Објективи RF

Canon RF 85mm F2 MACRO IS STM

Доловете го реалниот карактер на вашиот субјект со објектив што нуди дискретна телефото перспектива за прекрасни портрети, како и фокусирање одблиску за макро и стабилизација на слика со 5 чекори што го прават соодветен за различна примена.

Дефинирајте ја и подобрете ја вашата креативна замисла


  • Совршен објектив за портрети

    Овој објектив со фокусна должина од 85 mm е идеален за прекрасни портрети и создава елегантни резултати со прекрасно заматени заднини благодарение на широката решетка f/2.


  • Одлични резултати во секоја прилика

    RF-приклучокот ви нуди неверојатни перформанси со извонредни нивоа на детали во вашите слики, како и вграден DLO-профил за оптимизација на објективот преку фотоапаратот.


  • Доближете се до субјектите

    Фокусирајте на растојание до 35 cm и со 0,5x макро за да ги откриете малите детали и да снимате слики со извонредна острина низ целата површина на сликата благодарение на минималната решетка f/29.

Брз, модерен и тивок

Моторот STM овозможува рамномерен и тивок AF, а прстенот за контрола на објективот нуди одлична контрола врз поставките. Создавајте меко дефокусирани површини со решетката со девет сечила.

Џебна големина и мала тежина

Објективот тежи само 500 g и има дискретна и компактна форма, а неговите димензии од само 78x90,5 mm ќе ви овозможат да го носите насекаде за да имате повеќе креативни опции при рака.

Светот на објективите RF

RF 85mm F2 MACRO IS STM е наменет за фотографите кои ја користат серијата EOS R и на кои им треба компактен и лесен RF-објектив за портрети и општа намена. Дали сакате да дознаете повеќе за нашата палета на објективи RF?

Галерија

Откријте што можете да снимите со овој разновиден објектив.

Спецификации

  • Хибридна стабилизација на слика

  • 0,5x

    Макро фокусирање за извонредни детали

  • Слој Super Spectra

    За помалку одблесоци и отсјај

  • Стабилизација на слика со 5 чекори

    Напредна стабилизација на сликата

  • STM-мотор

    Рамномерен фокус за видео, брз за фотографии

  • 78 x 90,5 mm

    Компактна големина

Што содржи кутијата

  • RF 85mm F2 MACRO IS STM

  • Предно капаче за објектив

  • Задно капаче за објектив

  • Комплет со упатство за користење

Comparison

Стабилизатор на слика

Стабилизација на слика со 5 чекори
Не

Мотор за фокусирање

STM
USM

Решетка

f/2
f/1,8

Максимално зголемување

0,5x
0,13x

Тежина

500 g
425 g

Големина (ширина и висина)

78 x 90,5 mm
75 x 71,5 mm

Во рацете на професионалците

Дознајте зошто професионалците од Canon сметаат дека RF 85mm F2 MACRO IS STM е најсоодветниот објектив за креативни портрети.

Дополнителна опрема за објективи


  • Сенило за објектив ET-77 од Canon

    Кога сенилото на објективот е прикачено, ќе ја спречите светлината да паѓа странично врз предниот елемент на објективот и ќе добиете побогати бои во вашите фотографии.


  • Футрола за објектив LP-1216 од Canon

    Заштитна мека торбичка за RF 85mm F2 MACRO IS STM.


  • Филтер за објективи од 67 mm од Canon

    Овој филтер за објективи е дизајниран да одговара на објективи со навој за филтри од 67 mm, да го штити предниот елемент на објективот и да спречи промени во балансот на боите.

Слични производи

Раце кои држат фотоапарат EOS R од Canon и објектив RF 24-105mm F4-7.1 IS STM од Canon.

Можеме ли да ви помогнеме да го изберете вашиот следен објектив?

Нашата алатка за избирање објективи ќе ви ја прикаже целата наша палета на објективи и ќе ви помогне да го пронајдете објективот кој совршено ќе ви одговара вам и на вашиот фотоапарат EOS.

Телефото објективи

Телефото објективите ви овозможуваат да фотографирате спорт, диви животни или настани од далечина, без да ги попречувате случувањата. Разгледајте ги телефото објективите од Canon и ослободете ја вашата креативност.
Дознајте повеќе