Експертот за модели од хартија и уметник, Emma Jewell, ги отелотворува сите светликави работи, не само во името туку и во карактерот. Од нејзините објави на Instagram, прелиени со сите бои на виножитото и исполнети со инспирација за изработување, па сè до нејзиното месечно издание на „Клуб за модели и коктели“, Emma има огромна страст за изработка на модели, особено ако опфаќаат некаква форма на светки.
„Верувам дека сите имаме свои вештини, но треба да откриеме какви се тие“ - вели Emma која има сопствен бренд за изработка на модели, наречен Sassy Crafting, а пред пет години започна хонорарно да изработува модели.
Emma, која е самопрогласен љубител на бои, светки и „распоредување предмети во боите на виножитото“, го прифати предизвикот да прикаже како може да се забавувате со апликацијата Canon SELPHY Photo Layout. Апликацијата не само што ви овозможува да создавате интересно распоредени фотографии, туку може да се користи и како алатка за креативна уметност и дизајн, со опции за додавање филтри, текст, печати и графика, поради што е идеална за правење колажи и забавни проекти со фотографии. Кога ќе бидете задоволни со вашите дела, компактниот и пренослив печатач од Canon, како што е Canon SELPHY CP1300 што го користи Emma, кој сега е заменет со SELPHY CP1500, ви овозможува веднаш да ги отпечатите вашите инспиративни колажи.
Тука, Emma објаснува зошто бесплатната апликација за правење колажи Canon SELPHY Photo Layout и компактниот печатач за фотографии се совршена комбинација за изработка на креативни модели.
Внесете реалистичност во вашите креативни проекти за изработка на модели со апликацијата SELPHY Photo Layout
1. Собирање идеи
Emma има блог уште од 2014 година и создавала содржини за брендови како Hobbycraft, Cricut и Trimcraft. Таа сака да прави сопствени и уникатни креации наместо да купува обични предмети од продавница.
„Сакам да правам колажи и сакам да изработувам приспособена облека“ - вели Emma, која ја искористи апликацијата SELPHY Photo Layout за да собере идеи за нејзините проекти за изработка на модели. „Собирав инспирација - различни шеми и бои - за фармерки што сакав да ги приспособам, идеи за ѕидна уметност во разни бои, везена торба за шминка со шљокици и накит со пластични монистри од 90-тите и ланче.
„Собирам идеи од секаде, вклучувајќи и Pinterest. Навистина сакав да направам нешто со фармерки и цветни форми, па затоа разгледував маргаритки. Ја искористив апликацијата за да спојам сè и да видам кои дизајни ќе изгледаат најдобро“.
2. Уредување на вашите инспиративни идеи
Опцијата за распоред „Комбинација“ во апликацијата ви овозможува да подредувате фотографии со различни големини, а Emma ја искористи оваа опција за да создаде колаж со фотографии од маргаритки за фармерките што планира да ги украси.
Апликацијата SELPHY Photo Layout нуди многубројни опции за додавање филтри, печати, текст и графика, овозможувајќи ви да создавате сопствени и забавни колажи со фотографии.
Апликацијата SELPHY Photo Layout ви нуди избор од шест опции за распоредување:
Select & Print: оваа опција создава една слика.
N-up: оваа опција ја дели хартијата еднакво на две, четири или осум фотографии по страница.
Shuffle: оваа опција автоматски распоредува фотографии со различен сооднос на слика за да создаде колаж од вашите фотографии.
Combination: оваа опција подредува и спојува фотографии со различна големина (што можат да се отсечат и раздвојат по печатењето).
Label: оваа опција ви овозможува да ги искористите вашите слики за да создадете квадратни или мали етикети.
Исто така, изработувачите на модели имаат можност да изберат помеѓу подобрена палета на бои за текст и графика и функција за „приспособени бои“ за уникатни УВ-ефекти во точка, која ќе направи одредени површини на сликата да изгледаат посјајни од другите, со што ќе обезбеди интересни и креативни можности.
Emma употреби повеќе распореди за да ги спои своите идеи. „За некои идеи внесов текст и неколку налепници“ - вели таа. „Налепниците во форма на цвеќиња ги додадов врз фармерките за да видам како ќе изгледаат. Апликацијата ми овозможи и да додадам заднина со точки во еден од деловите“ - објасни Emma. „Додадов три слики и површина со точки, а можев да додадам и неколку белешки“.
3. Печатење на вашите дизајни
Emma обожава бои и сјај, а нејзините разнобојни дизајни се совршени за обработка со Canon SELPHY CP1300, кој сега е заменет со поновиот модел SELPHY CP1500, што печати материјали со големина на картички и нуди повеќе завршни обработки.
Отпечатените материјали на Emma одговараат на нејзиниот препознатлив и живописен стил. „Боите беа многу светли, поради што се прикажаа сите нијанси што сакав да ги покажам“. За еден од материјалите отпечатив и табела со бои, за да се види дека отпечатените бои беа исти со боите прикажани на екранот“ - вели Emma.
„Ми се допадна колку брзо печати SELPHY CP1300 [сега е заменет со SELPHY CP1500]. Одличен е и брз, а процесот за испраќање слики од апликацијата директно до печатачот е многу едноставен. Исто така, лесно можев да правам промени доколку нешто не изгледаше добро или не ми се допаѓаше - лесно можев да отпечатам друга верзија. Многу ми се допаѓа големина за хартија од 6x4 бидејќи може да се отпечатат повеќе слики на еден лист“.
Апликацијата SELPHY Photo Layout е компатибилна и со преносливиот печатач SELPHY QX20.
4. Пронаоѓање инспирација за вашите проекти за изработка на модели
Почетокот со една инспиративна слика - како овој пар холографски чизми - е одличен начин за започнување на вашиот креативен проект. „Чевлите со холографски елемент ми беа почетна точка“ - објаснува Emma. „Пример за видот на облека што одговара на оваа торба за шминки“.
Најважниот совет на Emma за надежните изработувачи на модели е да употребат забавна тема за почеток на нивниот проект и да остават темата сама да се развие. „Соберете колку што можете повеќе инспирација“ - вели таа. „Потоа изберете една слика за почеток, независно дали е само боја, некој предмет што сакате да го приспособите или слика од некои чевли - искористете ја како почетна точка“.
Идеите на Emma вообичаено започнуваат кога се обидува да реши некој проблем и кога сака да направи нешто по своја желба наместо да оди во продавница и да го купи решението. „Носам тетратка за работите што ќе ги смислам додека се шетам“ - вели таа. „Смислувам работи што можеби би ги носела на себе или би ги користела во домот. Наместо да купам нешто, се прашувам „Како да го направам тоа што го сакам?“
Без разлика дали ќе ги реализирате вашите идеи за модели со помош на преносливиот Canon SELPHY CP1500 или со SELPHY QX20, апликацијата SELPHY Photo Layout ќе ви помогне да ја изразите вашата креативност со колажи од фотографии.
За да добиете поголема инспирација за модели, почнувајќи од модели од пеперутки па сè до инспиративни табли, кликнете тука.
Напишано од Lorna Dockerill
Слични производи
-
SELPHY CP1500 [Бела]
Печатете материјали со извонредни бои и голема издржливост за само неколку секунди со овој практичен и компактен печатач за фотографии. -
SELPHY QX20 [Темно-сива]
Бидете креативни со неповторливите моменти во животот со прекрасни материјали отпечатени во движење со две големини од вашиот паметен уред -
Canon Zoemini 2 [Розово златна]
Добијте инстант отпечатени материјали од вашиот паметен телефон во секое време и на секое место со џебниот печатач Zoemini 2 што се напојува преку батерија.