Следете ги сите случувања на спортските настани како трки со коњи и мотори или паради со авиони.
Нашите компактни и преносливи двогледи за трки ќе ве доближат до случувањата со поголема удобност. Оптичката стабилизација на слика овозможува извонредно стабилна слика при рачно користење, а широкото видно поле овозможува полесно пребарување на патеката за трки или небото и следење на предметите што се движат брзо.
Доближувањето од 8x до 12x е идеално за надворешни спортски настани. Степените на доближување од 10x и 12x се идеални за паради со авиони или на места каде што сте оддалечени од случувањата, а доближувањето од 8x е добар избор за настани во затворени простории.
Опуштете се на патеките за трки со неверојатно стабилен приказ при рачно користење, благодарение на оптичката стабилизација на слика (IS) од Canon која врши корекција на многу различни видови на движења и потреси. Предметите што се движат брзо можат лесно да се препознаат и следат со поддршката за рамномерно поместување.
Нашите двогледи за спортски настани ќе ве приближат до случувањата прикажувајќи јасни и остри детали, благодарение на прецизната оптика и Super Spectra слоевите за објективи од Canon. Елементот за израмнување на полето овозможува детален приказ низ целата површина на сликата и го намалува заморот на очите.
Одлично балансираниот дизајн овозможува удобно и лесно користење во долги временски периоди. Големите и гумени заштитници за очи може да се преклопат наназад доколку носите очила, а опцијата за прилагодување на диоптерот ја прилагодува оптиката според вашиот вид. Заштитете го вашиот двоглед со лента и торбичка за носење.
Изберете степен на доближување што соодветно ќе ве доближи до случувањата.
Разгледајте ја целата наша палета на двогледи и добијте ги информациите што ви се потребни за да го изберете соодветниот двоглед.
Пренослив и компактен двоглед за реално доживување при гледање птици.
Цврст и водоотпорен двоглед кој е отпорен на сите временски услови, наменет за активности на вода.
Патувајте со лесен багаж со нашите компактни двогледи со висока резолуција.
Доближете се до ѕвездите и планетите со нашите двогледи со најголем зум.