СОФТВЕР И ДОПОЛНИТЕЛНИ КОМПОНЕНТИ
Софтвер и дополнителни компоненти за СИСТЕМОТ EOS VR
За правилно уживање во снимените материјали или фотографии од типот 180° VR преку систем за виртуелна реалност што се поставува на глава, редоследот на сликите за левото и десното око мора да се менува и мора да се изврши проекција со правоаголна конверзија на еднакво растојание на двете кружни слики со ефект на рибино око. Ваква проекција со правоаголна конверзија на еднакво растојание може да извршите со помош на софтверот EOS VR Utility од Canon за ефикасно да ги „коригирате“ двете кружни слики со ефект на рибино око и да ги претворите во две „квадратни“ слики поставени една до друга (стандарден формат за датотеки на слики од типот 180° VR), со што ќе ги подготвите за гледање преку систем за виртуелна реалност што се поставува на глава или за уредување со помош на компатибилна апликација или системот NLE. Едно од полињата за потврда во EOS VR Utility им овозможува на корисниците да избираат помеѓу приказ со конверзија и приказ без конверзија.
Компатибилните RAW-видеодатотеки снимени со поддржани фотоапарати (вклучувајќи датотеки 8K / 60P RAW LT од EOS R5 C) се обработуваат автоматски во EOS VR Utility, што дополнително ги олеснува работните процеси со RAW-формати. Пристапот до основни параметри за прилагодување, како баланс на белата боја, ISO, светлина, простор на бои и гама, овозможува професионално снимање со голем динамички опсег
Датотеката за видео може да ја прегледувате и репродуцирате додека ги обележувате саканите влезни и излезни точки за извезување.
Датотеките со видео може да се извезат во различни резолуции и професионални кодеци, меѓу кои и датотеките DPX и ProRes (Mac), што ќе бидат подготвени за уредување и градација во компатибилна апликација NLE како што е Adobe Premiere Pro. Фотографиите се извезуваат во JPEG-формат.
Premiere Pro од Adobe е водечка апликација во индустријата за создавање богати и реални содржини за виртуелна реалност. Дополнителната компонента EOS VR од Canon наменета за Adobe Premiere Pro ви овозможува автоматско извршување на правоаголната конверзија на еднакво растојание и беспрекорно увезување на вашите датотеки за виртуелна реалност од Canon во само еден едноставен чекор. Потоа, конвертираните датотеки може лесно да се додадат во вашата временска линија и да им се изврши уредување и градација на вообичаениот начин, со што ќе бидат подготвени за конечно извезување и дистрибуција.
Сите корисници ќе добијат бесплатен пробен период и ќе можат да конвертираат фотографии и видеоснимки пократки од две минути. Но, за извезување видеоснимки од две минути или подолги со EOS VR Utility или, пак, за увезување со дополнителната компонента EOS VR за Adobe Premiere Pro, ќе ви биде потребна парична претплата.
Систем Cinema EOS
Фотоапарати без огледало
RF-објектив за виртуелна реалност
За компатибилност со виртуелната реалност може да биде потребен најновиот фирмвер
ВЕ МОЛИМЕ ИМАЈТЕ ГО ПРЕДВИД СЛЕДНОТО: ОВОЈ СИСТЕМСКИ СОФТВЕР ЗА ВИРТУЕЛНА РЕАЛНОСТ МОЖЕ ДА СЕ РАЗЛИКУВА ОД КОМЕРЦИЈАЛНИОТ ПРОИЗВОД.