Печатачи за во домот

Canon PIXMA TR150 with battery

Работете додека патувате. Батеријата на полнење, контролата преку паметен телефон и различните опции за безжично поврзување ќе ви овозможат да добивате професионални резултати без напор, независно од каде ќе работите.

Ви го претставуваме PIXMA TR150 со батерија

Печатете во движење, независно каде сте.
  • Печатете во движење

    Печатачот е тенок и издржлив за лесно транспортирање, печати до 330 страници со целосно наполнета1 нова батерија што може да ја полните во канцеларијата, во домот или додека патувате преку кабел со USB-приклучок од тип C.

  • Едноставно поврзување

    Печатете безжично со апликацијата Canon PRINT, AirPrint (iOS), Mopria (Android) или Windows 10 Mobile. Немате рутер за интернет? Активирајте го режимот за директно безжично поврзување.

  • Остри резултати со врвен квалитет

    Добивајте остри резултати со врвен квалитет во потемните површини. Хибридното мастило со наменско црно мастило со пигмент создава остар текст, а мастилата базирани на боја создаваат живописни отпечатени материјали што ќе траат дури до 100 години доколку се чуваат во албум2.

Едноставно

Печатете и проверувајте го мастилото и статусот на врската преку OLED-екран од 1,44" и работете тивко и брзо со брзини на печатење од 5,5 слики/мин. во боја и 9 црно-бели слики/мин.3.

Canon Camera
Canon Camera

Приспособено користење

Заштедете време со брзото печатење. Зачувајте најмногу 5 приспособени шаблони4 за да печатите договори и формулари директно преку печатачот без потреба од компјутер, лаптоп или паметен уред.

Споредба со PIXMA iP110 со батерија

Димензии (Ш×Д×В mm)

322×210×66
322 x 226 x 62

Мастила

Црно мастило со пигмент, Ц/М/Ж/Црно мастило базирано на боја
Црно мастило со пигмент, Ц/М/Ж/Црно мастило базирано на боја

Тежина

2,1 kg / 2,3 kg (со изборна батерија)
2,0 kg / 2,2 kg (со изборна батерија)

Брзина на печатење ESAT (ЦРНО-БЕЛО/ВО БОЈА)

9,0 слики/мин./5,5 слики/мин.
9,0 слики/мин./5,8 слики/мин.

LCD-ЕКРАН

Црно-бел OLED-екран од 1,44”
Не

Потрошувачка при печатење црно-бело/во боја

Црно-бело: 200 страници
Во боја: 260 страници
Црно-бело: 191 страница
Во боја: 249 страници

Мастила

PGI-35, CLI-36
PGI-35, CLI-36

Празнење на батеријата (печатење преку USB)

Прибл. 330 страници
Прибл. 290 страници

Макс. влезен капацитет

50 листови
50 листови

Потрошувачка на енергија (AC)

Печатење 8 W / Режим на подготвеност 1,1 W
Печатење 10 W / Режим на подготвеност 1,8 W

Интерфејс

USB / Wi-Fi
USB / Wi-Fi

Wi-Fi

Да (2,4 GHz и 5 GHz5)
Да (2,4 GHz)

Wireless Direct

Да
Не

Полнење преку USB

Да
Не

Потребно време за целосно полнење (AC)

2 часа 20 минути
3 часа

Заклучување против кражби

Да
Не

Печатење со приспособени шаблони

Да
Не

Автоматско вклучување

Да
Не

PIXMA TR150

Не ви треба батеријата? Ставете го во вашата торба и добијте подвижна канцеларија. Печатачот нуди извонредни опции за поврзување и квалитет, па затоа е идеален за деловно работење во движење

Canon Camera

Спецификации

  • Полнење преку USB

    Дополнувајте енергија кога сте во автомобилот, во канцеларијата или во домот

  • Батерија на полнење

    Полнете ја преку кабел со USB-приклучок од тип C

  • Можност за поврзување на паметен телефон и таблет уред

    Апликација Canon PRINT, AirPrint (iOS), Mopria (Android) и Windows 10 Mobile

  • Опции за поврзување

    Поддршка за Wi-Fi со 2,4 и 5 GHz5

  • Wireless Direct

    Поврзете се и печатете директно без рутер

  • OLED-екран од 1,44"

    Практичен интерфејс за контрола и одржување

  • Брзо печатење

    5,5 слики/мин. во боја и 9 црно-бели слики/мин.2

  • Едноставна ефикасност

    Зачувајте најмногу 5 приспособени шаблони3 за побрзо печатење

Што содржи кутијата

  • Подгответе се за напорна работа и печатење со сета опрема што ви е потребна:

  • PIXMA TR150 од Canon со батерија

  • AC-адаптер

  • Кабел за напојување

  • Резервоари за мастило: црно мастило со пигмент PGI-35, бои CLI-36 CMYK

  • Глава на печатач

  • CD-ROM за поставување

  • Кабел со USB-приклучок од тип C

  • Додаток за батерија на полнење LK-72

  • Упатства и други документи

Производите од Canon го вадат најдоброто од нив

Користењето на мастилата и хартиите од Canon во комбинација со вашиот печатач од Canon ви дава исклучителни резултати со фотолабораториски квалитет во секое време.

  • Апликација Canon PRINT

    Испраќајте фотографии на вашиот домашен печатач за само неколку секунди.

  • Палета на PIXMA хартии

    Пронајдете ја вистинската хартија за вашите потреби и добијте фотографии со фотолабораториски квалитет.

  • Извлечете максимум од вашиот печатач

    Дознајте како да печатите фотографии од вашиот паметен уред, да создавате модели од хартија, приспособени налепници за нокти, календари, честитки и многу повеќе.

  • Апликација Creative Park

    Од едноставни идеи за модели па сè до 3D-модели во оригами стил - внесете ја забавата со моделите од хартија во секојдневниот живот и додајте уникатни елементи во вашите креации со функцијата за уредување.

Слични производи

Може да ве интересира и

  1. 1 Отпечатено преку USB-врска без поврзување преку Wi-Fi.

    2 Врз основа на забрзано тестирање од Canon во темна просторија за складирање со контролирана температура, влажност и гасови, симулирајќи простор за складирање во албум со пластични прегради за слики. Canon не дава гаранција за долготрајноста на отпечатените материјали; резултатите може да бидат различни во зависност од отпечатената слика, времето на сушење, условите за складирање/изложување и други фактори во опкружувањето.

    3 Брзините на печатење документи се просечни вредности добиени од ESAT (Word, Excel, PDF) за тестот за категорија канцеларии за зададениот едностран режим, ISO/IEC 24734. Брзината на печатење може да биде различна во зависност од конфигурацијата на системот, интерфејсот, софтверот, сложеноста на документот, режимот на печатење, покриеноста на страницата, типот на користена хартија итн.

    4 Шаблоните треба да се вчитаат во печатачот преку драјверот за печатачи од Canon, што е можно само преку компјутер со Windows.

    5 Поддршката за 5 GHz може да не биде достапна во вашиот регион.