БРЗИНА НА БЛЕНДАТА
Совладајте ја брзината на блендата
Овие 5 основни совети ќе ви помогнат да ја усовршите брзината на блендата за да фотографирате субјекти во движење и да го подобрите начинот на кој фотографирате движења.
ФОТОГРАФИРАЊЕ НА ОТВОРЕНО
Tom Bing ги сака брзите движења во сурфањето и мотоциклизмот исто како и субјектите што ги фотографира. Тој ја запозна својата сопруга Sally, која исто така е сурфер, на уметничко училиште и тие 12 месеци возеа мотори од Сантјаго до Сан Франциско, носејќи ги и своите даски за сурфање. Сега живеат во Tynemouth во Северноисточна Англија, место за сурфање познато по златни плажи и ладна морска вода.
Tom вели дека и неговиот починат дедо, кој сакал да плови и да рибари во морето, придонел за неговиот интерес за фотографирање. „Мојот дедо навистина сакаше да фотографира и имаше поставено темна просторија во домот за развивање фотографии - и сè уште чувам неколку негови стари фотоапарати“ - вели Tom. „Тој беше причината поради која мислев дека ќе можам да документирам и доловувам моменти за себе и за други луѓе“.
Сега како професионален фотограф, Tom специјализира во сурфање и трки со крос-мотори, а поради тоа често оди на локалната плажа и патува низ целиот свет. Неговата страст прерасна во документирање на заедниците, слободата и вродената забава во срцето на овие хобија.
Тука ќе ги сподели неговите техники, совети и пристап за фотографирање случувања на отворено со креативен стил.
Tom го користи EOS 90D од Canon со објективот EF 70-300mm f/4-5.6L IS II USM од Canon - опрема што е идеална за доловување брзи диви животни и спортски случувања и што нуди функции како континуирано фотографирање со брзина до 10 fps и 45 точки од вкрстен тип за автоматско фокусирање.
Кога оди на тешко пристапни локации со велосипед или кога планинари, тој го користи полесниот и помалиот EOS M6 Mark II од Canon без огледало заедно со објективите EF-M 55-200mm f/4.5-6.3 IS STM од Canon и EF-M 32mm f/1.4 STM од Canon. „Моделите без огледало имаат помали димензии, а сепак ви овозможуваат да опфатите повеќе во кадарот“ - вели Tom, што е совршено кога треба да патувате со лесен багаж.
Кога работите на терен, препорачува тој, бидете реалистични во однос на опремата што треба да ја носите со вас. „Можеби нема да ви бидат требаат 10 објективи, туку само два што ќе го завршат тоа што ви е потребно“ - вели тој.
Ако фотографирате многу брзи движења, оптичкиот визир кај DSLR-моделите ќе ви помогне да ги следите без малото доцнење што е карактеристично за електронските визири кај фотоапаратите без огледало, но во поглед на квалитетот на сликата,“ -додава тој, „мислам дека и фотоапаратите без огледало се подеднакво добри“.
„Секогаш бев инспириран од [фоторепортерите] James Nachtwey и Don McCullin и тој документарен стил на фотографирање. Ми се допаѓаше тоа што тие се задлабочуваа во приказните што ги фотографираа“ - вели Tom чија цел е да ги пренесе чувствата и возбудата од учествување во активностите, а не само да прикаже како изгледаат на надворешните набљудувачи.
„Мора да навлезете во културата на тоа што го фотографирате уште пред да го извадите фотоапаратот“ - вели тој. „Ако знаете какво е чувството да возите велосипед низ некој прекрасен резерват, тогаш ќе знаете што сакате да доловите и во која милисекунда да ја активирате блендата“ - вели тој.
Од практична гледна точка, ако знаете да ги процените условите за сурфање од сопствено искуство, на пример, тогаш може да предвидите каде ќе се одвиваат случувањата и соодветно да се подготвите и позиционирате за фотографирање. „Кога ќе започне акцијата нема пауза“ - вели Tom, “и чувството е одлично кога знаете кога и каде треба да се позиционирате“.
„Фотографирам во секвенцијален режим речиси во секоја прилика“ - вели Tom. „Кога фотографирате движења, тој е незаменлив бидејќи изразите на лицата се менуваат многу брзо и не може да очекувате дека ќе ја доловите саканата слика од еден обид ако субјектот се движи низ кадарот. Ви требаат приближно 10 слики“.
EOS M6 Mark II од Canon помага со неговата брзина за фотографирање до 14 fps, поткрепена со неверојатно острото и континуирано следење со автоматскиот фокус. Кога брзината ви е потребна најмногу, тој може да фотографира RAW-датотеки со неверојатна брзина до 30 fps, со континуирано фокусирање, во секвенцијален режим за RAW-датотеки со отсекување и резолуција од 18 MP.
Од друга страна, пак, EOS 90D од Canon се одликува со поголем опсег на брзини за блендата - до 1/8000 сек. или до 1/16000 сек. со електронска бленда, во споредба со максималната брзина од 1/4000 сек. на EOS M6 Mark II - нудејќи ви најдобра можност за замрзнување на брзите движења, а неговиот оптички визир ви овозможува да ги следите случувањата без малото доцнење на најдобрите електронски визири.
Невообичаените перспективи, поместувањето, силуетите и експериментирањето со длабочината на полето се техники што Tom ги користи за да биде креативен и да открие што би можел да чувствува неговиот субјект кога е на патеката или во водата.
„Контекстот може да биде најважен, па ако не можам да ги зумирам случувањата, но можам да се поместам чекор наназад и да ја опфатам пошироката сцена, тоа некогаш може да има подобар ефект“ - вели тој. „Јас, [исто така], фотографирам кон сонцето бидејќи сакам да експериментирам со неизбежните ефекти што се појавуваат како резултат на тоа. Тоа можеби подобро ќе долови како се чувствува возачот“.
Во функциите на EOS M6 Mark II од Canon што му помагаат да ја зголеми својата креативност спаѓаат отстранливиот електронски визир и екранот на допир што се врти - две незаменливи опции за креативни композиции и моменти од незгодни ниски агли.
Како и многу други во заедницата на сурфери, Tom не е заљубен само во своето хоби, туку и во природата, океанот и регионот во кој живее. Затоа не треба да се фокусирате само на моментите со движења, препорачува тој, туку треба да ја снимите целата сцена. Фотографирајте во текот на целиот ден и сигурно ќе добиете неколку слики за паметење од луѓето и местата, но и одлични слики од случувањата.
„Се обидувам да ги документирам случувањата на начинот како што јас ги гледам“ - вели Tom. „Сакам да фотографирам места и искуства, но и моќта и разновидноста на океанот. А како сурфер, сакам да гледам како сурферите се соочуваат со предизвиците во стил“.
Напишано од Lorna Dockerill
Get Inspired е најголемиот извор на практични совети за фотографирање, водичи за купување и информативни интервјуа - сè што ви е потребно за да го пронајдете најдобриот фотоапарат или најдобриот печатач и да ја реализирате вашата следна креативна идеја.
Назад до сите совети и техникиБРЗИНА НА БЛЕНДАТА
Овие 5 основни совети ќе ви помогнат да ја усовршите брзината на блендата за да фотографирате субјекти во движење и да го подобрите начинот на кој фотографирате движења.
ФОТОГРАФИРАЊЕ СПОРТ
Дознајте повеќе за фотографирањето акциони спортови од менторската сесија со професионалец во планински велосипедизам.
ФОТОГРАФИРАЊЕ СПОРТ
Професионалниот фотограф Molly Darlington истражува како може да ги фотографирате големите спортски настани со џебен фотоапарат.