Велат дека „многу арно не е на арно“. Јасно е дека, кој и да ја измислил фразата, никогаш не се обидел да исече вертикален видеозапис за социјални медиуми во 9:16 од материјал снимен во 16:9 на широк екран.
Кога станува збор за резолуција на видео, правилото за „сѐ во умерени количини“ ретко важи. Кога уредувате, никогаш не можете да имате премногу пиксели - само премалку меморија и RAM. И Canon EOS R50 V и PowerShot V1 нудат снимање во 4K UHD-формат, со што ви нудат 4x повеќе пиксели од Full HD (1080p) за подетална слика. Опсегот на фотоапарати од Canon вклучува и модели кои може да снимаат во резолуции повисоки од 4K, вклучувајќи го и EOS R6 V, кој ви овозможува да снимате видеозаписи до 7K.
Ако вашите YouTube-видеа и видеозаписи за социјални медиуми се само во 4K или Full HD, тогаш снимањето во повисока резолуција може да делува непотребно. Па дури и напразно. Снимените материјали со повисока резолуција трошат меморија и го зголемуваат времето потребно за префрлување и обработка на видеозаписи.
Но, тоа што го добивате е неверојатна флексибилност кога ги уредувате содржините. Можноста за отсекување на кадар во 4K или Full HD од снимка во 7K ви дава простор да го обликувате кадарот во постпродукција без да го жртвувате квалитетот. Можете да правите покомпактни кадри од единечна положба на фотоапаратот или дигитално да зумирате или да се поместувате низ поширок приказ. Исто така, полесно е да се примени дигитална стабилизација на слика на рачно снимени материјали.
Декодирање на технологија за фотоапарати: резолуција на видео
Снимањето со Open Gate снима поголема област на слика од традиционален сооднос на видео, со што имате можност да отсекувате висококвалитетни вертикални снимки и хоризонтални снимки од само еден снимен материјал. Соодносот на слика на екранот ви помага да направите композиции и за двете опции додека снимате.
Која е предноста од снимање со Open Gate?
Снимањето со Open Gate го носи ова на ново ниво. Достапно на Canon EOS R6 V и други одбрани фотоапарати од Canon, снимањето со Open Gate ја снима целосната област од 3:2 на сензорот наместо да ја отсече на претходно одбран сооднос на слика како 16:9.
Ова не само што ви дава повеќе слобода за повторно обликување на кадрите, туку и ви овозможува да отсекувате повеќе соодноси на слика од единечна видеоснимка, а притоа максимално да ја искористите резолуцијата на сензорот. Можете да направите исечок во 16:9 во широк екран и вертикално отсекување во 9:16 од истата снимка, без да го нарушите филмскиот изглед на вашите снимки.
Уредувањето хоризонтални и вертикални снимки без потреба од менување на ориентацијата на фотоапаратот заштедува многу време, особено кога снимате неповторливи настани или снимате на претешки или прескапи локации.
Снимателот Daniel Ernst, чиишто филмски видеозаписи во стил на документарни филмови често се снимаат на диви и далечни локации, вели дека тоа е огромна предност за Reels и Shorts. „Луѓето сакаат вертикални содржини за социјалните медиуми, но јас не сакам да снимам вертикално. Одлично е што имам опција да снимам хоризонтално, па само да исечам подоцна“.
Daniel креативно го користи и Open Gate кога работи. „Ако сте снимиле сцена со фотоапарат на статив, можете да додадете движење во постпродукција“, вели тој. „На горниот и долниот дел има многу информации за видеоснимката, со што ефикасно можете да го закосите фотоапаратот нагоре или надолу, иако снимката е неподвижна. Можете да одзумирате повеќе и да се движите лево или десно, што е многу корисно за мене“.
Тоа е корисен трик за самостојни креатори: со додавање суптилни движења на фотоапаратот или со правење потесен или поширок кадар во постпродукција, статичните снимки стануваат подинамични. Таа дополнителна област за снимање речиси делува како да имате достапен втор агол на фотоапарат многу време откако ќе заврши фотосесијата, со што една заклучена снимка работи многу повеќе во ваше име.
Што е прекумерно семплирање?
Освен креативните можности кои ги добивате со користење 6K, 7K, па дури и видео во 8K во работен процес од 4K, снимање во повисока резолуција може да произведе поубави 4K-снимки од содржини снимани во 4K од почеток.
Ова се должи на процес познат како прекумерно семплирање, функција вградена во многу фотоапарати од Canon, вклучувајќи ги EOS R6 V и EOS R50 V. Фотоапаратот започнува со слика со повисока резолуција од конечната снимка, а потоа ги користи дополнителните податоци за сликата за да го произведе конечниот резултат со помала резолуција. Тоа е како да земете голема слика со многу детали и да ја смалите. Добивате поголема острина со намален шум и ефект moiré.
За да го активирате прекумерното семплирање во фотоапарати со EOS R-систем од Canon кои ја поддржуваат оваа функција, изберете ја опцијата Fine или HQ (висок квалитет) во менито за големина на снимање видео (Movie Rec. Size).
EOS R6 V нуди снимање на две картички, со што можете истовремено да снимате видеодатотека во 4K на картичката CFexpress и прокси-датотека во 2K или Full HD на SD-картичката, што ви овозможува брзо да работите со прокси со помала резолуција.
Снимање видео при стандардни резолуции
Една од негативните страни од снимање видео при повисока резолуција е тоа што го става процесорот на фотоапаратот под повеќе притисок, особено ако снимате во RAW-формат. Но, EOS R6 V и некои професионални фотоапарати од Canon се опремени со систем за активно ладење за да се регулира топлината која се генерира за време на тешки задачи како снимање во 7K RAW со Open Gate.
Морате да ги земете предвид критериумите за складирање и управување со датотеки кога работите со содржини со повисока резолуција. Со двата отвора за картички, EOS R6 V може да се конфигурира на начин на којшто ќе ги зачувува датотеките со повисока резолуција на една картичка, а прокси-датотеките со помала резолуција на другата.
Уредување со прокси-датотеки ви овозможува да работите многу побрзо. Бидејќи се многу помали, прокси-датотеките се полесни за вчитување и префрлување меѓу мемориски уреди, а притоа ги чуваат оригиналните содржини со висока резолуција безбедни додека не се потребни.
Но, тоа не значи дека секогаш треба да снимате со најголема можна резолуција. Ако снимате целодневен настан со ограничена меморија, тогаш стандардно 4K е практичен избор кој сѐ уште испорачува одличен квалитет на слика.
Кога Daniel Ernst го искористи EOS C50 во Патагонија – фотоапарат со слични можности за снимање во 7K со Open Gate како и EOS R6 V - 7K беше резервирано за клучни снимки. „Освен тоа, сѐ снимав во 4K“, вели тој. „Морав да внимавам на меморијата. Пешачевме и морав да ја носам целата своја опрема, вклучувајќи и шатор, шпорет на гас и храна, па не го носев лаптопот“.
За крај, фокусот на снимањето со повисока резолуција не е само да доловите повеќе пиксели. Станува збор за добивање повеќе креативни опции при уредувањето, без оглед на тоа дали се работи за повторно обликување на кадар, испорачување повеќе формати од една снимка или максимално зголемување на квалитетот со помош на прекумерно семплирање. Кога не ви е потребна таа флексибилност, лесно е да се префрлите на 4K за полесен работен процес.
Слични производи
-
- Ново
EOS R6 V
Подобрете ги вашите содржини со фотоапарат за целосна слика, претежно насочен кон видео за рачно креирање содржини. Компактен, филмски, подготвен за вашите приказни. -
-
EOS R50 V
Бидете креативни со фотоапарат со заменливи објективи претежно насочен кон снимање видео, опремен со напредни функции за снимање за да ги усовршите вашите содржини. -
PowerShot V1
Компактна камера претежно наменета за снимање видео во 4K-резолуција, со прецизен автоматски фокус и кристално јасен звук - идеална за креатори на содржини во движење. -
- Ново
RF 20-50mm F4L IS USM PZ
Објектив за целосна слика со внатрешен моторизиран зум. Создавајте динамични видеозаписи и фотографии со рамномерен Servo-мотор или прецизно рачно зумирање. -
-
RF-S 14-30mm F4-6.3 IS STM PZ
Извонредно широкоаголен објектив со внатрешен моторизиран зум за рамномерни транзиции при зумирање - идеално за создавање содржини и снимање видеоблогови. -
RF 16-28mm F2.8 IS STM
Компактен и извонредно широкоаголен објектив со зум од 16-28 mm, со брза решетка f/2,8 и стабилизација на слика, совршен за патувања и пејзажи. -
Стерео микрофон DM-E100
Снимајте одличен звук без напор со мал стерео микрофон што се приклучува едноставно и секогаш е подготвен за снимање. -
Статив со држач HG-200TBR
Подобрете го вашето присуство пред фотоапарат со овој статив со држач со далечински управувач и извонредна ергономија, создаден за стабилно и впечатливо снимање.