СНИМАЊЕ

Напредно поврзување

Опремен со повеќефункционалниот приклучок за дополнителна опрема, EOS R5 C овозможува опции за влез за XLR/стерео микрофон, како и посебни приклучоци за временски кодови, микрофон од 3,5 mm, слушалки, микро-HDMI, синхронизација на блиц, USB-C, како и обемна поддршка за апликации, поради што е подготвен да се справи со сите предизвици.
EOS R5 C

Повеќефункционален приклучок за дополнителна опрема

Повеќефункционалниот приклучок за дополнителна опрема од Canon, којшто за првпат се појавува во составот на видеокамерата XF605 и фотоапаратот EOS R3, овозможува пренос на податоци и директно напојување на нова палета дополнителната опрема. Тука се вбројуваат стереомикрофонот DM-E1D од Canon и XLR-адаптерот CA-XLR2d-C од TASCAM, коишто содржат професионални XLR-влезови со рачна контрола, следење и моќност од 48 V . Вклучува можност за прикачување на постоечките блицови Speedlite и прекинувачи.*

* Нема поддршка за блицови Speedlite од Canon со заштита од лоши временски услови.

  • Професионален интерфејс

    Опциите за поврзување на EOS R5 C вклучуваат посебни приклучоци за влез/излез со временски код, влез за микрофон од 3,5 mm, излез за слушалки, излез за микро-HDMI, синхронизација на блиц, далечински управувач од тип N3 и приклучок USB-C за напојување, полнење и комуникација. Во пакетот е вклучен заштитник на кабли со цел заштита на врските USB-C и микро-HDMI при снимањето.

  • Држач со батерија и уред за безжичен пренос на датотеки

    EOS R5 C ја поддржува постоечката дополнителна опрема за системот EOS R, како што се држачот за батерија BG-R10 и уредот за безжичен пренос на датотеки WFT-R10. Иако двата дополнителни уреди содржат две батерии (LP-E6NH, LP-E6N или LP-E6), WFT-R10 го подобрува мрежното користење благодарение на двојните антени 2x2 со 5 GHz и поврзувањето преку етернет. И покрај тоа што EOS R5 C има вградена опција за Wi-Fi и Bluetooth, потребен ви е дополнителниот уред доколку сакате безжично да ги користите апликациите Browser Remote и Content Transfer Mobile.

  • Обемна поддршка за апликации

    EOS R5 C ги спојува Cinema EOS и системот EOS R и нуди компатибилност преку огромен избор на опции за професионално снимање, фотографирање и апликации за виртуелна реалност за паметни телефони и компјутери. Тука се вбројува и апликацијата Browser Remote за пристапување до напредни поставки и далечинско прегледување во живо. Content Transfer Mobile за пренос на прокси датотеки/уредување метаподатоци. Услуги на Cloud Image.canon за резервни копии на слики со висок квалитет.

  • Надворешен извор за напојување за 8K/60P

    Покрај батериите LP-E6NH/LP-E6N/LP-E6, EOS R5 C може да се напојува преку надворешен извор (потребен за пристап до 8K-видеоснимки со брзина над 30 fps). Поддржаните надворешни извори за напојување вклучуваат напојување USB-C од адаптерот PD-E1, како и комбинирана употреба на DC-приклучокот DR-DE6C и адаптерот за напојување CA-946.

  1. При употреба со адаптерите за системот EOS R.
  2. Опции Cinema RAW Light со 12 бита до 2,6 Gbps.
  3. Овозможува употреба на надворешни уреди како XLR-адаптер, стереомикрофон и блицови Speedlite. Блицовите Speedlite од Canon со заштита од лоши временски услови не се компатибилни за употреба.
  4. Батериите не можат да се полнат само со држачот со батерија BG-R10. Батеријата LP-E6 не може да се полни.

ПРИЈАВЕТЕ СЕ ВЕДНАШ

Регистрирајте ја вашата заинтересираност за EOS R5 C од Canon

Први дознајте ги новостите за EOS R5 C од Canon и информирајте се за понудите, советите и водичите, најновите вести и поканите за локални настани.