ПЕЧАТЕЊЕ И ИЗРАБОТКА НА МОДЕЛИ

Отпечатете прекрасни домашно направени подароци

Од убав хартиен букет до забавна релјефна картичка, дознајте како можете да создадете значајни подароци со помош на Canon Creative Park и вашиот печатач PIXMA.
Домашно направен букет од хартиени модели од цвеќиња се подава од еден пар дланки кон друг во дневна соба.

Понекогаш, едноставен и домашно направен подарок може многу да им значи на семејството и пријателите. Без оглед на тоа дали се среќни или минуваат низ тешкотии, сигурно ќе им значи подарок што лично сте го направиле со љубов и грижа, наместо нешто за развеселување што сте го купиле од продавница. Притоа, можете да ја изразите вашата креативност за печатење.

Canon Creative Park има многу шаблони за изработување модели од хартија, што значи дека можете да отпечатите и составите букет од хартиени модели од цвеќиња, без оглед на годишното време, како и картичка што ќе соодветствува, во стилот којшто го сакате. Овие подароци, освен тоа што ќе бидат позначајни поради времето кое сте го посветиле за да ги направите, ќе траат подолго од вистински цвеќиња – и ќе ја разубават секоја соба.

Изработувањето модели од хартија е и подостапен начин на давање подароци, а е воедно и креативна активност – и можете да ги рециклирате вашите креации (секогаш проверувајте ги локалните насоки за рециклирање) ако се премислите за темата или ако направите грешка при изработувањето.

Имајќи го горенаведеното предвид, Canon го предизвика ентузијастот за изработување модели од хартија Martin Stone да создаде совршен подарок за неговиот партнер со помош на Canon Creative Park, печатач PIXMA и сопствената креативност.

Избирање шаблони: идеи за подароци

Раце држат паметен телефон, на екранот има цветни шаблони од Canon Creative Park, а од печатач Canon PIXMA излегуваат шаблони од ливчиња.

Canon Creative Park нуди голем избор шаблони што може да се користат за правење на домашно направени подароци. Martin Stone, ентузијаст за изработување модели од хартија, избра да направи букет од цвеќиња и избра индивидуални шаблони од цвеќиња за неговите модели да изгледаат уникатно.

Млад човек седи на маса и сече шаблон за картичка отпечатен од Canon Creative Park.

„Приближно исечете ги формите пред да почнете да сечете прецизно“, Martin советува. „На тој начин, го намалувате вишокот на картичката околу формата. Поради тоа, сликите ќе бидат полесни за отсекување, бидејќи картичката нема да ви пречи“.

Можете да изработите речиси каков било подарок за вашите најсакани со помош на шаблоните од Canon Creative Park, не мора да бидат цвеќиња. Имате брат, сестра или внук кој обожава диносауруси? Изработете им некои хартиени модели! Или, пак, зошто да не се обидете да изработите модел со тема на музика за вашиот пријател што е опседнат со рок-бендови?

За овој проект, Martin избра да направи букет од хартиени модели и картичка. „Гледајќи ги дизајните од цвеќиња, можеби би помислиле дека се многу сложени“, вели Martin. „Клучот е во тоа да бидете организирани – има едноставни и илустрирани упатства што се лесни за следење“.

Печатење на вашите шаблони

Отпечатен материјал излегува од печатач Canon PIXMA што е поставен на маса, опколен со растенија, хартија, како и материјал и алатки за изработување модели.

„Боите постигнати со печатачот Canon PIXMA се неверојатни. Од почеток до крај, печатењето беше доследно добро“, вели Martin.

Откако ќе ги изберете шаблоните за вашиот подарок, време е за печатење. Можете да го направите ова преку поврзување со вашиот печатач PIXMA преку апликацијата Canon PRINT на вашиот паметен телефон, или преку лаптоп. Ако имате компатибилен печатач, можете да се претплатите на PIXMA Print Plan1 – евтино решение за печатење што нуди флексибилни планови и испорачува мастило до вашиот праг за никогаш да не ви снема.

Martin смета дека Creative Park е лесна за управување, што го стори преку пристапување до веб-страницата на неговиот паметен телефон пред да ја преземе и користи апликацијата.

Секој шаблон доаѓа со предлог за тип на хартија што може да се користи, поради што треба да ги прочитате упатствата. Овде, Martin употреби мат фотохартија од Canon (170 gsm), којашто е подебела од просечната хартија за печатење и обезбедува издржлив краен модел.

Како да направите букет од хартиени модели

Раце внимателно го превиткуваат внатрешниот дел на хартиен модел од цвет.

Размислувајте за секој цвет како посебен шаблон, како што предлага Martin – бидејќи тоа ќе ја олесни задачата и ќе ви овозможи да не брзате. Внимателно сечете околу шаблоните и обележете ги пред да ги превиткате, бидејќи на тој начин целокупната форма ќе биде подобра. Можете да го сторите тоа со линијар.

Раце го ставаат првото хартиено ливче на стеблото на цвет. Се гледаат други ливчиња на даската за сечење подолу.

„Не мислев дека шаблоните ќе бидат толку лесни за изработување“, вели Martin. „Најтешкиот дел е чекањето за лепилото да се исуши“. Тој внимателно размисли за тоа каков вид лепило треба да употреби. Тој заклучи дека течното лепило добро функционира за ливчињата, но, двострана самолеплива хартија е подобра за прикачување на ливчињата на стеблото. Можете да искористите и самолепливи точки, пиштол за лепило или лепило во стик.

Martin вели дека неговиот пристап кон изработувањето е методски. Откако ги отпечати сите шаблони, тој ги организираше отпечатените материјали во купчиња за секој цвет, за да внимава на тоа кој шаблон соодветствува со цветот. „Ги чував шаблоните одвоени во овие купчиња низ целокупниот процес за да не се измешаат работите“, вели тој.

Тогаш, Martin ги исече сите шаблони пред да ги превитка. Тој употреби домашно направена алатка за обележување за да ги обележи рабовите таму каде што упатствата посочуваа, за превиткувањето да биде полесно. „Овие линии за обележување се многу мали, поради што прецизноста е клучна“, вели тој. „Користев обична пинцета со деликатни врвови за да ги обележам линиите. Исто така, важно е да се измазнат [полираат] овие обележувања за линиите да бидат чисти“.

Martin можеше да започне со изработувањето веднаш штом отпечатените материјали беа подготвени. „Мастилото се исуши веднаш, така што можев да продолжам без страв од размачкување“, вели тој.

Кога станува збор за лепење на дизајните, Martin препорачува да ги оставите шаблоните неколку часа, за да се осигурите дека се целосно суви и дека нема влажност во хартијата. Откако имате избор од изработени цвеќиња, можете да ги составите со конци, жици, или лепило, правејќи аранжман што вам ви изгледа најдобро.

Фотографија одозгора од фотоапарат од Canon што стои врз печатач Canon PIXMA, а во заднина има колаж со фотографии.

CANON CLUB

Ексклузивна заедница за креатори како вас. Следете ја својата страст со поддршка, инспирација, придобивки и многу повеќе. Придружувањето е лесно. Купете производ. Регистрирајте се. Придружете му се на Canon Club.

Правење подароци од срце

Раце држат составени хартиени модели од цвеќиња, а до нив, на масата има поставено уште. До нив, паметен телефон прикажува слика од букет од хартиени модели од цвеќиња на апликацијата Canon Creative Park.

„Цвеќињата се прекрасно дизајнирани, но јас претпочитам да правам свои стебленца со зелени хартиени цевчиња“, вели Martin. Тој веќе има идеи за нови подароци што може да ги направи во иднина со овие шаблони – на пример, додавање на цвеќињата без стебла во рамка и ставање фотографија во средината.

Иако на Creative Park има шаблон за букет, можете да изберете свои аранжмани од цвеќиња ако сакате да изработите нешто поуникатно, или ако примателот е голем љубител на сончогледи, на пример.

„Многу ми се допаѓа како излегоа цвеќињата“, вели Martin. „Кога за прв пат седнав да го погледнам букетот од цвеќиња, размислив за тоа какви цвеќиња сакав. Големиот опсег на шаблони навистина ми овозможи да го приспособам по желба. Поради тоа, многу повеќе уживав во процесот, бидејќи можев да ги изберам цвеќињата кои најмногу ми се допаѓаа, а исто така, имав опција да размислам за тоа што би му се допаѓало на примателот“.

Рачно изработени картички

Млад човек лепи релјефни цвеќиња на картичка. На површината до него има лепило, ножици и пакување хартии од Canon.

Martin употреби шаблон од Canon Creative Park за да направи релјефна картичка со цвеќиња за да ја подари заедно со букетот. Веб-страницата и апликацијата се одликуваат со голем број картички за да ги ставите конечните детали на вашиот домашно направен подарок.

Раце ставаат картичка во рачно направен плик. На масата има ножици, лепило и пакување хартии од Canon.

Идејата на Martin за дизајнот на пликот беше да може да се искористи повторно – можеби за складирање на омилените фотографии или рамни сувенири, како билети од концерти. „На пример, планирам да додадам возни билети од пат на кој бев со мојот партнер“, вели тој.

Следната изработка на Martin беше забавна релјефна картичка за надополнување на неговите цветни дизајни. Релјефната картичка беше многу едноставна поради упатствата што ве водат чекор по чекор“, вели тој. „Исто така, многу ми се допадна тоа што во шаблонот имаше многу прави линии, така што лесно можев да го исечам“.

При правење на картичката, Martin реши да го внесе својот личен стил на пликот. „Пликовите се елементот што се исфрла од секоја честитка и затоа сакав да го сменам тоа, бидејќи дизајнот на пликот беше толку убав“, вели тој.

Martin создаде свој механизам за прицврстување за пликот за да спречи кинење – користејќи две слики од маргаритки од дизајнот на букетот. „Закачив една на отворот на пликот, а другата на основата на пликот“, објаснува тој. „Употребив пенливо лепило, поради што сликите беа подигнати. Ставив јаженце под подлогата од пена на отворот на пликот, кое може да се обвитка во форма на бројот осум за да се прицврсти пликот“.

Кога создавате приспособени картички за повеќе луѓе, а времето е од суштинско значење, можете да ја употребите двостраната мат хартија MP-101D од Canon, којашто се испорачува со плик.

Последни детали

Разнобојни хартиени модели од цвеќиња се поставени во вазна во средината на дневна соба.

Хартиените подароци може да се изложат како украси за домот и да служат како потсетници дека некој специјален човек мисли на вас.

Martin вели дека повторно би изработил подарок од хартиени модели. „Сите кои го видоа хартиениот букет беа многу импресионирани и сите сакаат еден за нив. Тоа е совршен подарок, а најдобриот дел е тоа што ќе трае долго време. Веќе нема потреба да купувате свежи цвеќиња што ќе овенат за четири дена!“

Creative Park, исто така, го инспирираше да направи венец што може да го закачи на влезната врата. „Иако ова е за лична употреба, знам дека моите пријатели и семејство ќе сакаат едно за нив, поради што може да биде убав подарок“.

Ви се допаѓа идејата? Можете да направите венец од почеток како прекрасен подарок, или да ги користите шаблоните од венци на Creative Park за поедноставни дизајни. Врз основа на годишното време, можете да направите сезонски украс за на лето, или празнична зимска изложба.

Разубавете нечиј ден

Печатач Canon PIXMA и неколку тегли и свеќи се поставени на црно биро. Рачно изработен букет од хартиени цвеќиња стои врз печатачот.

Подарете рачно изработен подарок за некому да му го разубавите денот. За инспирација, погледнете ја нашата страница на Pinterest.

Откако ќе ги направите подароците, време е да ги подарите. Без оглед на тоа дали сакате да го завиткате хартиениот букет во кафеава хартија за да му го подарите на пријател, или да го ставите во вазна за да го разубавите неговиот дом, давање подароци во форма на отпечатени модели е љубезен и креативен начин да му покажете некому дека се грижите за него.

Зошто да не се обидете? Не заборавајте да ги споделите вашите дела на социјалните медиуми со хаш-ознаката #MadeWithPIXMA. Ако барате повеќе инспирација, како на пример, како да создадете персонализирана кутија со спомени, придружете му се на Canon Club за повеќе совети и техники за изработување модели!

Tamzin Wilks
  1. Потребен е компатибилен печатач и зависи од достапноста во вашиот регион

Слични производи

  • Печатачи за во домот

    Серија PIXMA TS5350a

    Покажете ги вашите креативни дизајни со можноста за користење различни медиуми, одличните креативни апликации и опциите за беспрекорно поврзување со паметни телефони што ги нуди серијата PIXMA TS5350a
  • Инк-џет печатачи

    Matte Photo Paper MP-101

    Мат фотохартијата овозможува печатење на висококвалитетни фотографии, графика и текст со мат завршна обработка. Исто така, може да се користи за покреативна намена, како на пр., за честитки, изложби и модели од хартија.
  • Инк-џет печатачи

    Matte Photo Paper MP-101D

    Реализирајте ги вашите идеи со овој медиум со разновидна примена. Тој е идеален за луѓе со различни хобија и оние кои изработуваат модели од хартија и затоа претставува совршен избор за изработка на сопствени честитки, колажи или проекти со модели од хартија од Creative Park.

Слични статии

  • ПЕЧАТЕЊЕ И ИЗРАБОТКА НА МОДЕЛИ

    Есенва, внесете ја радоста во домот

    Откријте како дизајнерот и изработувачот Pippa Hiscock создаде забавни и персонализирани роденденски украси од хартија.

  • ПЕЧАТЕЊЕ И ИЗРАБОТКА НА МОДЕЛИ

    Направете експлодирачка кутија

    Lini Trinh ја покажува својата „експлодирачка“ кутија направена со помош на Canon SELPHY CP1500.

  • КРЕАТИВНО ПЕЧАТЕЊЕ

    Декорации од хартија за маса

    Направете прекрасни декорации за маса за сите пригоди со Creative Park.

  • ПЕЧАТЕЊЕ И ИЗРАБОТКА НА МОДЕЛИ

    Хартиени модели од фина уметност

    Уметникот Zack McLaughlin е инспириран од шаблон од рибарче од Canon Creative Park.