Патувајте со лесен багаж благодарение на нашите најпреносливи двогледи со стабилизација на слика.
Нашите компактни и преносливи двогледи се добро урамнотежени и практични за носење, нудат стабилност, јасност и можност за избирање на доближувањето. Користете ги удобно во долги временски периоди или за повремено пребарување одредени предмети за време на патувањата.
Нашиот лесен двоглед - 8x25 IS - тежи само 480 g и може да се носи во торба или во џеб. Поголемите 10x30 IS II, 12x36 IS III и 10x32 IS тежат 600 g, 660 g и 780 g соодветно, но нудат поголемо доближување и поширок приказ што е идеален за сафари.
Уживајте во поопуштено доживување при гледањето од автомобил или брод во движење или, пак, кога сте на прошетка. Оптичката стабилизација на слика (IS) од Canon коригира повеќе видови на движења за да овозможи неверојатно стабилен и јасен приказ за помал замор на очите.
Компактните двогледи се совршени придружници за патување и се идеални за гледање далечни градски сцени и препознавање животни и растенија во природата. Или, пак, користете ги за претстави и концерти во затворени простории за да добиете ексклузивно место во првиот ред за време на изведбата.
Благодарение на оптичката експертиза на Canon ќе уживате во јасен и детален приказ. Освен тоа, секој двоглед може да се прилагоди кон видот на очите, а моделите со поголемо доближување може да се држат полесно кога носите ракавици благодарение на гумираниот држач.
Изберете некој од нашите најпреносливи двогледи со стабилизација на слика за максимално уживање при патувањата.
Разгледајте ја целата наша палета на двогледи и добијте ги информациите што ви се потребни за да го изберете соодветниот двоглед.
Пренослив и компактен двоглед за реално доживување при гледање птици.
Цврст и водоотпорен двоглед кој е отпорен на сите временски услови, наменет за активности на вода.
Доближете се до ѕвездите и планетите со нашите двогледи со најголем зум.