Систем EOS R
Приклучокот за објективи на системот EOS R нуди поголеми креативни можности за да го доловите секој момент.
Бидете подготвени секогаш со компактен, лесен и мал фотоапарат со заменливи објективи што нуди DSLR-квалитет
Околу нас се одвиваат одлични приказни во секој момент.
Ви треба само фотоапарат што ќе ги долови случувањата од животот и ќе раскаже одлични приказни.
Пренослив и моќен фотоапарат без огледало со резолуција од 32,5 мегапиксели и брзина на континуирано фотографирање до 14 fps.
За разлика од DSLR, кои користат огледало за да ја рефлектираат светлината во визирот, фотоапаратите без огледало – познати и како компактни фотоапарати – немаат огледало ниту пак оптички визир, што ги прави во целина помали од DSLR фотоапаратите.
Кога просторот е ограничен, фотоапаратите без огледало од серијата EOS M на Canon нудат флексибилност и практично користење со висок квалитет на слика и за видеозаписи и за фотографии. Тие користат електронски визир што има помала големина и тежина, но нуди повеќе креативни придобивки.
Почнувајќи од модели со APS-C-сензор и помали објективи па сè до врвни модели за целосна слика за кои креативноста е најважен фактор благодарение на краткото придвижување наназад за фокусирање што го врши сензорот за целосна слика, целата палета на фотоапарати без огледало EOS е дизајнирана да ви обезбеди најдобри резултати при фотографирањето.
Нашите фотоапарати без огледало се најдобрите компактни и DSLR фотоапарати од Canon што создаваат фотографии и видеоснимки со врвен квалитет кои се полни со детали, бои и атмосфера - дури и во услови со слаба осветленост.
Преносливи и лесни објективи дизајнирани само за фотоапаратите EOS M. Овие објективи содржат модели со извонредно широк агол и телефото зум па сè до мали објективи во вид на „палачинка“ со кои ќе можете да ја изразите вашата креативност.
Нашите фотоапарати без огледало ви овозможуваат лесно да менувате објективи и да добивате нови перспективи. Освен ексклузивната палета на повеќенаменски и компактни EF-M објективи, може да го користите и адаптерот за монтирање EF-EOS M од Canon за да добиете пристап до повеќе од 80 EF-S и EF објективи за DSLR фотоапарати, вклучувајќи и специјални објективи како што се објективите за макро и ефект на рибино око.
Пронајдете го совршениот фотоапарат кој одговара на вашиот стил на фотографирање и снимање. Од специјалисти за слаба осветленост до брзи суперхерои, Canon го има совршеното решение.
Употребете го нашиот избирач на фотоапарати и најдете го совршениот фотоапарат за вас.
Приклучокот за објективи на системот EOS R нуди поголеми креативни можности за да го доловите секој момент.
Фотоапарат без огледало за целосна слика кој отвора нови креативни можности за фотографите и снимателите.
Мал, лесен и интуитивен фотоапарат без огледало за целосна слика што е дизајниран за секојдневно фотографирање и фотографирање при патувања.
Истражете ја вашата креативност со нашата палета на дигитални SLR фотоапарати и фотоапарати без огледало.
Напредни APS-C DSLR фотоапарати за секое ниво на креативноста.
Откријте повеќе
Сè-во-едно фотоапарати кои се совршена и пренослива алтернатива или надополнување на DSLR.
Откријте повеќе
Изработката на Canon и најновата оптичка технологија овозможуваат фотографии и видеоснимки со исклучителен квалитет.
Не пропуштајте ги никогаш најновите понуди од Canon, совети и водичи, вести и покани за локални настани.