A woman touches a paper star hanging from her ceiling, in front of shuttered windows.

ФОТОГРАФИРАЊЕ ВО ЗАТВОРЕНИ ПРОСТОРИИ

Проекти за совршени фотографии: три идеи за креативни фотосесии во домот

Креативната инспирација ја има во изобилство во домот, но честопати не ја забележуваме. Разгледајте го повнимателно просторот што добро го знаете и ќе се изненадите, а воедно и инспирирате, од многубројните субјекти и сцени што може да ги снимите на креативен начин со вашиот фотоапарат.

Еден од најдобрите начини да бидете креативни во домот е да експериментирате со функциите на вашиот фотоапарат што можеби досега не сте ги користеле. На пример, EOS 90D од Canon има мерач на интервали за фотографирање забрзани движења и функција за спојување фотографии со различен фокус што ќе ви помогне да добиете слики со најостар можен фокус. Ќе ви откриеме три идеи за фотографирање во затворени простории со кои ќе ја инспирираме вашата креативност. Тие нудат одлични начини за усовршување на вашите вештини, учење нови трикови со вашиот фотоапарат, па дури и откривање нова омилена сфера во светот на фотографирањето.

Брзо премотување - снимете забавна видеоснимка со забрзани движења

A Canon EOS 90D on a tripod filming ingredients laid out on a table.
Фотографирањето од висока точка, особено ако снимате видео, создава интересни резултати со рамна површина. Користењето статив помага во одржување на стабилноста.

Често гледаме видеоснимки со забрзани движења од залезот на сонцето наспроти прекрасен урбан пејзаж, но може да снимите подеднакво прекрасни видеоснимки со забрзани движења и во вашиот дом! Најважно за снимање одлични видеоснимки со забрзани движења е да им покажете нешто на гледачите од нова перспектива. Тоа може да биде едноставно како печење тесто што се подига во рерната, па затоа и ние снимивме како се прават, печат и јадат свежи колачиња.

Видеоснимките со забрзани движења ги спојуваат долготрајните процеси во неколку секунди, а тоа е идеално за снимање подготовка на храна. Испланирајте сè што ви е потребно за постапката, а потоа наредете ги сите состојки и додатоци на рамна површина и може да започнете.

Употребата на повеќенаменски објектив како EF-S 18-55mm f/3.5-5.6 IS II од Canon ви овозможува да зумирате поблиску или подалеку според вашата сцена, а неговото кратко фокусно растојание од 25 cm ќе ви овозможи да се доближите до акцијата. Подолу се дадени уште три совети што може да ги искористите за полесно планирање на едноставна, а сепак прекрасна видеоснимка со забрзани движења во домот.

1. Обликувајте го кадарот со помош на статив

A Canon EF 100mm f/2.8 Macro USM lens. A woman with multi-coloured hair making cookies.
Користењето статив ќе ви помогне да имате доследни резултати при снимање низа фотографии или видеоснимки. Тој нуди стабилност и нови креативни можности за обликување на кадарот на сликите. Ако просторијата е премногу темна, користете извор на континуирана светлина - може да користите светилка наменета за фотостудија или столна ламба.

Фотоапаратот треба да биде стационарен, а тоа значи да го поставите на статив. Приказот од висок агол ќе долови како се одвиваат случувањата, а со намалување на зумот до 18 mm ќе опфатите сè во кадарот. Ако сцената е малку темна, користете континуирано светло - може дури и столна ламба - за да ја осветлите сцената.

2. Приспособете ги вашите видеоснимки со забрзани движења

Слични написи
A light painting image of a bed of flowers with multi-coloured lights behind.

ФОТОГРАФИРАЊЕ ВО ГРАДИНА

Бидете покреативни: три проекти што може да ги пробате во градината

Три техники што ќе ја разбудат вашата креативност, почнувајќи од осветлени лалиња и фотографирање ѕвезди па сè до фотографирање прекрасни птици во градината.

A time stacked image of a flower blooming.

ЗАБРЗАНИ ДВИЖЕЊА

Создавајте и печатете временски подредени фотографии што прикажуваат забрзани движења

Спојте ги фотографиите што прикажуваат забрзани движења во една слика со помош на овој водич за спојување серија слики снимени во различно време.

A macro shot of soap mixing with water.

МАКРО ФОТОГРАФИРАЊЕ

Апстрактно макро фотографирање: фотографирање сапуница

Дознајте како да снимате прекрасни, разнобојни и апстрактни макро фотографии од сапуница во овој едноставен водич со објаснувања во чекори.

Изберете режим за снимање видео, доколку фотоапаратот нуди таква можност. Притиснете MENU и пронајдете ја опцијата за видеоснимки со забрзани движења во менито за фотографирање. Изберете Custom за целосна контрола и изберете дали сакате да снимате во Full HD или 4K. Ние ќе ги споделиме нашите видеоснимки со забрзани движења на социјалните медиуми, а опцијата Full HD е совршена за тоа - и зафаќа помалку простор на мемориската картичка.

Во подменито за интервали/слики, интервалот одредува колку често фотоапаратот ќе снима по една слика. Во зависност од вашиот систем за видео, што може да се промени во поставките, на вашиот фотоапарат ќе му бидат потребни 24, 25 или 30 слики за да создаде една секунда од конечната видеоснимка. Воглавно, за облаци што се движат бавно е потребен интервал од приближно 10 секунди помеѓу секоја слика, а за побрзи дејства како што е готвењето е потребен интервал од две секунди.

Делот за бр. на слики го одредува вкупниот број на снимени слики, а нуди и двојна улога на практичен калкулатор и ве известува колку долго ќе трае конечната видеоснимка. Со интервал од 2 секунди и 800 слики, може да забележиме дека снимањето во период од 26 минути и 38 секунди ќе создаде видеоснимка од 32 секунди доколку фотографираме со 25 fps.

Поставете ја автоматската експозиција на фиксна како 1-та слика, инаку фотоапаратот ќе ја прилагодува експозицијата за сите слики што може да резултира со различен интензитет на светлина во секоја од нив. Исто така, добра идеја е да изберете рачен фокус на објективот и да ги фокусирате рацете на субјектот или горната површина на масата, за да бидете сигурни дека AF нема да се менува за време на снимањето.

3. Подгответе се за снимање

A composite image: left, the back of the Canon EOS 90D showing the interval shooting settings; right, a cookie rising in an oven.
Проверете дали сте избрале да се снимат доволно слики за да се долови забрзаното движење во целост.

Кога ќе се обидете да излезете од менијата ќе добиете порака што ќе ви овозможи да снимите тест слика за да ја проверите експозицијата. Ако сте задоволни со резултатот, притиснете го копчето START STOP и отпуштете го за да почнете да снимате. Фотоапаратот ќе снима по една слика на секој интервал што претходно сте го одредиле; ако случувањата завршат порано од очекуваното, тогаш притиснете го повторно копчето за блендата за да го прекинете снимањето. Потоа вашите слики автоматски ќе се спојат во конечна видеоснимка со забрзани движења.

Доближете се - претворете го обичното во невообичаено со макро

Фотографирањето секојдневни субјекти со макро објектив нуди лесен начин за истражување на креативната слобода и создава слики што изгледаат интересно.

Макро фотографирањето ни овозможува да ги погледнеме секојдневните предмети од потполно нова перспектива, а вашиот дом е добар извор на забавни субјекти што може да ги фотографирате. Не е важно што е - виљушка, ренде, текстурата на тепихот - екстремното доближување со макро објектив ни овозможува да ги нагласиме линиите, формите и текстурите со креативен ефект.

Макро објективот, како што е EF 100mm f/2.8 Macro USM од Canon, е идеален за креативно доближување со неговиот сооднос на репродукција од 1:1 за снимање слики со реална големина. Употребата на статив ќе ви овозможи да добиете стабилни слики, што е уште поважно кога фотографирате на мала оддалеченост, бидејќи сите движења се зголемени.

Макро сликите снимени одблиску ги прават обичните работи невообичаени, па затоа избирајте субјекти со интересни карактеристики - како семки во домат или пластичните влакна од четката за коса. Брзата решетка на објективот EF 100mm f/2.8 Macro USM од Canon ви овозможува да работите со природна светлина, иако додавањето надворешни извори на светлина ќе ви помогне во нагласувањето детали и осветлувањето на субјектот одзади - идеално доколку фотографирате нешто течно или транспарентно.

Ова се трите најважни поставки што треба да ги користите за да добиете неверојатно остри слики.

1. Фокус на допир со прегледување во живо и Canon Camera Connect

A screenshot of the Canon Camera Connect App, showing focus selection.
Користете ја функцијата за прегледување во живо или поврзете се со апликацијата Canon Camera Connect за да фотографирате далечински и да го одредувате фокусот со допир.

Кога фотографирате мали предмети може да биде тешко да добиете прецизен фокус. Работењето во режимот за прегледување во живо ви овозможува да работите преку LCD-екранот и да гледате што точно е во фокус, но и да утврдите како ќе изгледа конечната експозиција. Треба само да допрете на екранот за да ја поставите фокусната точка таму каде што сакате. Или, пак, може да изберете рачен фокус и да го вртите прстенот за фокусирање на објективот за постепена контрола. Исто така, може да ја зголемите сликата за 5x или 10x со притиснување на копчето за зголемување, за остро фокусирање дури и на најситните детали.

Ова може да го направите и далечински, доколку се поврзете со апликацијата Canon Camera Connect. Допрете на екранот на вашиот паметен уред за да изберете прецизна област за фокусирање. Апликацијата може да ја користите и за прилагодување на поставките на фотоапаратот без да го допирате фотоапаратот, а тоа ќе ја минимизира веројатноста за тресење на фотоапаратот што ќе се забележи на сликите.

2. Издвојување со рачен фокус

Функцијата за издвојување со фокусот ги обележува сите елементи во сцената што се во фокус со светла боја, како што може да видите на засечениот раб на овој нож. Таа нуди брз и едноставен начин да проверите дали сликата е остра. Зелениот квадрат е водич што помага при фокусирањето и се прикажува кога користите рачен фокус.

Издвојувањето со рачен фокус (издвојување со MF) е функција што е присутна кај EOS RP од Canon, EOS 90D од Canon и многу други фотоапарати од Canon и што помага во добивањето извонредно остар фокус. Ако функцијата за издвојување со фокусот е достапна, тогаш овозможете ја за да ги нагласите деловите од сликата што се во фокус, преклопувајќи ги со светла боја. Активирајте ја функцијата за прегледување во живо и притиснете го копчето MENU, а потоа пронајдете ги поставките за издвојување во менито за фотографирање.

Вклучете ја функцијата за издвојување со MF и изберете боја и ниво на интензитет, а преклопувањето со боја ќе се прикаже кога ќе фокусирате рачно. Изберете боја што ќе биде многу спротивна на вашиот субјект за да можете полесно да видите што е во фокус.

3. Користете ја функцијата за фокусирање со групирање за да добиете неверојатна длабочина на поле

Сликата на лева страна со парче ананас е снимена со f/8 - повисок f-број значи дека поголем дел од сликата ќе биде во фокус, но светлината ќе биде ограничена. Сликата на десна страна со метални клинови е снимена со f/2,8, што ја ограничува фокусната површина, но пропушта повеќе светлина. Сликата на десна страна е неверојатно остра бидејќи е користена функцијата за фокусирање со групирање за да се спои низа слики снимени со таа решетка.

Ако фотографирате со максимално отворена решетка f/2,8 ќе добиете минимална длабочина на поле со која ќе можете да изолирате одреден дел од вашиот субјект. Меѓутоа, ако сакате целата слика да биде во фокус, тогаш ќе треба да ја намалите решетката на објективот - и тоа по цена на намалување на светлината. Функцијата за фокусирање со групирање кај EOS 90D од Canon ви овозможува да снимите низа слики што потоа ќе ги споите со софтверот Digital Photo Professional за да добиете поголема длабочина на полето дури и од тоа што го нуди f/2,8.

Кога функцијата за прегледување во живо е активирана, притиснете го копчето MENU, пронајдете ја функцијата за фокусирање со групирање и овозможете ја. Прво изберете го вкупниот број на слики - започнете со 30, но зголемете го бројот доколку фотографирате нешто со многу детали; вообичаено 100 е доволно за макро. Потоа изберете го чекорот на промена на фокусот (растојанието за кое се поместува фокусот помеѓу снимање на сликите) - започнете со четири и експериментирајте. Имајте предвид дека ќе треба да користите автоматски фокус за да може ова да функционира. Сега притиснете го копчето за блендата за да започнете со снимањето на низата слики.

Поновите фотоапарати од Canon ја имаат оваа практична функција за фокусирање со групирање. Доколку користите постар фотоапарат од Canon, не грижете се - ќе можете да направите слика добиена со спојување фотографии со различен фокус. Отворете го софтверот Digital Photo Professional и ќе можете да ги споите сликите во една слика со широка длабочина на поле со помош на алатката за водено одредување на длабочината.

Совршени фотографии - филмски портрети во домот

Снимањето прекрасни портрети во домот е само еден начин на кој може да вежбате да фотографирате и истовремено да се забавувате со вашето семејство или цимерите. Овозможете AF со откривање на лица и очи за да добиете совршени портрети.

Фотографирањето портрети во затворени простории може да создаде прекрасни резултати. Не ви требаат скапи извори на светлина наменети за фотостудија или егзотични локации за да снимате прекрасни портрети. Сè што ви треба е согласен субјект и малку креативност. Пронаоѓањето соодветна поза и прозорец што пропушта доволно природна светлина можат да бидат пресудни фактори помеѓу добар и одличен портрет.

Портрети може да снимате со секаков објектив, независно дали е „фиксна 50-ка“, широкоаголен објектив или објектив со ефект на рибино око. Генерално, портретите се фотографираат со објектив од 135 mm или 85 mm, како што е EF 85mm f/1.8 USM од Canon. Овој објектив е совршен за портрети бидејќи ја компресира перспективата, а брзата решетка f/1,8 ќе ја исполни вашата слика со светлина и ќе овозможи нагласено одвојување на субјектот од заднината преку заматување на заднината. Користете максимално широка решетка f/1,8 при ISO 100, со брзина на блендата во опсег од приближно 1/125 сек. до 1/160 сек. Имајте предвид дека 85 mm е еквивалент на 136 mm кај фотоапарат со APS-C-сензор како што е EOS 90D од Canon.

Ќе ви откриеме уште три едноставни начини на кои може да ги разубавите портретите снимени во затворена просторија.

1. Соба со поглед

Природната светлина од прозорецот или вратата не само што ќе ја осветли сликата, туку ќе создаде и чувство на поголема длабочина.

Ако фотографирате дома не значи дека треба да го позиционирате субјектот наспроти ѕид или друга рамна заднина. Ако имате прозорец или балкон со поглед кон градина или, пак, само ако отворите врата со поглед кон надворешниот свет, тогаш ќе внесете повеќе длабочина и димензија во вашата слика. Позиционирајте го субјектот наспроти заднината и, со помош на отсекувањето од 85 mm, погледот би требало да го исполни вашиот кадар.

2. Побарајте рефлектирачки површини

Искористете ја и приспособете ја природната светлина со помош на рефлектор што овозможува одбивање на светлината од прозорец кон вашиот субјект.

Еден од предизвиците кога фотографирате портрети во затворени простории наспроти прозорец е тоа што заднината, осветлена со дневна светлина, ќе биде многу посветла од просторијата во која фотографирате. Еден од начините на кои може да ја балансирате светлината и да го осветлите вашиот субјект е да користите блиц, како што е Speedlite 470EX-AI од Canon, што автоматски ќе го открие оптималниот агол за одбивање на светлината од ѕидовите и таванот за да добиете резултати со природен изглед.

Уште поедноставен начин за тоа, или доколку немате блиц, е да користите рефлектор за да ја одбиете надворешната светлина кон субјектот. Како рефлектор може да искористите нешто многу едноставно како големо парче бел картон или алуминиумска фолија. Рефлекторот ќе создаде мека и природна светлина што ќе можете да ја насочите на ист начин како и светлината од блицот.

3. Користете стилови на слика за да добиете креативен ефект

Користете стилови на слики за да ја прилагодите креативно вашата слика во процесот на обработка и да ја разубавите.

EOS 90D од Canon нуди AF со можност за откривање на лица и очи за да снимате совршени портрети во секоја прилика, но може да користите и стилови на слики за да ја приспособите обработката на сликите. Стилот за портрети ја поставува острината еден степен подолу за да ја измазни кожата и ги прилагодува боите и заситеноста за да добие природни тонови на кожата, а стилот за еднобојни слики создава прекрасни црно-бели портрети.

Сите фотоапарати од Canon немаат стилови на слики, но повеќето нови модели имаат. Ако ја немате опцијата за стилови на слика, тогаш може да ги направите овие прилагодувања во софтверот Digital Photo Professional.

Напишано од Jeff Meyer

Слични производи

Слични написи

Get Inspired е најголемиот извор на практични совети за фотографирање, водичи за купување и информативни интервјуа - сè што ви е потребно за да го пронајдете најдобриот фотоапарат или најдобриот печатач и да ја реализирате вашата следна креативна идеја.

Назад до сите совети и техники