Квалитет и брзина на PIXMA

Нашата палета на PIXMA уреди е дизајнирана да достигне највисок квалитет при печатењето. Комбинацијата од уникатни технологии за печатење и картриџи за мастило и хартија од Canon нуди извонредни резултати со фото-лабораториски квалитет.

quality-banner-310x180_v2.png

Технологија FINE

Уживајте во фотографии со врвни детали

FINE е уникатната технологија на глава за печатење од Canon, сместена во срцето на секој PIXMA печатач што нуди брзо печатење на фотографии со извонредни детали. Големата прецизност за нанесување на мастилото се постигнува со користење на голем број густо поставени микроскопски млазници за мастило, кои се изработуваат со процес на фотолитографија.

Хибриден систем на мастила

Фотографии со остар текст и живописни бои

За врвна репродукција на бои во графика и остар текст во документи, повеќето PIXMA печатачи користат мастила од боја и мастила со црн пигмент. Мастилата од боја се користат за печатење на фотографии со исклучителен квалитет и живописни бои, додека мастилата со црн пигмент создаваат остри и јасни документи со мали букви и остри линии.

hybrid-inks-banner-370x180.png
photo-inks-banner-370x180.png

Мастила за фотографии

Квалитетни и долготрајни фотографии во домот

Зачувајте ги спомените доживотно. Комбинацијата од оригинални мастила од Canon и фото-хартија од Canon ја максимизира можноста за врвно печатење кај системите со глава за печатење FINE што резултира со поживописни и прекрасни фотографии со поголема отпорност на избледување на боите.

Мастилата ChromaLife100+ нудат подобра репродукција на бои и подлабоки црни тонови за добивање на поживописни фотографии. Испечатените материјали можат да траат повеќе од 200 години во фото албум, прибл. 40 години изложени во стаклена рамка (отпорност на светлина) и 10 години незаштитени со стакло (отпорност на гасови).