Големиот број шаблони на Creative Park значи дека има некои што се соодветни за најмалите, како и посложени шаблони за возрасни, што значи дека сите може да се вклучат. „Има многу достапни проекти за многу различни настани и прослави“ - вели Hannah. „Многу ми се допаѓа што некои се многу едноставни, а некои се посложени. Ако сакате, можете да изработувате со денови, но има и полесни шаблони, како венци, што се навистина едноставни“.
Hannah реши да направи 3D-цвеќиња, поголеми цвеќиња од украс со конци, пчели и велигденски комплет, вклучувајќи корпа и јајца. Исто така, таа избра шаблон од зајак за да соодветствува со сезонската тема.
Хартиените цвеќиња можат да го разубават вашиот дом, без оглед на годишното време. Свежо набраните цвеќиња ќе внесат прекрасни бои во вашиот дом во период од неколку дена, но свежо отпечатените траат многу подолго. Ќе пронајдете едноставен и шарен единечен хартиен гербер во делот Растенија на Creative Park, заедно со многу други видови цвеќиња како лале, лилјан и сончоглед, така што можете да изработите сопствен букет од хартиени цвеќиња.
Можете да ги приспособите шаблоните, додавајќи боја на јајцата, на пример, или да ги приспособите ушите на шаблонот од зајакот пред да ги залепите за да создадете различни зајачиња. Користете ги дизајните како појдовна точка и дозволете ѝ на вашата фантазија да се погрижи за останатото.
Откако ќе ги изберете шаблоните, можете да печатите директно од вашиот паметен телефон со апликацијата Creative Park.