ПЕЧАТЕЊЕ
Запознајте се со PIXMA G640 и PIXMA G540
Дознајте за новите функции на новата генерација на печатачи MegaTank од Canon.
ПЕЧАТЕЊЕ
Флексибилни, економични и дизајнирани да создаваат резултати со доследен висок квалитет - не треба да бидете изненадени дека печатачите од серијата PIXMA G на Canon ќе им помогнат во развојот на овие три компании. Дали вашата компанија е на ред?
Компанија : Mini Professors
Индустрија : образование
Локација : St Albans & Harpenden, UK
Услуги : забавни и информативни курсеви по наука наменети за деца на предучилишна возраст
Веб-страница : www.miniprofessors.com/stalbans
Клиентите на Natasha Spink се едни од клиентите со најголеми барања. Natasha е сопственик на претпријатието Mini Professors во областа St Albans and Harpenden. Mini Professors ги нуди единствените курсеви по наука наменети специјално за деца од предучилишна возраст, а отпечатените материјали се важен дел од секоја лекција. По темелното истражување, какво што може да очекувате од еден научник, Natasha го избра печатачот PIXMA G4510 од Canon.
„Печатачот ми овозможува да им подготвувам многу активности на децата секоја недела“ - вели Natasha. „Правиме многу експерименти, користиме различни шаблони, налепници и картички, а печатачот досега без проблем печати врз различни материјали.“
Компактниот PIXMA G4510 од Canon лесно се справува со обемот на печатење што ѝ е потребен на Natasha. Добредојдени се и неговите опции за безжично поврзување. „Можам да бидам во друга просторија за да ги надгледувам децата и истовремено да печатам содржини од мојот лаптоп“ - вели таа.
Natasha е задоволна и од резервоарите за мастило на PIXMA G4510 од Canon што се дополнуваат и се наменети за печатење големи количини. Нивните линии за индикација на мастилото овозможуваат лесно следење на преостанатото мастило, а дополнувањето е едноставно, ретко и не се создава многу отпадна пластика.
Во поглед на квалитетот на печатење, PIXMA G4510 од Canon не потфрлува. „Децата сакаат да добијат сертификат на крај од часовите“ - објаснува Natasha. „Се чувствувам одлично што можам да им дадам нешто со кое се гордеам, квалитетот е одличен, а децата можат да се гордеат со сертификатите и да ги закачат во нивниот дом.“
"Сигурен е, економичен, лесен за користење и изгледа одлично."
Компанија : Premier Insurance
Индустрија : осигурување
Локација : Harrow, London, UK
Услуги : палета производи за осигурување
Веб-страница : www.premier-insurance.net
Брз развој. Достигнување на ѕвездите. Амбициите на Anik Islam за Premier Insurance зависат од фактот дека деловните ресурси мора да држат чекор со побарувачката, поради што компанијата прерасна во една од најдобрите посредници за осигурување во Обединетото Кралство.
Со напредокот на деловното работење, Anik почна да бара ново решение за печатење. Новиот печатач требаше да понуди голема продуктивност, опции за поврзување, голем обем на печатење и флексибилност при печатењето.“
Кога ја откривме серијата PIXMA G од Canon, бевме убедени дека таа ќе ни ги реши сите проблеми“ - објаснува Anik.
PIXMA G6050 од Canon е идеален за динамичкото канцелариско опкружување во Premier Insurance. Капацитетот од 350 листови на печатачот, двонасочното снабдување со хартија и резервоарите за мастило што се дополнуваат и се наменети за печатење големи количини придонесуваат за трошење помалку време за дополнување хартија и нарачување скапи картриџи. Печатачите MegaTank од Canon , како што е PIXMA G6050 од Canon , можат да отпечатат до 18.000 страници со само три шишиња со црно мастило. „Административниот дел од деловното работење е максимално олеснет“ - вели Anik.
Друга предност на PIXMA G6050 од Canon е можноста за работа со различни медиуми, почнувајќи од обична хартија и картички па сè до пликови и фотохартија. За компанија што зависи, делумно, од врвни рекламни материјали за клиентите што треба да создадат врвно доживување на брендот, можноста за внатрешно и економично печатење на тие материјали е незаменливо подобрување.
Можностите за поврзување со Cloud на PIXMA G6050 од Canon, исто така, поттикнаа слична трансформација на Premier Insurance. „Нашите клиенти често носат документи на состаноците. Со апликацијата Canon PRINT можам брзо да ги скенирам документите и тие автоматски ќе се испратат за печатење во канцеларијата, а персоналот ќе може веднаш да почне да ги анализира“ - вели Anik.
"Благодарение на апликацијата, можам да управувам со печатачот дури и кога не сум во канцеларијата. Неверојатен е."
Име на компанијата : Forever Rose
Индустрија : подароци
Локација : Dubai, United Arab Emirates
Услуги : изработка на приспособени подароци
Веб-страница : www.MyForeverRose.com
Како компанија за изработка на приспособени подароци чии неверојатни и долготрајни цвеќиња изгледаат волшебно, Forever Rose имаше големи предизвици за печатење. И покрај скромните почетоци, компанијата постигна глобално проширување и зголемување на работната сила со повеќе од 500 луѓе. Поради тоа, стариот систем за ласерско печатење на компанијата влијаеше негативно врз продуктивноста и профитот.
Сопственикот на Forever Rose, Ebraheem Al Samadi, решението го пронајде во печатачот PIXMA G6040 од Canon што му понуди рамнотежа помеѓу потребата за доследно и сигурно печатење во голем обем и помали трошоци за печатење.
"Забележавме значително намалување на трошоците од 60-70% во споредба со ласерскиот тонер што го користевме претходно."
Најважниот фактор за неверојатно малите работни трошоци на PIXMA G6040 од Canon се неговите вградени резервоари за мастило за печатење големи количини. Овие MegaTank-резервоари имаат индикатори за нивото на мастилото од предната страна, лесно се дополнуваат и кај нив потребата за дополнување е многу поретка во однос на печатачите со картриџи. Во некои локации на Forever Rose немало потреба за дополнување на мастилата во MegaTank-резервоарите повеќе од шест месеци.
„Печатиме секојдневно“ - вели Asim Hussain, International Commercial Director. „Затоа печатењето со голем обем по достапна цена беше еден од главните критериуми при изборот на печатачот MegaTank од Canon.“
Достапноста е само половина од приказната. Висококвалитетните резултати на PIXMA G6040 од Canon ги задоволија потребите на компанијата чии клиенти очекуваат само совршенство при презентациите. Бидејќи висококвалитетните мастила базирани на боја на PIXMA G6040 од Canon создаваат неверојатно јасни и природни фотографии, корисниците на Forever Rose отсега ќе можат да вклучат беспрекорно отпечатена и приспособена фотографија кога испраќаат подароци. Ова само уште еден начин на кој технологијата на Canon им овозможува на компаниите да ги подобрат своите понуди и да им ја поттикне инспирацијата.
„Со гордост изјавувам дека компанијата Canon ќе нè придружува на ова патување и ќе отвораме по еден голем бутик во секој поголем град во светот“ - вели Ebraheem.
Напишано од
Get Inspired е најголемиот извор на практични совети за фотографирање, водичи за купување и информативни интервјуа - сè што ви е потребно за да го пронајдете најдобриот фотоапарат или најдобриот печатач и да ја реализирате вашата следна креативна идеја.
Назад до сите приказниПЕЧАТЕЊЕ
Дознајте за новите функции на новата генерација на печатачи MegaTank од Canon.
СОВЕТИ ЗА ПЕЧАТЕЊЕ
Работењето од дома е беспрекорно со печатачот PIXMA TR4650 од Canon.