Објективи за DSLR
Објектив од серија L со неверојатно високи перформанси, стабилизација на слика и брза решетка од f/4 кој е совршен за фотографирање на животот во дивината.
EF 600mm f/4L IS II USM е извонреден телефото објектив со огромно зголемување кој се одликува со вградена технологија за стабилизација на сликата и брза максимална решетка од f/4. Совршен за фотографите на дивина, природа и спорт кои работат на терен.
Погледнете ги сите спецификацииОбјектив од 600mm со високи перформанси
UD елементи со флуорит
Брза макс. решетка од f/4
Прстенест вид на USM за брз AF
Стабилизатор на слика со 4 чекори
Заштитен слој од флуор на предните и задните елементи
Мин. фокус од 4,5m
Отвор на бленда со 9 сечила
Моќен фокус за видео
Отпорност на прав и влага
EF 600mm f/4L IS II USM се одликува со лесна конструкција од магнезиумска легура и титаниум, која ја намалува тежината без да влијае врз јачината и квалитетот на изработка.
Сложен оптички дизајн кој се одликува со UD елементи на објективот со флуорит, кои ги спречуваат изобличувањата и аберацијата. Брзата максимална решетка од f/4 овозможува употреба на додатокот EF 2,0x III од Canon, задржувајќи го автоматскиот фокус на серијата EOS-1 фотоапарати.
Прстенестиот USM (ултразвучен мотор) користи вибрации предизвикани од ултразвучна фреквенција за создавање на екстремно брзо, речиси бесшумно автоматско фокусирање. CPU со голема брзина и оптимизирани AF алгоритми кои дополнително придонесуваат за брзината на автоматскиот фокус. Постојаното рачно електронско контролирање на фокусот е достапно без потреба од исклучување на автоматското фокусирање.
Вградената технологија за стабилизација на сликата (IS) овозможува рачно фотографирање со брзина на блендата која е побавна до четири чекори од нормалната, без да предизвикате тресење на фотоапаратот. Повеќе IS режими за подобрување на квалитетот на сликата при поместување.
Идеално подесени за сите видови на динамично фотографирање, особено за дисциплините кај кои е потребно да се користи поместување, 3-от нов IS режим го активира само стабилизаторот на слика додека трае експозицијата.
Дизајниран за користење кај дигиталното фотографирање, патентираниот слој со структура со суб-бранова должина од Canon помага да се минимизираат имагинарните облици и одблесоците предизвикани од внатрешната рефлексија. Со елиминирање на причинителите, слојот ја намалува рефлексијата и обезбедува остри и јасни слики.
Режимот на моќно фокусирање со две брзини кај EF 600mm f/4L IS II USM овозможува прилагодување на фокусот со рамномерна и константна брзина – совршено за снимање видео.
Серијата L е врвна и професионална палета на објективи од Canon, претставувајќи ја најдобрата прецизно дизајнирана EF оптика. Објективите од серијата L комбинираат врвни перформанси со неверојатно ракување и се отпорни на прав и влага.
EF 600mm f/4L IS II USM се испорачува со сенило за објектив (ET-160 WII), капаче за објектив (E-185B) и торбичка за објектив 600B.