Виножитото е моќен симбол на надеж, среќа и убавината што следи по бура, а е исто така и сеопфатна слика на љубов и разновидност. Кога гледате виножито во далечината, дали некогаш сте сакале да го ставите во шише и да го однесете дома? Сега можете.
Виножитнитемодели од хартија може да ги разубават сите соби и да бидат совршени украси за забава, идеални за претходно изработување со група пријатели. Не верувајте ни на збор, послушајте некого што ги обожува сите светли и разнобојни нешта - Helen Cooke, изработувач на модели и накит што живее во Обединетото Кралство и ги објавува своите дела на @CraftyCooke.
„Сакам бои. Отсекогаш сум била весела личност и се облекувам според својот карактер“, вели Helen. „Обожувам да видам што можам да направам со боите и да ги прекршувам правилата. Особено кога станува збор за изработување модели, каде што можете да експериментирате со различни бои и да видите како можете да го смените карактерот на некој предмет врз основа на тоа како ги комбинирате боите“.
За да започнете, ќе ви треба печатач Canon PIXMA, како и веб-страницата или апликацијата Canon Creative Park. Овде, Helen објаснува како употребила печатач од серијата Canon PIXMA TS5350a, Creative Park и алатки за изработување модели за да оживее ветерница и балон на топол воздух обоени со сите бои на виножитото.
Небото е границата кога станува збор за виножитни модели од хартија
Ќе ви треба:
- Апликацијата (или веб-страницата)Canon Creative Park
- Печатач Canon PIXMA како што е серијата Canon PIXMA TS5350a
- Мат фотохартија од Canon
- Метален линијар (за обележување)
- Ножици
- Скалпел
- Лепило
- Подлога за сечење
Избирање и печатење на вашите шаблони
Canon Creative Park е неверојатно лесна за користење. Можете да ја преземете апликацијата на вашиот уред со Android или iOS, или, пак, можете да ја прегледате широката палета на бесплатни шаблони на веб-страницата. Достапни се различни виножитни дизајни, како релјефна картичка и оригами. Helen избра виножитна ветерница и балон на топол воздух. Сите шаблони доаѓаат со сопствени упатства што може да се отпечатат и го наведуваат приближното време за составување, нивото на тежина, како и најдобриот тип на хартија.
На Helen ѝ се допаѓа колку е достапна веб-страницата. „Упатствата беа добри, а веб-страницата е многу едноставна за користење“, вели таа. „Убаво е тоа што сите преземени шаблони се на едно место“.
По избирање на шаблонот, можете да го отпечатите директно од паметниот телефон, сѐ додека имате компатибилен печатач Canon PIXMA. Helen ја користеше серијата Canon PIXMA TS5350a за да ги отпечати дизајните. „Беше многу лесно да се поврзе преку Wi-Fi“, вели таа. „Квалитетот на печатењето е прекрасен“.
Helen употреби мат фотохартија од Canon и забележа дека квалитетот е совршен за изработување модели од хартија. „Боите беа прекрасни и дебелината беше соодветна“, објаснува таа. „Не беше премногу тенко, ниту премногу наликуваше на картичка: беше совршено“.
Склопување на шаблоните
Helen употреби скалпел за да ги исече шаблоните. „ Балонот на топол воздух има многу детали, па затоа е најдобро да се употреби скалпел“, вели таа. „За ветерницата се подобри ножици“.
Важно е да ги обележите шаблоните пред да почнете да превиткувате. „Треба да ја обележите хартијата со метален линијар, или дизајните ќе ви бидат претешки за превиткување, особено кога користите подебела хартија“, објаснува таа. „Треба да направите уредни превиткувања. Не препорачувам да го прескокнете тој чекор“.
По обележување на хартијата, користете лепило за да го составите шаблонот. Балонот на топол воздух е сложен дизајн со многу мали делови, за кои е потребно многу трпение, но дел од забавата при изработување модели од хартија е заборавање на сѐ и фокусирање на проектот.
„Сметам дека изработувањето е алатка за опуштање на мозокот“, вели Helen. „Некои луѓе се опуштаат со книги или спортови, но јас се опуштам со изработување. Единствената опција ми е да се исклучам бидејќи ми треба концентрација. Во тој момент сте сами.
„Обожувам да гледам како нешто се спојува,“ продолжува таа. „Почнувате со мали делчиња и ги спојувате за да создадете емоција, нешто со кое луѓето може да се поврзат, или нешто во кое уживате“.
Изложување на виножитните модели
Кога станува збор за изложување на виножитните модели од хартија - без оглед на тоа дали е на вашиот прозорец за да изразите поддршка за ЛГБТИ+ заедницата, или на виножитните слатки на масата - вашата фантазија е единствената граница. Helen го закачи балонот на топол воздух со жица и го закачи во спалната соба на син ѝ. „Тоа е весел мал украс и додава малку боја во секоја соба“, вели таа.
Виножитните модели од хартија не се ограничени само на една употреба. „Можете да ги ставите каде сакате, а можете и да си играте со нив; ветерницата навистина се врти!“ вели Helen.
„Боите не мора да се само за деца“, продолжува таа. „Не мора да ги намалите само бидејќи сте постари. Боите може да влијаат на вашето расположение, а доколку додадете бои на вашето опкружување, може да се чувствувате посреќни“.
Без оглед на тоа дали славите Гордост, организирате забава или настан или сакате да уживате во бои во вашиот дом, Creative Park може да ви понуди многу креации.
Ако барате инспирација, следете нѐ на Pinterest и не заборавајте да ги споделите вашите дела на социјалните медиуми со хаш-ознаката #MadeWithPIXMA.
Слични производи
-
Серија PIXMA TS5350a
Покажете ги вашите креативни дизајни со можноста за користење различни медиуми, одличните креативни апликации и опциите за беспрекорно поврзување со паметни телефони што ги нуди серијата PIXMA TS5350a -
Matte Photo Paper MP-101D
Реализирајте ги вашите идеи со овој медиум со разновидна примена. Тој е идеален за луѓе со различни хобија и оние кои изработуваат модели од хартија и затоа претставува совршен избор за изработка на сопствени честитки, колажи или проекти со модели од хартија од Creative Park.