Ново

Canon Серија i-SENSYS MF460 II

Компактни и брзи повеќефункционални канцелариски црно-бели печатачи за вашите секојдневни потреби за печатење и скенирање.

Придобивки

Зголемете ја продуктивноста

Подобрете ја соработката и продуктивноста со големи брзини на печатење и скенирање. Лесно скенирајте мали документи, вклучувајќи чекови и сметки.

Беспрекорно корисничко доживување

Користете го интуитивниот кориснички интерфејс за лесно да извршувате задачи за печатење и скенирање и брзо достигнете до релевантни делови од онлајн прирачникот преку QR-код. Заштедете време со главното поставување кое автоматски презема и инсталира софтвер.

Безбедност од 360 степени

Security Settings Navigator препорачува соодветни поставки за да ве заштити од прекршување на безбедноста и кибер-закани.

Подобрете ги напорите за одржливост

Свесно потрудете се да ја поддржите животната средина со уреди направени со рециклирана пластика. Мала потрошувачка на енергија значи и намалени емисии на јаглерод.

За максимално да го искористите вашиот печатач, посетете ја нашата веб-страница за поддршка

Дознајте повеќе за брзите, компактни и безбедни уреди во серијата MF460dw II.

i-SENSYS MF460 II Series

i-SENSYS MF465dw II

i-SENSYS MF460 II Series

i-SENSYS MF463dw II

i-SENSYS MF460 II Series

i-SENSYS MF461dw II

Основни функции

Печатење, копирање, скенирање, испраќање на факсови
Печатење, копирање, скенирање
Печатење, копирање, скенирање

Брзина на печатење во A4-формат

40 стр./мин.
40 стр./мин.
36 стр./мин.

Брзина на скенирање

100 слики/мин.
100 слики/мин.
100 слики/мин.

Преземете содржина

Дознајте повеќе за начинот на кој производите од Canon може да го подобрат вашето деловно работење

Откријте ласерски печатачи за во домот и за во канцеларија

Наменети за канцелариска или домашна употреба, вашиот ласерски печатач ќе ја подобри брзината на печатење без намалување на квалитетот. Имаме ласерски печатачи за црно-бело печатење и ласерски печатачи во боја. Загрижени сте за просторот? Нашата палета на ласерски печатачи за во домот е компактна и не зафаќа многу простор.

Често поставувани прашања

  • Печатачите од серијата i-SENSYS MF460 II претставуваат повеќефункционални печатачи во боја за A4-формати, дизајнирани за мали канцеларии и лица кои работат од дома. Идеални се за секојдневно печатење и скенирање и нудат голема продуктивност со компактен дизајн кој лесно се вклопува во секое работно опкружување.

  • Да, печатачите од серијата i-SENSYS MF460 II се компактни, лесни и се изградени со рециклирани материјали. Малата потрошувачка на енергија ги прави паметен избор за еколошки совесните корисници кои сакаат да ги поддржат своите цели за одржливост.

  • Компанијата Canon нуди сеопфатен пристап кон безбедноста на податоците. Печатачите од серијата i-SENSYS MF460 II се развиени со филозофија „безбедни по дизајн“, што значи дека подлежат на строги безбедносни проверки за време на дизајнирањето и развојот. Вклучуваат голем број безбедносни функции, како Security Settings Navigator, кој им помага на корисниците да управуваат со ризиците по безбедноста лесно и ефикасно.

  • Печатачите од серијата i-SENSYS MF460 II нудат голем број напредни функции дизајнирани за зголемување на продуктивноста, безбедноста, корисничкото доживување и одржливоста.

    • Напредна безбедност: вклучува современи протоколи за безбедност како SMB 3.1.1, WPA3 и OAuth 2.0, заедно со Security Settings Navigator за лесна конфигурација и управување.
    • Практичен интерфејс: се одликува со модерен и интуитивен кориснички интерфејс за беспрекорно печатење, како и QR-кодови кои им помагаат на корисниците да ги најдат релевантните делови од онлајн прирачникот за брзо решавање проблеми и добивање насоки.
    • Одржлив дизајн: изградени со поголем процент рециклирани материјали и компактен дизајн со мала тежина кој ги поддржува вашите цели за одржливост.

Security Settings Navigator

Создајте безбеден екосистем за печатење и скенирање со бесплатниот и практичен Security Settings Navigator од Canon.

Апликација Canon PRINT

Бесплатната апликација ви овозможува да печатите фотографии и документи, да ги читате скенираните податоци и да префрлувате содржини во услугите за складирање на Cloud користејќи голем избор на печатачи од Canon, директно од вашите мобилни уреди.

Безбедност на уредот

Модерното деловно работење не се одвива само на едно место. Затоа користиме безбедност од 360° за хардвер за да ви помогнеме да управувате со ризиците во мрежата на вашите уреди за печатење и скенирање. Не дозволувајте уредите да ве разочараат.

Одржливост

Од иновативното произведување и процес на дизајнирање кој го цели отпадот од почеток, сѐ до репарирани и повторно изработени уреди за поддршка на кружната економија, портфолиото за печатење и скенирање од Canon е создадено земајќи го предвид намалувањето на емисиите на јаглерод и ефикасност на ресурсите.