Достапни функции
Брзина на печатење (A4)
Поврзување со Cloud
Безбедност
Екран
Еднострано/двострано печатење
Еднострано/двострано скенирање
Application Library
Безжично поврзување
Повеќефункционални црно-бели печатачи
Печатење и скенирање со високи перформанси со компактни повеќефункционални црно-бели ласерски печатачи со многу опции за поврзување.
Вградените опции за поврзување со Cloud се подготвени за користење веднаш по вклучувањето на уредот за да можете да печатите и скенирате директно кон и од услугите за складирање на Cloud како Google Drive, DropBox и OneDrive.
Во безбедносните функции спаѓа функцијата за безбедносен PIN која го ограничува пристапот до отпечатените важни документи и функцијата за проверка на системот при вклучувањето која ги заштитува уредите од хакирање и закани од вируси.
Извонредните брзини на печатење до 43 стр./мин., двостраното печатење и двостраното скенирање во едно поминување овозможуваат повисоки нивоа на продуктивност.
Заштедете време со поставување копчиња на екранот за работните процеси што најчесто ги користите со помош на Application Library, за да можете да печатите зачувани формулари и да скенирате кон е-пошта со еден допир.
Користете ја апликацијата Canon PRINT Business, Apple AirPrint или Android Mopria за да печатите практично од секоја локација преку вашиот паметен телефон или таблет-уред.
Дознајте повеќе за начинот на кој серијата i-SENSYS MF550 од Canon може да ја подобри продуктивноста на вашето деловно работење.
Погледнете ги техничките спецификации за секој модел од серијата i-SENSYS MF550 од Canon.
ПРОИЗВОД
Зголемете ја продуктивноста при деловното работење благодарение на брзината, сигурноста и можностите за поврзување на палетата i-SENSYS од Canon.
Повеќефункционални печатачи во боја
Повеќефункционални црно-бели печатачи
Бесплатната апликација ви овозможува да печатите фотографии и документи, да ги читате скенираните податоци и да префрлувате содржини во услугите за складирање на Cloud користејќи голем избор на печатачи од Canon, директно од вашите мобилни уреди.