Од децата до бабите и дедовците и сите други, сите деновиве со задоволство сакаме да фотографираме. Повеќето од нас имаме илјадници фотографии во паметните телефони во кои никогаш повеќе нема да погледнеме, а скапоцените спомени често се губат во огромните збирки на фотографии.
Благодарение на компактните печатачи за фотографии, може за миг да отпечатите фотографии што ќе траат доживотно*. Уште поимпресивно е тоа што може да печатите кога сакате и да ги овековечите вашите специјални моменти, каде и да сте.
Откако ќе ги отпечатите вашите омилени слики, на располагање ви се многу опции со нив - од изработувањето персонализирани подароци со фотографии за саканите, до пополнувањето колажи со идеи за домашен декор, па дури и со скапоцени спомени од патувањата.
Ви нудиме пет начини да бидете креативни со вашиот компактен печатач за фотографии од Canon.
КРЕАТИВНО ПЕЧАТЕЊЕ
Забавувајте се со печатењето: пет причини зошто ви е потребен компактен печатач за фотографии
1. Уникатни подароци и картички
Фотографиите се наменети да се споделуваат и да се ужива во нив, а практичниот SELPHY CP1500 од Canon е идеален за трансформирање на вашите омилени слики во подароци, разгледници и налепници.
Достапен во три бои, SELPHY CP1500 има тенок, модерен дизајн и LCD-екран во боја од 8,9 cm со едноставно поврзување преку QR. Освен тоа што беспрекорно функционира со паметните телефони и други уреди на Apple уреди со Android преку Wi-Fi, тој се одликува и со отвор за SDXC за печатење слики складирани на мемориски картички, како и приклучок USB-C за лесно поврзување со фотоапарати и блицови.
SELPHY CP1500 може да печати разгледници што веднаш ќе може да ги испратите, со линии за адреса на задната страна, идеално за испраќање фотографии до вашите сакани, кои потоа може да ги врамат или да ги постават на фрижидерот.
Опциите за мини налепници и налепници со големина на кредитна картичка ви овозможуваат да внесете дополнителен стил во разгледниците и роденденските покани. Може да го фотографирате вашето дете додека игра со подарок што му бил даден, да ја отпечатите фотографијата како налепница и да ја залепите на картичка за благодарност. Тоа е прекрасен личен гест и ќе му покаже на примателот колку бил ценет неговиот подарок.
2. Креативни начини да се организирате
Повеќето од нас би сакале да бидат подобро организирани, но не се сигурни како да го постигнат тоа. Зафатените родители треба да ги надгледуваат и своите напорни распореди, но и оние на нивните деца. Canon SELPHY CP1500 е совршената алатка што може да им помогне на семејствата повторно да воспостават контрола.
Овој практичен и стилски компактен печатач може да отпечати разгледница за само 41 секунда, како и налепници во повеќе големини. За многу кратко време ќе имате ознаки со имиња за училишните книги и предмети и етикети за вашите кујнски садови и семејниот планер.
Можете и да печатите фотографии за документи, да создавате персонализирани обележувачи и да споделувате линкови со печатење QR-кодови преку апликацијата SELPHY Photo Layout од Canon.
3. Лесна изработка на колажи
Зошто не направите колаж од специјален настан, одмор или од вашето разиграно прво милениче? Тоа може да биде многу позитивна активност во која може да уживаат луѓе од сите возрасти.
Canon SELPHY QX20, кој има џебна големина и е секогаш подготвен за користење, печати квадратни фотографии од 68x68 mm и фотографии со големина на картичка од 54x85 mm, со празен простор во еден од рабовите во кој може рачно да пишувате текст. Тој е достапен во три стилски бои и користи вграден картриџ што не создава неред, а се испорачува како комплети со хартија за налепници (XS-20L и XC-20L / XC-60L).
Поврзувањето со апликацијата Canon SELPHY Photo Layout ви овозможува да бидете уште покреативни со вашите слики и ви нуди опции да додавате филтри, рабови, преклопувања и да печатите слики без рабови и колажи.
4. Разубавете го просторот
Без разлика дали сте тинејџер што живее со родителите, студент на универзитет или горд сопственик на својот прв дом, секогаш е забавно да го направите просторот лично ваш.
Преносливиот печатач Zoemini 2 од Canon е доволно мал за да го ставите во џеб, а функционира со помош на внатрешна батерија на полнење. Нема неред и отпад благодарение на неговата технологија ZINK (Zero INK), така што потребна ви е само хартија, која е достапна во пакувања од по 20 или 50 листови.
Зошто да не ги отпечатите омилените слики и да ги закачите со конец на ѕидовите во спалната соба или дневната? За да се опкружите со предмети што ќе ви измамат насмевка, ништо не е посоодветно од сликите од семејството и пријателите.
Специјалната фотохартија ZINK од Canon има задна страна што може да се одлепува (и да се рециклира), така што ќе може да ги залепите отпечатените материјали во дневник, колаж или табла за прикажување. Тоа е и забавен начин да ги приспособите студентските книги или футролата на вашиот мобилен телефон.
5. Инстант отпечатени материјали за споделување
Ако сте излезени со пријателите, сте отпатувале за викенд или сте на забава или фестивал, Zoemini S2 од Canon може да ви биде совршен придружник. Компактен и лесен и опремен со истата технологија ZINK со батерија на полнење и големина на хартија од 3x2 инчи како Zoemini 2 од Canon, тој додава вграден дигитален фотоапарат опремен со огледало и прстенесто светло за совршени автопортрети, кои може да ги отпечатите за помалку од една минута.
Тоа значи дека ќе може да споделувате отпечатени фотографии со луѓе што тукушто сте ги сретнале или не ги гледате често - можеби нов пријател од фестивалот или услужлив туристички водич со кој сте биле на тура - и на тој начин да им дадете нешто што ќе може да го понесат со себе како спомен.
Уште поимпресивно е тоа што апликацијата Canon Mini Print ви овозможува да ги приспособувате сликите со филтри, специјални ефекти, цртежи и текст. Може да ја користите апликацијата и за да печатите слики од Facebook, Instagram, Google Photos, DropboxTM и iCloud, а таа може бесплатно да се преземе од App Store и Google Play.
На крајот, компактните печатачи од Canon се неверојатно разновидни и ви овозможуваат изработка на секакви проекти, без разлика во која фаза од животот се наоѓате. Печатењето може да ви понуди прекрасна забава додека откривате креативни начини за користење на вашите фотографии.
*Доколку се чуваат во албум. Врз основа на забрзано тестирање, земајќи предвид температура од 23° C / 73,4° F и влажност од 50%
Dropbox е регистриран заштитен знак на Dropbox, Inc.
Напишано од Matthew Richards
Слични статии
-
КРЕАТИВНО ПЕЧАТЕЊЕ
Планирајте, забавувајте се и печатете
Дознајте како апликацијата SELPHY Photo Layout може да ви помогне во смислувањето идеи за возбудливи проекти за изработка на модели.
-
КРЕАТИВНО ПЕЧАТЕЊЕ
Отпечатете ја животната приказна на вашето семејство
Печатете и создавајте рачни изработки со фотографии од важните семејни моменти.
-
КРЕАТИВНО ПЕЧАТЕЊЕ И ИЗРАБОТКА НА КОЛАЖИ
Направете колаж со фотографии
Рачно изработете албум со семејни фотографии следејќи го нашиот водич во чекори.
-
КРЕАТИВНО ПЕЧАТЕЊЕ
Најдобри придружници на фестивалите
Зачувајте ги вашите спомени во движење со палетата на Canon Zoemini со џебна големина.