Објективи за DSLR
Врвен објектив за зумирање од серија L со фиксна решетка од f/4 и стабилизација на слика кој е идеален за рачно фотографирање и фотографирање спорт.
Компактен, со можност за маневрирање и со мала тежина, првиот објектив на светот со стабилизатор на слика со 4 запирања е опремен и со најфината оптика од L-серијата за да испорачува оптички перформанси и можности за ракување, кои се издвојуваат.
Погледнете ги сите спецификацииОптика од L-серијата
Лесен и компактен
Стабилизатор на слика со 4-запирања
f/4 во целиот опсег на зумирање
Флуоритни и UD елементи на објектив
Брзо автоматско фокусирање
Дихтунзи за заштита од околината
Облоги Super Spectra
Циркуларна бленда за задоволувачко замаглување на позадината
Мека футрола и покривач на објективот
EF 70-200mm f/4L IS USM е опремен со првиот стабилизаторот на слика (IS) на светот со 4-запирања, на Canon. Идеален за работа при држење на апаратот во рака, извонредно точниот и чувствителен IS, во многу ситуации ја негира потребата од сталак. Брзините на затворачот, побавни за до 4 запирања, што инаку би било невозможно (на пр. 1/15 сек наместо 1/2000), може да се користат без видливо зголемување на замаглување на сликата. За стабилизирано поместување, IS Mode 2 го коригира само несаканото вертикално тресење.
Објективот ги отелотворува највисоките стандарди на Canon за оптиката на L-серијата, квалитетот на градбата, сигурноста и можноста за ракување. Преку целиот кадар и во целиот опсег на зумирање е обезбеден свеж квалитет на сликата со висок контраст. Сигурен партнер во тешки услови, металната и поликарбонатна конструкција се карактеризира со специјално дихтунзи за надворешната средина, за да се спречи навлегувањето на прав и на влага.
Со должина од само 172mm и тежина од само 760g, EF 70-200mm f/4L IS USM е идеален за задачи, при кои треба да се патува со малку багаж за да не се загрозат перформансите, можноста за ракување или квалитетот на сликата.
Без промена во блендата во целиот опсег на фокална должина, фотографите можат да ја нагодуваат експозицијата на најширока бленда и да зумираат до 200mm без намалување на брзината на затворачот. Должината на објективот останува константна за време на зумирањето и фокусирањето.
Објективот содржи еден флуоритен и два UD (стакло со ултра-ниска дисперзија) елементи за да ги потиснат секундарните хроматски аберации. Резултатот се свежи слики, со висок контраст и без изобличувања, во целиот опсег на зумирање, без пореметување на бојата на перифериите на предметот.
Прстенестиот USM (ултразвучен мотор) испорачува чувствително, брзо, тивко автоматско фокусирање. Торзијата на држење е одлична и ја запира фокусирачката група на објективот, без пречекорување. Постојаното рачно редефинирање на фокусирањето е достапно без исклучување од AF. Минималното растојание на фокусирање е само 1,2m во целиот опсег на зумирање.
Оптимизираните облоги Super Spectra и обликувањето на елементите на објективот ги потиснуваат блескањето и двојната слика. Облогите помагаат и во постигнување на верен баланс на бојата и во зголемување на контрастот.
Електромагнетната дијафрагма (EMD) се карактеризира со речиси совршено циркуларна бленда, за креирање на рамномерно и атрактивно замаглување на позадини кои се надвор од фокусот.
Вклучени се цилиндричен бајонет покривач и мека футрола.