Создајте постери, летоци и многу повеќе со PosterArtist од Canon

Откријте како малите бизниси можат брзо, лесно и бесплатно да направат професионални дизајни на постери што ќе привлекуваат внимание.
Отпечатени дизајни од PosterArtist од Canon на биро пред печатач MAXIFY од Canon.

Без оглед на тоа дали рекламирате мал бизнис, организирате хуманитарен настан, локален состанок или промовирате каква било услуга, треба јасно и креативно да ја пренесете вашата порака. Со голем избор на шаблони, слики и фонтови, PosterArtist од Canon ви ги дава сите потребни алатки за да направите постер онлајн бесплатно.

Веб-апликацијата нуди лесен и брз пристап до стотици професионално дизајнирани шаблони, покривајќи сѐ од постери, реклами и летоци, до менија, покани за забави, календари, сертификати и многу повеќе.

Можете лесно да ги приспособите шаблоните со свој текст и слики, а можете да генерирате и QR-кодови – што е идеално за нудење лесен начин на потенцијалните потрошувачи да дознаат повеќе за вашите услуги.

Започнете со онлајн изработувач на постери од Canon

Слика од PosterArtist од Canon што ги прикажува достапните производи и теми.

Поради шаблоните од PosterArtist е лесно и брзо да се создаде завршен производ. Ажурирање на софтверот воведе дополнителни 300 дизајни – со што вкупниот број е 1400.

Слика од PosterArtist од Canon што прикажува шаблон во категоријата Храна и пијалаци.

Ако сакате да дизајнирате постер за да промовирате слаткарница, на пример, можете да изберете шаблон од категоријата Храна и пијалаци.

PosterArtist од Canon е компатибилен со Windows и macOS. Можете да се најавите со постоечка онлајн сметка, како Google, Facebook или Twitter, или да создадете своја безбедна Canon ID.

Од почетната страница на PosterArtist, можете да изберете што би сакале да создадете, или да ги разгледате шаблоните со теми. Категориите вклучуваат малопродажба/дистрибуција, храна и пијалаци, училиште/образование, настани и многу повеќе.

Ако се брзате, има опција за автоматско дизајнирање. Изберете го вашиот производ, внесете ја категоријата, насловот, поднасловот и пораката, како и максимум три слики, а PosterArtist моментално ќе генерира избор од неколку опции.

PosterArtist v1.1 додаде неколку функции за да заштеди време и за да ги направи вашите работни процеси поефикасни. Има палета на нови шаблони за двострано печатење, така што, на пример, сопственик на ресторан лесно може да печати двострани менија. Исто така, можете да увезете табела од Microsoft Excel® во шаблоните, што ви овозможува да создадете персонализирани или приспособени шаблони од истиот дизајн – како серија купони, од кои секој има уникатен код.

Додавање слики

Слика од PosterArtist од Canon што прикажува шаблон за постер во категоријата Храна и пијалаци со ажурирани слики.

Изберете Додајте датотеки во панелот Датотеки за да ги вчитате вашите слики. Исто така, има избор од општи фотографии и однапред подготвени содржини во панелот Фотографии.

Слика од PosterArtist од Canon што прикажува шаблон за постер со ажурирани слики.

Изберете ја сликата од шаблонот што сакате да ја замените и кликнете двапати на малата сликичка во панелот Датотеки за да ја увезете новата слика во вашиот дизајн.

Можете да додадете свои слики од уредот што го користите, или од услуги што се основаат врз Cloud, вклучувајќи ги и Google Drive™, Dropbox™ и Microsoft OneDrive®. Има и опција за пребарување и додавање бесплатни слики директно од различни библиотеки на слики.

Има различни опции за уредување слики, вклучувајќи и алатка за автоматска корекција на фотографии што го коригира задното осветлување и експозицијата, а и овозможува рачно приспособување на корекција на боја и острина, или за префрлување на црно-бело или нанесување нијанса на сепија.

Персонализирање на вашите содржини

Слика од PosterArtist од Canon што прикажува постер за локална слаткарница, со опции за уредување во панел на десната страна.

Усовршете го вашиот постер со приспособување на големината на фонтот, бојата во заднина и проредот на текстот, или менување на соодносот на сликата.

Слика од PosterArtist од Canon што прикажува реклама за локална слаткарница.

Откако ќе ги финализирате боите и фонтовите, може да се обидете да создадете реклами и летоци што соодветствуваат.

Текстот може да се додаде хоризонтално или вертикално и лесно е да се експериментира со бои, како и со стотиците достапни фонтови, за да го добиете точниот стил и изглед што го сакате. Опциите за илустрации се идеални за создавање извонредни лого ознаки.

Во опширната палета на бои има златни и сребрени опции, за дизајнот навистина да се истакнува. Достапни се и флуоресцентни бои, поддржани во печатачите за големи формати од серијата imagePROGRAF GP од Canon.

Ако не сте задоволни со промените, едноставно е да се поништат/повторат со стрелките за напред и назад.

Печатење на вашите дизајни

Извонреден постер создаден со PosterArtist од Canon што излегува од печатач MAXIFY од Canon.

За да ги отпечатите вашите креации, ќе ви биде потребен компатибилен печатач од Canon како што е MAXIFY GX3040 од Canon, достапна опција за печатење со голем обем.

Кога сте подготвени за печатење, кликнете на копчето Продолжете кон печатење - потребно е да преземете и инсталирате дополнителна компонента за печатење кога ова го правите првпат.

Печатачи MegaTank од Canon со високи перформанси како што е MAXIFY GX3040 или GX4040 се идеални за печатење големи количини висококвалитетни документи. Двата модели можат да печатат реклами со должина до 1,2 m и се опремени со заден рамен фах за медиуми со дебелина до 0,7 mm, што е идеално за создавање POS-материјали.

Печатачите MAXIFY и PIXMA од Canon што поддржуваат печатење што се основа врз Cloud ви овозможуваат да создавате дизајни дома или кога работите далечински што може да се отпечатат во канцеларија.

Испратете порака

Отпечатен постер и реклама што рекламираат слаткарница, поставени на сива престилка покрај садови за мерење и дрвена лажица.

Експериментирајте со светли бои, привлечни слики и порака што се помни и создајте прекрасни постери, реклами и летоци со минимален напор.

Лесно е да размислувате за постерите, рекламите, летоците или менијата како предмети, но исто така можете да ги преземете вашите дизајни за да ги користите на веб-страници или социјални медиуми.

Дизајните може да се складираат на вашиот компјутер, или, пак, ажурирањето на софтверот на PosterArtist вклучува вградени опции за зачувување на Google Drive, Dropbox и Microsoft OneDrive за да можете да пристапите до нив од секое место, како и да ги споделите со колегите, семејството и пријателите.

Од реклами за пекарници и менија за хамбургери до летни распродажби и огласи за работа, PosterArtist од Canon може да го отстрани стресот од создавање рекламни материјали за вашиот мал бизнис.

Matthew Richards & Sarah Bakkland
  1. macOS е заштитен знак на Apple Inc., регистриран во САД и други земји и региони.
  2. TWITTER е заштитен знак на компанијата Twitter Inc. или нејзините подружници.
  3. Google и Google Drive се заштитни знаци на Google LLC и оваа веб-страница не е поддржана од или поврзана со Google на каков било начин.
  4. Dropbox е регистриран заштитен знак на Dropbox, Inc.
  5. Microsoft Excel и OneDrive се регистрирани заштитни знаци на корпорацијата Microsoft во САД и други земји.

Слични производи

Слични статии

Најсоодветната апликација за печатење од Canon за вас

Бидете креативни и организирани со апликациите за печатење од Canon – има апликација што соодветствува на секој проект.

Печатачи MegaTank за деловно работење

Како квалитетот и ниските работни трошоци на печатачите MegaTank може да го подобрат деловното работење.

Како се користи безжичен печатач

Паметни начини на кои може да извлечете максимум од вашиот безжичен печатач.

Најдобрите печатачи за дизајнери

Печатачите се основни алатки за дизајнерите - ние ќе ви помогнеме да го изберете вистинскиот модел за вашите потреби.