ПЕЧАТЕЊЕ

    Изработување на сончевиот систем

    Одвојте време повторно да се поврзете, да учите и да играте со збирката на хартиени модели со вселенски мотиви на Creative Park.