Компатибилност со објективи

Дознајте повеќе за различните типови на објективи за фотоапарати од Canon и како да препознаете дали се компатибилни со вашиот фотоапарат.
Жена прикачува RF-објектив на фотоапарат со R-систем.

Приклучоци за објективи од Canon

Најлесниот начин да дознаете кои објективи се компатибилни со вашиот фотоапарат е да ги погледнете индексните ознаки на приклучокот за објектив на предниот дел од фотоапаратот. Едноставно отстранете го објективот од фотоапаратот со притиснување на копчето за ослободување на објективот и вртење на објективот во спротивен правец од стрелките на часовникот. Фотоапаратите од Canon имаат четири типа на приклучоци.

  • Слика одблиску од црвена линија сместена централно горе на приклучокот од фотоапарат EOS R.

    RF

    Црвена линија на приклучокот за објективи означува дека вашиот фотоапарат е R-систем без огледало и е целосно компатибилен со RF-објективи. Објективите EF, EF-S, TS-E и MP-E може да се користат со сите адаптери EF-EOS R.

  • Слика одблиску од црвениот круг сместен централно горе на приклучокот на фотоапарат EOS 6D Mark II.

    EF

    Црвен круг на приклучокот за објективи означува дека вашиот фотоапарат е од типот DSLR за целосна слика и е компатибилен со EF-објективи и специјалните објективи TS-E и MP-E.

  • Слика одблиску од црвен круг сместен централно горе на приклучокот и бел круг десно горе на приклучокот на фотоапарат EOS 200D.

    EF-S

    Црвен круг и бел квадрат на приклучокот за објективи означува дека вашиот фотоапарат е од типот APS-C DSLR и е компатибилен со објективи EF-S, EF, TS-E и MP-E.

  • Слика одблиску од бел круг сместен горе лево на приклучокот на фотоапарат EOS M50.

    EF-M

    Бел круг на приклучокот за објективи означува дека вашиот фотоапарат е APS-C без огледало од серијата EOS M и е целосно компатибилен со објективите EF-M. Објективите EF, EF-S, TS-E и MP-E може да се користат и со адаптер EF-EOS M.

  • Табела на компатибилност на објективи од Canon

    Достапни се четири различни типови на објективи за фотоапарати од Canon со заменливи објективи, и тоа RF, EF, EF-S и EF-M. Кога се работи за објективи, треба да изберете објектив кој ќе функционира со вашиот фотоапарат.

    Објективи \ фотоапарат

    EOS R систем за целосна слика

    EOS APS-C DSLR

    EOS DSLR за целосна слика

    Серија EOS M

    RF


    Целосно компатибилен


    Некомпатибилен


    Некомпатибилен


    Некомпатибилен

    EF, TS-E, MP-E


    Компатибилен со адаптер EF-EOS R


    Целосно компатибилен1


    Целосно компатибилен


    Компатибилен со адаптер EF-EOS M 1

    EF-S


    Компатибилен со адаптер EF-EOS R 1


    Целосно компатибилен1


    Некомпатибилен


    Компатибилен со адаптер EF-EOS M 1

    EF-M


    Некомпатибилен


    Некомпатибилен


    Некомпатибилен


    Целосно компатибилен1

    1. Комбинацијата од објектив и фотоапарат ќе има фактор на отсекување од 1,6.

    Адаптери за монтирање објективи од Canon

    Адаптерите за монтирање објективи од Canon нудат целосна компатибилност со објективите EF, EF-S, TS-E и MP-E од Canon, со што на корисниците на фотоапарати од сериите EOS R и EOS M од Canon им овозможуваат целосна интеграција со постоечките објективи.*

  • Адаптер за монтирање објективи EF-EOS R прикажан странично.

    Адаптер за монтирање објективи EF-EOS R

    Стандардниот адаптер за монтирање објективи EF-EOS R овозможува користење на објективите EF, EF-S, TS-E и MP-E со фотоапарати EOS R.

  • Адаптер за монтирање објективи со прстен за контрола EF-EOS R прикажан странично.

    Адаптер за монтирање објективи со контролен прстен EF-EOS R

    Адаптерот за монтирање објективи со контролен прстен EF-EOS R ја нуди истата конверзија на приклучок за објективи како и адаптерот за монтирање објективи EF-EOS R, но придодава и контролен прстен на објективот.

  • Адаптер за монтирање објективи со внатрешен филтер EF-EOS R прикажан странично.

    Адаптер за монтирање објективи со внатрешен филтер EF-EOS R

    Адаптерот за монтирање внатрешен филтер EF-EOS R ја има истата функција како и адаптерот за монтирање објективи EF-EOS R и придодава можност за користење внатрешни филтри.

  • Адаптер за монтирање објективи EF-EOS M прикажан странично.

    Адаптер за монтирање EF-EOS M

    Изберете објектив од големата палета на Canon во којашто се вбројуваат објективите EF, EF-S, TS-E и MP-E и прикачете го за фотоапарат од серијата EOS M со користење на малиот и лесен адаптер за монтирање EF-M.

  • Кои типови на објективи се достапни?

    Разгледајте ја обемната палета на заменливи објективи од Canon за фотоапаратите EOS DSLR и фотоапаратите EOS без огледало.

    RF

    Предвидени за употреба со фотоапаратите со R-систем, RF-објективите нудат подобар квалитет, брзина и функционалност благодарение на врвната оптичка технологија и дизајн. Уникатниот 12-пински приклучок на фотоапаратите EOS R значително ја подобрува врската помеѓу објективот и куќиштето на фотоапаратот, со што овозможува поголема брзина од претходно. Приклучокот за EF-објективи е широк 54 mm со мала длабочина од приклучокот до сензорот. Дизајнот овозможува објективот да се наоѓа поблиску до сензорот што овозможува создавање на побрза, посветла и поквалитетна оптика со ненадминати перформанси. RF-објективите имаат подобрени можности за снимање видеоприкази и дополнителни практични карактеристики, како што е прстенот за контрола и покомпактни димензии.

    Објектив RF100mm F2.8 L MACRO IS USM е поставен на дрвена маса на којашто има пеперутка.

    EF, TS-E, MP-E

    Првиот систем на EOS фотоапарат бил изработен во 1987. Неговата главна карактеристика бил приклучокот за EF-објективи којшто за првпат ги поврзувал објективите со куќиштето на фотоапаратот по целосно електронски пат. Освен физичкото поврзување помеѓу овие две компоненти, целата комуникација е електронска, овозможувајќи прецизен пренос на податоци во реално време. Canon стана првиот којшто изгради мотор кој го придвижува фокусот во секој објектив, наместо користењето на мотор во куќиштето на фотоапаратот. Дури и со постојаниот развој на системите за фокусирање, технологиите за оптичка стабилизација, специјалните елементи на објективот и заштитата од временски услови, оригиналниот дизајн на EF приклучокот останува непроменет. Специјалните објективи TS-E и MP-E имаат EF-приклучок. Објективите со EF-приклучок се компатибилни со сите постоечки фотоапарати EOS, вклучувајќи ги и фотоапаратите од новите серии EOS R и EOS M, доколку се користат со соодветниот адаптер за објективи.

    Објектив EF 24-105mm f4L IS II USM од Canon поставен во снег и сино небо во позадината.

    EF-S

    EF–S објективите се специјално дизајнирани за EOS DSLR моделите со покомпактен сензор – што ги прави лесни, разновидни и исклучително преносливи. Со EF–S опсегот, инженерите на Canon ја искористија предноста на големината на APS–C сензорот за да произведат објективи кои не само што се полесни и помали, туку на фотографите им нудат и многу поголем избор на широки агли. Лесните објективи EF–S се достапни со широк избор на фокусна должина од 10 mm до 250 mm (16 mm до 400 mm при што е земен предвид фактор на отсекување од 1,6).

    Човек фотографира макро фотографија со фотоапарат и објектив EF-S 35MM F2.8 IS STM MACRO oд Canon со вклучен блиц macro lite.

    EF-M

    Објективите со EF-M приклучок беа претставени со оригиналната EOS M палета на фотоапарати во 2012. Покомпактни од палетите EF и EF-S, дизајнирани се за користење исклучиво со фотоапаратите од серијата EOS M. Со широк опсег од исклучително широк, до телефото и макро, тие се доволно преносливи за да ги понесете насекаде и се одличен избор за оние со покреативен пристап кон секојдневното фотографирање. Компактните објективи EF–M се достапни во фокусна должина од 11 mm до 200 mm (17,6 mm до 320 mm при што е земен предвид фактор на отсекување од 1,6).

    Рака држи објектив EF-M 32MM F1.4 STM на улица, а на објективот се прикажува истата улица претставена наопаку.

    Пребарувајте по тип на објектив

    Издвојте ги и доловете ги спортистите од далеку. Фотографирајте пејзажи и улични опкружувања во широкоаголен кадар. Откријте ги неверојатните детали во макро фотографиите од диви животни. Ви нудиме палета објективи за најразлични видови фотографирање што ќе ви овозможат да фотографирате на повисоко ниво и да внесете реалистичност во вашата приказна.
    ПОБАРАЈТЕ ВЕДНАШ
    Палета на RF-објективи со црна позадина.