Ако сакате најголема практичност, разновидност, ефикасност и креативност, Canon нуди многубројни бесплатни апликации и софтвери што ќе ви обезбедат подобро безжично печатење. Со апликацијата Canon PRINT може да печатите, копирате и скенирате безжично од паметните уреди, како и да ги менувате поставките за печатење, да ги проверувате нивоата на мастилата и да вршите рутинско одржување.
Како што веќе видовме, апликациите од Canon овозможуваат полесно печатење - директно од вашиот телефон кон безжичниот печатач. Кога работите од дома или на терен, ако ја користите апликацијата Canon PRINT со PIXMA Cloud Link ќе можете да се поврзете безжично со печатачот во канцеларијата за да ги споделите документите со другите членови од персоналот. Исто така, ќе можете далечински да ги скенирате документите со помош на камерата на вашиот паметен телефон и потоа да ги отпечатите во канцеларијата или, пак, да ги скенирате документите преку печатачот и да ги испратите кон паметен телефон. Може да работите и на двата начини.
Заради поголема креативност, апликацијата Easy-PhotoPrint Editor ви нуди опција да ги претворите дигиталните фотографии во стилски отпечатени материјали и уникатни подароци, користејќи шаблони за календари, картички, постери и многу повеќе.
Тука е и онлајн услугата PosterArtist за создавање сопствени постери, реклами и летоци. MegaTank-печатачите MAXIFY GX3040 и MAXIFY GX4040 се особено добри за оваа намена, бидејќи имаат рамен влезен фах на задната страна што овозможува создавање реклами со должина до 1,2 m и печатење врз картонски медиуми со дебелина до 0,7 mm.
Наменет за компјутери со Windows, софтверот Easy-Layout Editor е практичен модул за драјверите на печатачот што нуди прегледување содржини на екранот заради подобро распоредување и печатење повеќе слики. Дури и ако не сакате да преземате апликации, печатачите од Canon што се компатибилни со Chromebooks, Apple AirPrint и Mopria® за Android ви овозможуваат да ги поврзете и да печатите безжично преку вградените протоколи за печатење на вашиот паметен телефон и таблет-уред.