Со оглед на тоа дека социјалните медиуми се претежно насочени кон видео, како можат вашите содржини да се истакнуваат? За почеток, треба да ги користите вистинските алатки за работата, а вашиот фотоапарат е клучен фактор за квалитетот на тоа што го произведувате. Ако снимате со паметен телефон, тогаш надградба кон фотоапарат како што е EOS R50 од Canon би бил огромен исчекор.
Создаден за креирање содржини, EOS R50 ви овозможува да се изразувате на нови начини. Можете да произведувате 4K-видео и звук со повисок квалитет и да користите објективи RF и RF-S за да го обликувате изгледот и чувството на вашите содржини. Исто така, можете да користите голем број професионални функции за снимање видео, како што е револуционерниот Dual Pixel CMOS AF од Canon, наменски режим за снимање видеоблогови и беспрекорно поврзување со паметен телефон.
Оттаму, сѐ зависи од вашата креативност и техники. За да ви помогнат, четворица креатори на социјални медиуми со значителен број следбеници нудат совети за снимање видео. Инфлуенсерот за храна Martyn Odell и уметничкиот директор Zeena Shah од Обединетото Кралство; инфлуенсерката за мода и убавина Fatou N'Diaye од Франција; и инфлуенсерката за фитнес и исхрана Elena Bulkowski од Германија. Сите се во цутот на нивниот успех на социјалните медиуми. Следат пет совети од нив за подобрување на вашите видеосодржини.