Еден од начините за прилагодување на целосната експозиција на сликата е менување на брзината на блендата на вашиот фотоапарат. Промените можат да се искористат и на креативен начин, овозможувајќи ви да го контролирате нивото (или отсуството) на заматување во вашите слики.
Овде ви нудиме пет совети што ќе ви помогнат да ја совладате брзината на блендата и да преземете поголема контрола врз начинот на кој фотографирате движења, без разлика дали фотографирате училиштен спортски ден со фотоапарат без огледало EOS M или моторни спортови со EOS DSLR.
Повеќето фотоапарати EOS имаат режим за специјални сцени „Спорт“ што автоматски ќе ги прилагоди поставките за експозиција и фокусирање на фотоапаратот за да фотографирате субјекти во движење. На тој начин ќе добиете одлични резултати, но може и да преземете поголема контрола доколку сакате да бидете креативни, да создадете одреден ефект или да се прилагодите според специфични околности, како на пример, кога фотографирате рачно некој субјект што се движи брзо од голема оддалеченост.
За директна контрола на брзината на блендата, поставете го фотоапаратот во режим за приоритет на блендата (или Tv, што значи вредност за време). Потоа може да ја поставите брзината на блендата со ротирање на главното вртливо копче на фотоапаратот или преку екранот на допир што е составен дел на многубројни EOS-фотоапарати, вклучувајќи ги и EOS M6 Mark II од Canon и EOS 90D од Canon. Вашиот фотоапарат автоматски ќе го прилагоди отворот на блендата за да создаде стандардна експозиција. Максималната брзина на блендата кај фотоапаратите EOS изнесува или 1/4000 сек. или 1/8000 сек., а најбавната брзина на блендата што може да се постави автоматски изнесува 30 секунди.
Треба да земете предвид две работи кога ја избирате брзината на блендата: дали брзината е доволно голема за да се избегне заматување предизвикано од движењето на фотоапаратот при рачно фотографирање - познато и како „тресење на фотоапаратот“ - и колку брзо се движи субјектот.
Брзината на блендата што е потребна за да ги избегнете ефектите од тресењето на фотоапаратот зависи од повеќе фактори, вклучувајќи и дали користите објектив со вградена стабилизација на слика (IS) и колку е ветровито времето. Но сепак, најважниот фактор е фокусната должина на објективот. Колку повеќе зумирате, толку позабележително станува тресењето.
Општо правило за елиминирање на овој проблем е да се обидете да користите брзина на блендата што ќе биде еквивалентна на ефикасната фокусна должина или поголема брзина. На пример, за објектив од 50 mm треба да користите брзина од 1/50 сек. или поголема, а за објектив од 200 mm треба да користите брзина од 1/200 сек. или поголема. Потоа треба да ја земете предвид и брзината на субјектот - продолжете да читате!