Canon Серија PIXMA TS5350

Овозможувајќи брзо поврзување со паметни уреди, овој модерен и елегантен 3-во-1 повеќефункционален уред е идеална алатка за креирање и креативни проекти, но и совршен партнер за печатење за вашиот паметен телефон.

Прилагодете го по ваша желба со серијата PIXMA TS5350 од Canon

Трансформирајте го вашиот следен проект со Easy-PhotoPrint Editor, Creative Park и Message In Print и обидете се да печатите врз леплива хартија, двострана мат хартија и хартија за пренос на слики со пеглање.

Интелигентни и со можност за поврзување

Печатете, скенирајте, копирајте и поврзете се на Facebook, Instagram и други сметки на Cloud** преку вашиот паметен телефон и апликацијата Canon PRINT или, пак, печатете без апликации со AirPrint (iOS) и Mopria (Android).

Ослободете ја креативноста

Користете ги 45-те вградени шаблони на печатачот за да дизајнирате колажи или сопствена украсна хартија. Бидете креативни со апликацијата Easy-PhotoPrint Editor од Canon наменета за iOS или Android.

Спецификации

  • Врвни резултати

    Картриџи FINE со мастило ChromaLife100

  • Безжично поврзување

    Апликација Canon PRINT, AirPrint (iOS) и Mopria (Android)

  • Користење различни медиуми

    2-насочно снабдување со хартија

  • Заштеда на хартија

    Автоматско 2-страно печатење

  • Едноставна контрола

    OLED-екран од 1,44 инчи, копче QR, Wireless Connect

  • Брза проверка на статусот

    LED-лента за статус

  • Лесно полнење хартија

    Автоматско откривање на ширината на хартијата

  • Печатење фотографии без рабови

    Фотографии без рабови од 4x6 инчи за само 36 секунди

Што содржи кутијата

Целосна опрема за започнување на вашата креативна авантура:

  • Сè-во-едно печатач - серија PIXMA TS5350

  • Картриџи FINE

  • Кабел за напојување

  • CD-ROM за поставување

  • Прирачници

Замислете што може да направите

Сега е време да направите многу повеќе од само печатење. Изненадете се себеси и останатите со работите што можете да ги создадете со помош на вашиот печатач PIXMA од Canon.

Регистрирајте се и добијте уште повеќе од вашиот печатач!

Добивајте поени и освојувајте награди додека печатите со оригиналните мастила од Canon. Можна е достава на мастила директно до вашата врата кога ќе ви требаат…

Производите од Canon го вадат најдоброто од нив

Користењето на мастилата и хартиите од Canon во комбинација со вашиот печатач од Canon ви дава исклучителни резултати со фотолабораториски квалитет во секое време.

Апликација Canon PRINT

Испраќајте фотографии на вашиот домашен печатач за само неколку секунди.

Палета на PIXMA хартии

Пронајдете ја вистинската хартија за вашите потреби и добијте фотографии со фотолабораториски квалитет.

Извлечете максимум од вашиот печатач

Дознајте како да печатите фотографии од вашиот паметен уред, да создавате модели од хартија, приспособени налепници за нокти, календари, честитки и многу повеќе.

Апликација Creative Park

Од едноставни идеи за модели па сè до 3D-модели во оригами стил - внесете ја забавата со моделите од хартија во секојдневниот живот и додајте уникатни елементи во вашите креации со функцијата за уредување.

Поврзани производи

  1. *Некои бои на модели може да бидат недостапни во вашиот регион.

    **Скенирањето кон Cloud е достапно само за корисници на оригинални мастила од Canon.