Функција
Брзина на печатење/скенирање
Поврзување со Cloud
Безбедност
-
Повеќефункционални црно-бели печатачи за A3-формати кои се одликуваат со најновите решенија за Cloud и напредни технологии, како вештачка интелигенција и машинско учење, за генерирање ненадминат квалитет на печатење, безбедност и сигурност.
Создајте висококвалитетни документи, благодарение на нашата уникатна и иновативна технологија за печатење OLED со која ќе реализирате резолуција на печатење која е најдобра во класата.
Вградените паметни сензори и вештачка интелигенција со машинско учење ги максимизираат перформансите и гарантираат континуитет во печатењето и скенирањето, без прекини. Издржливиот дизајн и уникатната технологија со заварени рамки ја зголемуваат долготрајната издржливост и ги намалуваат трошоците.
Уживајте во целосна безгрижност со безбедносни функции кои се водечки во класата и поставки за безбедност препорачани од вештачка интелигенција што ја користат политиката Zero Trust за да ги заштитат вашиот уред, мрежа и чувствителни податоци.
Дознајте повеќеПриоретизирајте ја одржливоста со уреди изградени со 30% рециклирани материјали, со што нудат најмала потрошувачка на енергија во нивниот сегмент на пазарот. Минимизирајте ја непотребната потрошувачка на хартија и мастило со печатење без грешки и дополнително намалете ги емисиите за време на транспортот, благодарение на малата тежина.
Користете го големиот и интуитивен кориснички интерфејс за лесно извршување на задачи за печатење и скенирање и персонализирајте ги работните процеси по вашите критериуми. Ергономскиот и практичен дизајн ги прави овие уреди соодветни за сите, а тивкото функционирање гарантира интеграција на уредот во секое работно место, без прекин на продуктивноста.
Уживајте во придобивките од уреди за брзо печатење и скенирање кои ја поддржуваат побарувачката за голема продуктивност во канцелариско опкружување со поддршка за голем опсег на хартиени медиуми, откривање на повлекување повеќе листови и многу опции за завршна обработка со кои ќе ги подобрите деловните перформанси.
Брзина печатење до 70 стр./мин. и брзина на скенирање до 270 слики/мин., како и поддршка за различни големини на медиуми за печатење и тежини на хартија
Различни опции за завршна обработка, како превиткување хартија/печатење брошури, V-превиткување, C-превиткување и Z-превиткување, захефтување и средишно спојување, како и можност за печатење врз тешка хартија (300 gsm)
Магацинот за хартија и опциите за снабдување на касетата можат да го зголемат капацитетот за снабдување со хартија до неверојатни 6.350 листови
Револуционерната технологија за изложување со висока резолуција испорачува резолуција на печатење од 4.800 x 2.400 dpi која е водечка на пазарот за исклучителен и професионален квалитет на печатење
Опремен е со поврзани паметни сензори и користи алгоритми за предвидување на одржување кои користат вештачка интелигенција со машинско учење за да се предвиди работниот век на деловите и да се минимизира времето на неактивност
Откривањето и решавањето проблеми е поедноставено со QR-код кој обезбедува моментален пристап до онлајн прирачникот за дополнителна поддршка
Проверка на идентитет во повеќе чекори, откривање на неовластено ракување со фирмвер, компатибилност со SIEM и шифрирањето на складирањето со сертификат FIPS 140-3 ги штитат уредите од надворешни и внатрешни напади
Автентикацијата EEE802.1x и методите за шифрирање на комуникација како WPA3 и TLS1.3 ја штитат вашата мрежа од прислушкување
Вградено ограничување на користењето, шифриран PDF и дигитален потпис овозможуваат безбедно печатење, дистрибуција и споделување чувствителни информации
Со најмалку 30% рециклирана пластика во куќиштето на машините, со пакување изработено од одржлив картон и делови што користат дополнително рециклирани материјали
Напредни решенија како економично враќање во работа и тонер со ниска точка на топење ја намалуваат потрошувачката на енергија за да заштедите енергија и за да ги намалите работните трошоци.
Се одржува потивко функционирање при скенирање и печатење од сите фиоки за хартија, со што се гарантира минимален шум во канцелариски опкружувања
Интуитивен LCD-екран во боја со големина од 10,1”/25,7 cm, практични кратенки како кај мобилните уреди и копчиња на еден допир за ефикасно управување со сите функции за печатење и скенирање
Многу видливи и контрастни палети на бои и кружен дизајн на читачот за подобрена прегледност и полесно отстранување на хартија
Висококвалитетен механизам за внесување хартија во касети што се затвора сам доаѓа стандардно
Погледнете ги техничките спецификации за секој модел од серијата imageFORCE C6100.
Надворешна единица за завршна обработка со 2 фаха и вкупен излезен капацитет од 3.250 листови. Захефтување во агол и двојно захефтување до 65 листови истовремено и средишно спојување за брошури до 20 листови. Еко захефтување без хефталки до 10 листови и V-превиткување до 5 листови/C-превиткување до 6 листови (A4).
Нуди опции за Z-превиткување со капацитет за 1 лист.
*Потребна е единицата Buffer Pass и надворешна единица за завршна обработка
Надворешна единица за завршна обработка со 2 фаха и вкупен излезен капацитет од 3.250 листови. Захефтување во агол и двојно захефтување до 65 листови истовремено. Еко захефтување без хефталки до 10 листови (A4).
Нашата нова технолошка платформа што применува иновативна технологија за да понуди нови нивоа на безбедност, сигурност и квалитет за вашето деловно работење, овозможувајќи го вашиот иден развој.
Повеќефункционалните уреди за црно-бело печатење од серијата imageFORCE 6100 се наменети за бизниси кои сакаат да ја подобрат својата конкурентност со усвојување на најновите решенија за Cloud и напредни технологии како вештачка интелигенција и машинско учење. Тие нудат ненадминат квалитет на печатење, безбедност и сигурност, како и печатење и скенирање со голема брзина во голем обем за подобрување на деловната ефикасност и забрзување на дигитизацијата на работните процеси за документи.
Благодарение на компактната големина, изработката од рециклирани материјали со што се нуди намалена потрошувачка на енергија, тивко функционирање и одржливи функции како еко захефтување, овие печатачи се вклопуваат беспрекорно во секој работен простор за да ги подобрите вашите цели за одржливост
Поради холистичкиот пристап на Canon кон безбедноста на информациите, едноставно е да се одржи безбедноста, без разлика на тоа од каде се пристапува кон информациите, од каде се управува со нив и каде се обработуваат. Нашиот етос гласи „дизајнирани за безбедност“, што значи дека ја проверуваме безбедноста на производите од серијата imageFORCE 6100 при дизајнирањето и развојот, при што нудиме многу можности за безбедност, вклучувајќи и поставки за безбедност препорачани од вештачка интелигенција за да управувате со ризиците по безбедноста на податоците низ целата инфраструктура за печатење и скенирање.
Повеќефункционалните печатачи од серијата imageFORCE 6100 нудат ненадмината сигурност и гарантираат дека се секогаш достапни кога ви требаат. Уредите можат да го предвидат работниот век на компонентите, благодарение на поврзаните паметни сензори кои ги следат компонентите и собираат податоци со технологија потпомогната од вештачка интелигенција со машинско учење, со што ќе уживате во непрекинати работни процеси, ќе одржувате сигурни перформанси и ќе имате целосна контрола над задачите за печатење, а притоа ќе заштедите време и ќе ги намалите трошоците.
Уредите од серијата imageFORCE 6100 користат фирмвер којшто е однапред обучен со вештачка интелигенција со машинско учење која може да препорача оптимални безбедносни конфигурации, со што ги намалува слабостите во безбедноста - многу корисно за организации со ограничено професионално искуство со IT.
Унапредете ја вашата дигитална трансформација независно од локацијата од којашто работите со помош на нашите комбинирани услуги и решенија за управување со уредите и информациите предвидени за беспрекорна интеграција на хартиениот и дигиталниот формат.
Модерното деловно работење не се одвива само на едно место. Затоа користиме безбедност од 360° за хардвер за да ви помогнеме да управувате со ризиците во мрежата на вашите уреди за печатење и скенирање. Не дозволувајте уредите да ве разочараат.
Од иновативното произведување и процес на дизајнирање кој го цели отпадот од почеток, сѐ до репарирани и повторно изработени уреди за поддршка на кружната економија, портфолиото за печатење и скенирање од Canon е создадено земајќи го предвид намалувањето на емисиите на јаглерод и ефикасност на ресурсите.
Од безбедност која постојано се усовршува и интуитивно корисничко доживување до поврзување со Cloud и одржливост, нашето ненадминато портфолио од канцелариски печатачи, скенери и повеќефункционални уреди ви ја нуди сета потребна технологија за да ги задоволите променливите барања на вашите вработени, денес и во иднина.