imageRUNNER ADVANCE DX 4900 Series

Повеќефункционални црно-бели печатачи

Canon Серија imageRUNNER ADVANCE DX 4900

Зголемете ја продуктивноста во вашето деловно опкружување со паметен, одржлив и повеќефункционален уред за црно-бело печатење во A3-формат.

  • До 45 стр./мин.

    брзина на печатење

  • 270 слики/мин. (A4)

    двострано скенирање

  • 10,1 инчи

    дигитален екран на допир во боја

  • Поврзување со Cloud

    со uniFLOW Online

  • Мали вредности на TEC

    со функции за заштеда на енергија

  • Придонесуваат за безбедна и продуктивна работа во модерните и хибридни опкружувања

    Олеснете ја соработката и далечинското работење со решенија коишто овозможуваат непречено работење без разлика на локацијата, вклучувајќи и печатење од мобилни уреди и скенирање на дигитални работни процеси.

    Зголемете ја ефикасноста

    Печатењето со голема брзина и прецизното скенирање, со подобро ракување со медиуми и поддршка за повеќе видови на хартија, ја зголемуваат деловната продуктивност преку иновативни технологии.

    Печатете директно од Cloud

    uniFLOW Online овозможува соработка преку Cloud со лесен пристап до документите, проверка на идентитетот на корисниците и централизирано управување со уредите.

    Заштитете се од надворешни напади

    Поддршката за TPM 2.0 и WPA3, проверката на системот при вклучувањето со поддршка за заштита на фирмверот на платформата (NIST SP800-193) и автоматско враќање во функција на системот, како и McAfee Embedded Control, ги заштитуваат вашите документи, мрежа и уред.

    Добијте максимално време на активна работа на уредот

    Заштедете пари преку минимизирање на бројот на повикувања сервисер благодарение на лесното сервисирање што опфаќа шишиња со тонер што не создаваат неред, далечинско следење и автоматско нарачување потрошни материјали, како и делови со голема издржливост.

    imageRUNNER ADVANCE DX 4900 Series

    Уште помало влијание врз животната средина

    Режимот за економично враќање во работа ја намалува потрошувачката на енергија и ги намалува работните трошоци благодарение на сензорот за движења што автоматски го активира уредот од режим на мирување, а дизајнот и технологиите придонесуваат за минимален шум.

    Печатете резултати со висока резолуција

    Врвниот квалитет на слика е резултат на напредната технологија за изострување и подобрената градација на фотографиите, кои создаваат остри линии и јасен текст со голема брзина, дури и со мали димензии.

    Поедноставете ги работните процеси

    Пристапувајте до функциите брзо и интуитивно преку приспособливиот екран кој нуди кратенки за често користените постапки или, пак, далечински преку апликацијата Canon PRINT Business.

    imageRUNNER ADVANCE DX 4900 Series
    imageRUNNER ADVANCE DX 4800 Series
    • Единица за завршна обработка со захефтување

      Вградената единица за завршна обработка со захефтување поддржува захефтување без хефталки и рачно захефтување со поголем капацитет за хартија, не е штетна за животната средина, ги намалува трошоците за потрошни материјали и отпадот, а притоа нуди висококвалитетна завршна обработка.

    • Единица за завршна обработка на брошури

      Зголемениот капацитет за листови и поддршката за приспособени видови на хартија, како и неограниченото спојување брошури и двојното превиткување на 3 листови го зголемуваат квалитетот на печатење, а подобриот пристап го олеснува отстранувањето на заглавената хартија.

    ПРОИЗВОД

    Серија imageRUNNER ADVANCE DX 4900

    Палета на сигурни повеќефункционални уреди за црно-бело печатење во A3-формат што се дизајнирани да ги задоволат сите ваши деловни потреби.

    imageRUNNER ADVANCE DX 4900 Series

    imageRUNNER ADVANCE DX 4945i

    imageRUNNER ADVANCE DX 4900 Series

    imageRUNNER ADVANCE DX 4935i

    imageRUNNER ADVANCE DX 4900 Series

    imageRUNNER ADVANCE DX 4925i

    Достапни функции

    Печатење, копирање, скенирање, испраќање, складирање и изборен факс
    Печатење, копирање, скенирање, испраќање, складирање и изборен факс
    Печатење, копирање, скенирање, испраќање, складирање и изборен факс

    Екран

    TFT LCD WSVGA-екран на допир во боја од 10,1”
    TFT LCD WSVGA-екран на допир во боја од 10,1”
    TFT LCD WSVGA-екран на допир во боја од 10,1”

    Брзина на печатење

    45 стр./мин. (A4)
    35 стр./мин. (A4)
    25 стр./мин. (A4)

    Брзина на скенирање

    До 270 слики/мин. (A4)
    До 270 слики/мин. (A4)
    До 270 слики/мин. (A4)

    Мемориски простор

    SSD до 1 TB
    SSD до 1 TB
    SSD до 1 TB

    Опции за поврзување

    uniFLOW Online, AirPrint, Mopria, Universal Print by Microsoft и апликација Canon PRINT Business
    uniFLOW Online, AirPrint, Mopria, Universal Print by Microsoft и апликација Canon PRINT Business
    uniFLOW Online, AirPrint, Mopria, Universal Print by Microsoft и апликација Canon PRINT Business

    Капацитет за хартија

    До 3.650 листови
    До 3.650 листови
    До 3.650 листови

    Преземете содржина

    Дознајте како безбедната и одржлива серија imageRUNNER ADVANCE DX 4900 со мали димензии може да го подобри вашето деловно опкружување

    Слични производи и решенија

  • imageRUNNER ADVANCE DX

    Зголемете ја работната сила и забрзајте ја дигиталната трансформација преку подобрување на работните процеси и продуктивноста на вашето деловно работење со паметна технологија.

  • Софтвер

    Cloud Connector

    Зголемете ја ефикасноста, продуктивноста и соработката со интуитивно и сигурно Cloud-решение за кое не е потребен ИТ-администратор.

  • uniFLOW Online

    Моќно управување со печатењето преку Cloud благодарение на напредниот софтвер. Добијте подобри опции за поврзување и намалете ги трошоците преку интелигентна ревизија, буџетирање и создавање извештаи.

  • Серија imageRUNNER 2900

    Брз и сигурен црно-бел печатач за A3-формати што нуди различни конфигурации за печатење врз повеќе видови и големини на медиуми.

  • Истражете повеќе

  • Зголемете ја деловната продуктивност со Canon

    Canon е запознаен со актуелните предизвици со коишто се соочуваат компаниите. Токму поради ова, ви нудиме портфолио за печатење коешто ќе ѝ помогне на вашата компанија да ја подобри продуктивноста.

  • Решенија за комуникација со потрошувачите и автоматизација на печатењето документи

    Подобрете го вашето деловно работење и откријте нови начини за комуникација со потрошувачите користејќи ги нашите решенија за дигитална комуникација

  • РЕШЕНИЈА

    Услуги за дигитална трансформација

    Напредувајте во дигиталната трансформација со спојување на нашите управувани услуги за печатење од деловна класа и решенијата за соработка во работниот простор во еден пакет

    Image representing digital transformation services.

    Сакате да дознаете повеќе за овој производ?

    Someone using the Canon PRINT business App on their phone

    Апликација Canon PRINT Business

    Бесплатната апликација ви овозможува да печатите фотографии и документи, да ги читате скенираните податоци и да префрлувате содржини во услугите за складирање на Cloud користејќи голем избор на печатачи од Canon, директно од вашите мобилни уреди.