Софтвер и дополнителни компоненти за СИСТЕМОТ EOS VR

Дознајте како да создавате прекрасни тродимензионални содржини користејќи компатибилен EOS-фотоапарат за целосна слика и објектив RF 5.2mm F2.8L DUAL FISHEYE, со поедноставен и поефикасен работен процес благодарение на системот EOS VR.

EOS VR Utility

Сложениот процес на порамнување, синхронизација и спојување повеќе системи на датотеки/фотоапарати сега е бесконечно полесен благодарение на софтверот EOS VR Utility1 од Canon кој нуди многу поефикасен процес за конверзија на стереоскопските видеоматеријали и фотографии заради уредување и репродукција.

Проекција на слики со правоаголна конверзија на еднакво растојание

За правилно уживање во снимените материјали или фотографии од типот 180° VR преку систем за виртуелна реалност што се поставува на глава, редоследот на сликите за левото и десното око мора да се менува и мора да се изврши проекција со правоаголна конверзија на еднакво растојание на двете кружни слики со ефект на рибино око. Ваква проекција со правоаголна конверзија на еднакво растојание може да извршите со помош на софтверот EOS VR Utility од Canon за ефикасно да ги „коригирате“ двете кружни слики со ефект на рибино око и да ги претворите во две „квадратни“ слики поставени една до друга (стандарден формат за датотеки на слики од типот 180° VR), со што ќе ги подготвите за гледање преку систем за виртуелна реалност што се поставува на глава или за уредување со помош на компатибилна апликација или системот NLE. Едно од полињата за потврда во EOS VR Utility им овозможува на корисниците да избираат помеѓу приказ со конверзија и приказ без конверзија.

Поддршка за RAW-видео (8K / 60P)

Компатибилните RAW-видеодатотеки снимени со поддржани фотоапарати (вклучувајќи датотеки 8K / 60P RAW LT од EOS R5 C) се обработуваат автоматски во EOS VR Utility, што дополнително ги олеснува работните процеси со RAW-формати. Пристапот до основни параметри за прилагодување, како баланс на белата боја, ISO, светлина, простор на бои и гама, овозможува професионално снимање со голем динамички опсег

Основно уредување

Датотеката за видео може да ја прегледувате и репродуцирате додека ги обележувате саканите влезни и излезни точки за извезување.

Повеќе опции за извезување

Датотеките со видео може да се извезат во различни резолуции и професионални кодеци, меѓу кои и датотеките DPX и ProRes (Mac), што ќе бидат подготвени за уредување и градација во компатибилна апликација NLE како што е Adobe Premiere Pro. Фотографиите се извезуваат во JPEG-формат.

Дополнителна компонента EOS VR за Adobe Premiere Pro

Новата дополнителна компонента EOS VR за Adobe Premiere Pro1 им овозможува на креаторите на содржини да конвертираат и да уредуваат директно преку нивната апликација NLE и да извршуваат специјални задачи како градација и уредување.

Зошто Premiere Pro?

Premiere Pro од Adobe е водечка апликација во индустријата за создавање богати и реални содржини за виртуелна реалност. Дополнителната компонента EOS VR од Canon наменета за Adobe Premiere Pro ви овозможува автоматско извршување на правоаголната конверзија на еднакво растојание и беспрекорно увезување на вашите датотеки за виртуелна реалност од Canon во само еден едноставен чекор. Потоа, конвертираните датотеки може лесно да се додадат во вашата временска линија и да им се изврши уредување и градација на вообичаениот начин, со што ќе бидат подготвени за конечно извезување и дистрибуција.

Претплатете се и добијте повеќе

Сите корисници ќе добијат бесплатен пробен период и ќе можат да конвертираат фотографии и видеоснимки пократки од две минути. Но, за извезување видеоснимки од две минути или подолги со EOS VR Utility или, пак, за увезување со дополнителната компонента EOS VR за Adobe Premiere Pro, ќе ви биде потребна парична претплата.

Слични производи

  • RF-S 3.9mm F3.5 STM DUAL FISHEYE

    Откријте го извонредниот потенцијал на 3D со нов APS-C VR-објектив.
  • EOS R50 V

    Бидете креативни со фотоапарат со заменливи објективи претежно насочен кон снимање видео, опремен со напредни функции за снимање за да ги усовршите вашите содржини.
  • EOS R50

    Снимете ги вашите најдобри содржини со овој фотоапарат без огледало EOS R, од остри фотографии до 4K-видеоснимки и проследување во живо. Сè во еден наменски уред.
  • EOS R5 Mark II

    Усовршете го моментот со фотоапарат кој нуди спој од неверојатна брзина, извонредна резолуција и врвни 8K-видеозаписи.
  • EOS C80

    Подобрете ја вашата креативност со EOS C80, професионална и моќна видеокамера, за вашите видеопродукции и продукции во живо да ја добијат предноста што ја нуди сензор за целосна слика.
  • EOS C400

    Canon EOS C400 повторно ја дефинира разновидноста - дизајниран за врвни перформанси при снимање филмски содржини, емитување во живо и виртуелни продукции.
  1. EOS VR Utility и дополнителната компонента EOS VR за Adobe Premiere Pro се потребни за проекција со правоаголна конверзија на еднакво растојание на сликите од типот 180° VR снимени со компатибилен фотоапарат од Canon. Верзијата 1.2 или поновите верзии на EOS VR Utility овозможуваат конверзија на поддржани RAW-датотеки од Canon, вклучувајќи го форматот 8K RAW LT/60P од EOS R5 C (компатибилните RAW-формати може да се разликуваат во зависност од фотоапаратот), а нудат и поддршка за Apple Silicon и користење GPU. За конверзија на видеозаписи подолги од 2 минути можеби ќе треба да се претплатите на соодветна услуга, поради што ќе ви треба Canon ID-сметка. Исто така, ќе треба да инсталирате соодветен софтвер „HEVC Activator“ за фотоапаратот што го користите.
  2. За компатибилност со виртуелната реалност може да биде потребен најновиот фирмвер

    ВЕ МОЛИМЕ ИМАЈТЕ ГО ПРЕДВИД СЛЕДНОТО: ОВОЈ СИСТЕМСКИ СОФТВЕР ЗА ВИРТУЕЛНА РЕАЛНОСТ МОЖЕ ДА СЕ РАЗЛИКУВА ОД КОМЕРЦИЈАЛНИОТ ПРОИЗВОД.