Батерија LP-E17 од Canon
Оригинална резервна батерија или оригинална батерија за замена од Canon за вашиот компатибилен фотоапарат
Снимајте фотографии со карактер, функции и контроли за поголема креативност.
Погледнете како EOS 77D може да ви понуди поголема креативност при фотографирањето
Преземете контрола врз вашето фотографирање со комбинација од уметнички контроли и моќни перформанси.
24,2 MP
CMOS сензор
DIGIC 7
процесор
45
AF точки
Dual Pixel
CMOS AF
60p
FULL HD
5
оски за IS при снимање видео
Wi-Fi
и Bluetooth®
Откривајте нови објекти и нови начини за фотографирање. Најсовремениот AF применува најголема острина точно каде што ќе посакате, без разлика дали го користите оптичкиот визир на камерата или неговиот екран на допир со висока резолуција. Континуираното фотографирање со брзина до 6 fps ви овозможува да ги доловите дури и најкратките изрази на лицата.
APS-C сензорот од нова генерација создава слики кои се исполнети со неверојатни детали, дури и во осветлените површини и во темните сенки. Системот* за автоматско фокусирање со прегледување во живо кој е најбрз во светот нуди неверојатно остри резултати, дури и кога фотографирате објекти што се движат брзо.
Фокусирање со прегледување во живо* за фотографии кое е најбрзо во светот. Извонредно рамномерни ефекти со промени на фокусот за видеоснимки.
Снимајте извонредни Full HD видеоснимки со динамичка репродукција на движењата со 60 fps и ефекти со фокусирање на мало растојание како во кино. Dual Pixel CMOS AF овозможува остро фокусирање на објектите при менување на вашата положба, а вградената дигитална стабилизација со 5 оски ги стабилизира видеозаписите.
Истражување нови временски текови
Го елиминира тресењето
Кога ќе го земете EOS 77D во раце, задното контролно тркалце и екранот на допир со променлив агол ќе ви овозможат поголема контрола и креативна слобода. LCD екранот на горната страна ги прикажува поставките на фотоапаратот.
Комбинацијата од безжичните технологии Wi-Fi, Bluetooth® и NFC овозможуваат лесно поврзување со компатибилни паметни уреди со iOS и Android како никогаш досега. Контролирајте го фотоапаратот далечински, вклучувајќи и далечинско прегледување во живо преку вашиот паметен телефон или таблет-уред и споделувајте слики со пријателите преку Cloud.
Нашата апликација Photo Companion е најдобриот партнер за сите корисници кои раскажуваат приказни преку видео бидејќи нуди пристап до прилагодени и професионални информации и содржини кога тоа најмногу ви е потребно, за да можете да внесете реалистичност во вашите приказни.
24,2 мегапиксели
Уживајте во неверојатни детали и острина
DIGIC 7
За перформанси со брз одзив
45 AF точки
Фокусирајте брзо и сигурно
Dual Pixel CMOS AF
Брзо за фотографии; рамномерно за видеоснимки
Full HD видеоснимки
Одлични видеоснимки на интернет и во домот
IS со 5 оски
Го намалува тресењето на фотоапаратот
Wi-Fi и NFC
Едноставно далечинско управување на фотоапаратот
Bluetooth®
Безжична врска која постојано е активна
Куќиште на дигиталниот фотоапарат EOS 77D
Заштитник за очи EF
Капаче за фотоапарат R-F-3
Широк ремен EW-100DBV
Полнач за батерии LC-E17E
Батерија LP-E17
Кабел за напојување
Комплет со упатство за користење
Оригинална резервна батерија или оригинална батерија за замена од Canon за вашиот компатибилен фотоапарат
Сигурен и практичен далечински управувач за фотоапарати EOS со Bluetooth, идеален за долги експозиции и макро фотографирање
Пренослив и моќен Speedlite блиц кој е едноставен за користење – кога е приклучен на фотоапаратот и кога се користи посебно
Дизајнирана за професионална употреба со голема брзина и капацитет за складирање.
Осветлување на макро светот
Уред за активирање блицови преку радиофреквентни бранови, наменет за професионални фотографи кои користат надворешен блиц
*Во групата на дигитални фотоапарати со заменливи објективи и сензори со APS-C големина и AF со откривање на фазна разлика во сликата, почнувајќи од 14 февруари 2017 година, врз основа на истражување од Canon.
Измерено според стандардите CIPA и внатрешниот метод за мерење со прикачен објектив EF-S18-55mm F4-5.6 IS STM поставен на 55 mm и со користење на AF во 1 точка со избрана централна точка, AF со една снимка, прегледување во живо со снимање слики користејќи го копчето за блендата. Рачни режими во употреба, EV12 (ISO 100 на собна температура).
**Зборот во ознаката Bluetooth® и лого ознаките на Bluetooth® се регистрирани заштитни знаци во сопственост на Bluetooth SIG, Inc. и секое користење на тие знаци од страна на Canon Inc. е дозволено со лиценца. Другите заштитни знаци и заштитни имиња им припаѓаат на нивните сопственици. Паметниот телефон треба да биде опремен со Bluetooth верзија 4.0 (или понов). Исто така, потребно е паметниот уред да користи оперативен систем iOS 8.4 (или понов) или Android 5.0 (или понов)