Canon EF-S 35mm f/2.8 Macro IS STM
Приближете се и откријте ги најситните детали со макро објектив од Canon што може да го осветли вашиот објект.
Макро фотографирање со нов начин на осветлување
Фотографирајте мали објекти и откривајте најситни детали како никогаш досега. Осветлувањето може да се контролира за да го добиете саканиот изглед со помош на вграден Macro Lite во крајниот дел на објективот.
Погледнете ги сите спецификации
Погледнете подетално
Дознајте како објективот EF-S 35mm f/2.8 Macro IS STM може да ве доближи поблиску
Приближете се неверојатно блиску и снимајте неверојатни детали
Со минимално работно растојание од 3 cm, предметите можат да се репродуцираат со зголемување во реална големина и со неверојатни детали.
Вграден уред за осветлување што е практичен за користење и контролирање
Снимајте јасни детали и осветлувајте ги објектите со LED Macro Lite кој е вграден во крајниот дел на објективот.
Одличен квалитет на слика дури и при рачно фотографирање
Фотографирајте рачно без да се грижите за тресењето на фотоапаратот, благодарение на оптичкиот стабилизатор на слика со хибридна стабилизација на слика.
Објектив што нуди разновидни опции за сите видови на фотографирање
EF-S 35mm f/2.8 Macro IS STM е одличен објектив за портрети и улично фотографирање бидејќи нуди ист агол на видливост како објективите од 56 mm со f/2.8 поставени на фотоапарат за целосни слики.
Одличен и за видеоснимки
Снимајте неверојатни видеоснимки одблиску користејќи го речиси бесшумниот STM за автоматски фокус и создавајте рамномерни промени на фокусот.
Хибридна стабилизација на слика
Спречува тресење на фотоапаратот за да добиете појасни видеоснимки
STM автоматски фокус
Рамномерен и тивок автоматски фокус за снимање видеоснимки