CINEMA RAW LIGHT

Голем избор на формати и алатки за професионално снимање

Изберете формат од големата понуда на формати за снимање, вклучувајќи ги и трите опции за Cinema RAW Light, како и XF-AVC и MP4. Снимете проширен динамички опсег во режимите Canon Log 3, PQ и HLG додека истовремено ги користите професионалните алатки како следењето бранови форми и лажните бои.

Голем избор на формати и алатки за професионално снимање

EOS R5 C

Различни формати за внатрешно снимање

EOS R5 C овозможува внатрешно снимање во формат RAW со 12 бита со примена на Cinema RAW Light до 2,6 Gbps. EOS R5 C нуди три опции Сinema RAW Light, односно LT (низок), ST (стандарден) и HQ (висок квалитет), коишто овозможуваат поголема флексибилност на работниот процес за задоволување на вашите потреби за снимање.

Достапни се и голем број дополнителни опции за професионално снимање, вклучувајќи ги и форматите 4:2:2 со 10 бита, како што се проверениот XF-AVC од Canon со ALL-I или Long GOP до 810 Mbps, HEVC MP4 до 540 Mbps и H.264 Mp4 4:2:0 со 8 бита до 150 Mbps.

Покрај ова, достапни се и опции за отсекување на сензорот од 8K-формати за целосна слика до формати 5,9K Super 35 mm и 3K Super 16 mm за компатибилност со оптички објективи и намалена стапка на податоци.

EOS R5 C

Исклучителен динамички опсег

EOS R5 C ги поддржува форматите за внатрешно снимање PQ и HLG, како и Canon Log 3, коишто овозможуваат извонреден динамички опсег и задржување на деталите во осветлените и затемнетите области. PQ и HLG создаваат содржина во готови HDR-формати за филм и телевизија со простор на бои BT.2020, а Canon Log 3 овозможува креативна флексибилност за намалување на резолуцијата при обработката.

EOS R5 C

Двојни медиумски картички и истовремено снимање

Двојните медиумски картички (1x CFexpress тип B / 1x UHS-II SD) нудат софистицирани опции за истовремено снимање на различни формати, резолуции и длабочина на битови на секоја картичка со цел поддршка на различни професионални работни процеси. Достапно е традиционалното снимање на прокси датотеки 4:2:0 со 8 бита и пренасочено снимање/снимање со два отвори.

EOS R5 C

Надворешно снимање во 8K RAW-формат преку HDMI

EOS R5 C овозможува излез на RAW-датотеки преку HDMI до компатибилни снимачи Atomos, како што се NINJA V+ за снимање 10-битни ProRes RAW-датотеки со 8K до 30 fps. XF-AVC-прокси можат да се снимаат истовремено и на SD-картичка, со што се овозможуваат ефикасни работни процеси за време на обработката.

EOS R5 C

Алатки за професионално снимање

EOS R5 C нуди широка палета на алатки за професионално снимање како што се опцијата за следење бранови форми со којашто се врши анализа на осветленоста на сликата одлево надесно и лажните бои коишто овозможуваат визуелен приказ на експозицијата врз основа на скала на бои. Дополнителните функции вклучуваат снимање во DCI-формат со 24p, агол на бленда од 180 степени, поддршка за функцијата за пребарување датотеки со цел импортирање на 3D LUT-профили и влезен/излезен приклучок за временски код.

ПРИЈАВЕТЕ СЕ ВЕДНАШ

Регистрирајте ја вашата заинтересираност за EOS R5 C од Canon

Први дознајте ги новостите за EOS R5 C од Canon и информирајте се за понудите, советите и водичите, најновите вести и поканите за локални настани.