ПЕЧАТЕЊЕ И ИЗРАБОТКА НА МОДЕЛИ

Отпечатете уникатни честитки што ќе ги праќате за Божиќ

Направете празнична фотосесија, а потоа следете го нашиот едноставен водич во чекори за да создадете сопствени божиќни честитки.
Домашно отпечатена божиќна честитка покрај рачно изработени украси и двострана мат хартија од Canon поставени врз платно со слика од новогодишна елка.

Праќањето персонализирана честитка за Божиќ е убав гест и многу позабавен отколку одењето во продавница. Лесно може да изработите честитка по ваша желба - сè што ви треба е фотографија што сакате да ја споделите, печатач Canon PIXMA (на пример, серијата Canon PIXMA TS5350a) и пакување двострана мат хартија од Canon.

Ако одлучите да користите ваша фотографија, тогаш треба да ја вчитате таа фотографија во апликацијата Easy-PhotoPrint Editor за да ја додадете во шаблон и да ја украсите со текст и графика. Ако сакате да снимите нова слика, зошто не ги опфатите пријателите и членовите од семејството кои носат празнични џемпери? Или, пак, следете го нашиот пример и направете фотосесија со портрети од домашното милениче за Божиќ. Без оглед која опција ќе ја изберете, овие седум едноставни чекори ќе ви помогнат полесно да создадете и отпечатите сопствена и уникатна божиќна честитка.

Домашно отпечатена божиќна честитка поставена покрај рачно изработени украси и лампион за новогодишна елка.

Освен што е практичен за печатење беспрекорни божиќни честитки, вашиот печатач PIXMA од Canon може да се користи и за изработување украси и додатоци за вашата празнична фотосесија.

1. Снимете стилска фотографија

Ако одлучите да снимите сопствена слика, зошто не се обидете да направите празнична заднина? Creative Park нуди шаблони за божиќни украси што може да се преземат - достапни се секакви дизајни, почнувајќи од венци и написи па сè до снегулки и украси со Дедо Мраз. Може да пронајдете и многу празнични идеи во апликацијата Creative Park која е достапна и за iOS и за Android - треба само да ја преземете од App Store или Google Play. За да печатите од апликацијата Creative Park ќе треба да поврзете компатибилен инк-џет печатач Canon PIXMA - погледнете ја листата на поддржани модели на печатачи*.

2. Изберете шаблон за честитката

Жена прелистува шаблони за божиќни честитки во апликацијата Easy-PhotoPrint Editor на нејзиниот паметен телефон.

Апликацијата Easy-PhotoPrint Editor ви нуди многубројни дизајни за божиќни честитки.

Апликацијата Easy-PhotoPrint Editor нуди голем избор на шаблони за божиќни честитки. Треба само да ја отворите апликацијата и да изберете „Cards“ (Честитки) на почетниот екран за да ги погледнете достапните дизајни. Ако сакате да го ограничите изборот на шаблони што се специјално дизајнирани за однапред превиткана двострана мат хартија, допрете го копчето „Filter“ (Филтер) во горниот лев агол на екранот, а потоа изберете „Half-fold“ (Превиткани на половина) за опцијата „Card Format“ (Формат на честитка). Прелистајте надолу до честитките означени како „Christmas“ (Божиќ) или „Season's Greetings“ (Празнични честитки). Кога ќе пронајдете некоја што ви се допаѓа, допрете ја за да ја преземете и изберете ја опцијата 7"x10" во „Paper Size“ (Големина на хартија).

3. Увезете ја вашата слика

Апликацијата Easy-PhotoPrint Editor ќе ви овозможи да изберете слика од многу локации за складирање, вклучувајќи ја камерата на вашиот телефон, image.canon, Dropbox, Facebook, Google Drive, Instagram, OneDrive или Google Photos, што значи дека лесно ќе ги пронајдете омилените содржини. Ако за прв пат ја користите апликацијата за да се поврзете со некој систем за складирање на интернет, тогаш ќе треба да ги внесете вашите податоци за најавување. Разгледајте ги вашите слики и изберете една или повеќе слики што сакате да ги употребите, а потоа допрете „Next“ (Следно) за да ги пренесете во распоредот на честитката што сте ја избрале.

4. Уредете ја вашата честитка

Некој користи паметен телефон за да го уреди дизајнот на својата божиќна честитка со помош на апликацијата Easy-PhotoPrint Editor.

Приспособете ја вашата честитка во апликацијата Easy-PhotoPrint Editor - лесно може да додавате забавни печати, други слики или порака по ваш избор.

Во долниот дел на екранот ќе видите група практични алатки со кои може да додавате други слики или да го промените шаблонот. Исто така, ќе може да додавате печати, како балончиња за говор и ѕвездички или, пак, снегулки или цветови согласно празничната тема. Достапна е и опција за додавање дополнителен текст што ќе ви овозможи да им напишете порака на пријателите и семејството по ваша желба.

5. Ставете хартија во печатачот

Жена во божиќен џемпер става хартија во печатач PIXMA од Canon.

Кога ќе бидете подготвени да го отпечатите вашиот дизајн, ставете ја двостраната мат хартија во печатачот.

Откако ќе завршите со дизајнот на вашата честитка, време е да ставите двострана мат хартија во вашиот печатач. Ќе забележите дека листовите имаат фабрички превиткувања за да можете уредно да ги превиткате вашите честитки. Пакувањето хартија содржи и пликови за вашите конечни дизајни.

6. Отпечатете ја вашата честитка

Домашно изработена божиќна честитка што е во процес на печатење со печатачот од серијата Canon PIXMA TS5350.

Печатачот од серијата Canon PIXMA TS5350a е идеална алатка за изработка на макети и модели, а ќе ви овозможи и да печатите директно од вашиот паметен телефон.

Жена држи домашно изработена божиќна честитка.

Двостраната мат хартија од Canon нуди професионална завршна обработка за вашата честитка и има фабрички превиткувања за да можете полесно да ја превиткате.

Кога ќе бидете подготвени да ја отпечатите вашата креација, допрете „Next“ (Следно) во горниот десен агол на екранот. Ако за прв пат ја користите апликацијата Easy-PhotoPrint Editor со вашиот печатач од серијата Canon PIXMA TS5350a, тогаш следете ги инструкциите на екранот за да ја поврзете апликацијата со печатачот. Кога апликацијата ќе го пронајде вашиот печатач и ќе се поврзе со него, изберете „Print“ (Печати).

7. Превиткајте и пратете по пошта

Жена става домашно отпечатена честитка во бел плик.

Двостраната мат хартија се испорачува со пликови за да можете веднаш да ја испратите вашата домашно отпечатена честитка.

Превиткајте ја честитката внимателно по рабовите, а потоа напишете ја вашата порака на внатрешната страна, ставете ја честитката во еден од испорачаните пликови и пратете ја по пошта. Сега може да се опуштите и да почнете да размислувате за вашиот следен празничен проект.

Напишано од Angela Nicholson

* Ако вашиот печатач не е поддржан, посетете ја веб-страницата на Creative Park.

Слични производи

  • Печатачи за во домот

    Серија PIXMA TS5350a

    Покажете ги вашите креативни дизајни со можноста за користење различни медиуми, одличните креативни апликации и опциите за беспрекорно поврзување со паметни телефони што ги нуди серијата PIXMA TS5350a
  • Инк-џет печатачи

    Matte Photo Paper MP-101D

    Реализирајте ги вашите идеи со овој медиум со разновидна примена. Тој е идеален за луѓе со различни хобија и оние кои изработуваат модели од хартија и затоа претставува совршен избор за изработка на сопствени честитки, колажи или проекти со модели од хартија од Creative Park.
  • Инк-џет печатачи

    Matte Photo Paper MP-101

    Мат фотохартијата овозможува печатење на висококвалитетни фотографии, графика и текст со мат завршна обработка. Исто така, може да се користи за покреативна намена, како на пр., за честитки, изложби и модели од хартија.

Слични статии

  • ПОРТРЕТИ НА МИЛЕНИЧИЊА

    Забавни и празнични портрети од домашни миленичиња

    Едноставни совети, трикови и техники за снимање одлични фотографии од домашните миленичиња за Божиќ.

  • ПЕЧАТЕЊЕ И ИЗРАБОТКА НА МОДЕЛИ

    Врвни совети за прекрасни хартиени подароци

    Откријте како да направите значајни подароци со Canon Creative Park и вашиот печатач PIXMA.

  • КРЕАТИВНО ПЕЧАТЕЊЕ

    Зимски предизвик за изработување модели од хартија

    Од украси што стојат на врвот на елката, до снегулки и лампиони, создајте празнични хартиени украси со печатач PIXMA и Creative Park.

  • КРЕАТИВНО ПЕЧАТЕЊЕ

    Декорации од хартија за маса

    Направете прекрасни декорации за маса за сите пригоди со Creative Park.