Печатењето и изработката на модели се одличен начин да го разубавите вашиот дом со предмети што ги обожавате.
Домот е таму каде што е срцето - и местото каде што многумина од нас поминуваат сè повеќе и повеќе време. Како што времето станува постудено и ноќите стануваат подолги, вашите мисли се насочуваат кон создавање удобно засолниште исполнето со уникатни декорации. Можете да отидете во продавница и да купите интересни украси или необични декорации за да ставите личен печат врз вашиот домашен декор - но зошто да не пробате самите да го изработите?
Благодарение на многубројните шаблони достапни на веб-страницата Creative Park и паметната технологија во палетата на безжични печатачи Canon PIXMA, можете да изработувате ваши евтини домашни додатоци. За овој водич го користевме печатачот Canon PIXMA G6040. Тој е популарен избор за домашните канцеларии, но може да се користи и како централен уред за печатење за целото семејство и е идеален за печатење висококвалитетни шаблони за проекти од хартија.
Веб-страницата Creative Park содржи голем број практични и привлечни декорации за секоја соба во куќата. Зошто да не направите вазна или кутија со мали предмети за празна полица или подножје на прозорец? Можете да ја разубавите собата на вашето дете со 3D-глава на еднорог, разнобојна висечка играчка со хартиени диносауруси - има многу забавни опции за да ја покажете вашата креативност.