СОФТВЕР И ДОПОЛНИТЕЛНИ КОМПОНЕНТИ

Софтвер и дополнителни компоненти за СИСТЕМОТ EOS VR

Дознајте како да создавате прекрасни тродимензионални содржини користејќи компатибилен EOS-фотоапарат за целосна слика и објектив RF 5.2mm F2.8L DUAL FISHEYE, со поедноставен и поефикасен работен процес благодарение на системот EOS VR.
EOS VR Utility

EOS VR Utility

Сложениот процес на порамнување, синхронизација и спојување повеќе системи на датотеки/фотоапарати сега е бесконечно полесен благодарение на софтверот EOS VR Utility1 од Canon кој нуди многу поефикасен процес за конверзија на стереоскопските видеоматеријали и фотографии заради уредување и репродукција.

Ажурирање за софтверот EOS VR Utility

Верзија 1.2
  • - Поддршка за RAW-видео, вклучувајќи го форматот 8K / 60P RAW LT 60 fps (EOS R5 C)
  • - Поддршка за користење GPU (NVIDIA за Windows / Metal за Mac)
  • - Поддршка за Apple Silicon
  • - Дополнителен формат на датотеки за извоз (Windows)
  • - Опција за маска на објектив
Canon Camera

Проекција на слики со правоаголна конверзија на еднакво растојание

За правилно уживање во снимените материјали или фотографии од типот 180° VR преку систем за виртуелна реалност што се поставува на глава, редоследот на сликите за левото и десното око мора да се менува и мора да се изврши проекција со правоаголна конверзија на еднакво растојание на двете кружни слики со ефект на рибино око. Ваква проекција со правоаголна конверзија на еднакво растојание може да извршите со помош на софтверот EOS VR Utility од Canon за ефикасно да ги „коригирате“ двете кружни слики со ефект на рибино око и да ги претворите во две „квадратни“ слики поставени една до друга (стандарден формат за датотеки на слики од типот 180° VR), со што ќе ги подготвите за гледање преку систем за виртуелна реалност што се поставува на глава или за уредување со помош на компатибилна апликација или системот NLE. Едно од полињата за потврда во EOS VR Utility им овозможува на корисниците да избираат помеѓу приказ со конверзија и приказ без конверзија.

Поддршка за RAW-видео (8K / 60P)

Компатибилните RAW-видеодатотеки снимени со поддржани фотоапарати (вклучувајќи датотеки 8K / 60P RAW LT од EOS R5 C) се обработуваат автоматски во EOS VR Utility, што дополнително ги олеснува работните процеси со RAW-формати. Пристапот до основни параметри за прилагодување, како баланс на белата боја, ISO, светлина, простор на бои и гама, овозможува професионално снимање со голем динамички опсег

EOS VR Utility - RAW controls crop
EOS VR Utility

Основно уредување

Датотеката за видео може да ја прегледувате и репродуцирате додека ги обележувате саканите влезни и излезни точки за извезување.

Повеќе опции за извезување

Датотеките со видео може да се извезат во различни резолуции и професионални кодеци, меѓу кои и датотеките DPX и ProRes (Mac), што ќе бидат подготвени за уредување и градација во компатибилна апликација NLE како што е Adobe Premiere Pro. Фотографиите се извезуваат во JPEG-формат.

EOS VR Utility

Дополнителна компонента EOS VR за Adobe Premiere Pro

Новата дополнителна компонента EOS VR за Adobe Premiere Pro1 им овозможува на креаторите на содржини да конвертираат и да уредуваат директно преку нивната апликација NLE и да извршуваат специјални задачи како градација и уредување.

Ажурирање за дополнителната компонента EOS VR

Верзија 1.2
  • - Поддршка за користење GPU (NVIDIA за Windows / Metal за Mac)
  • - Поддршка за Apple Silicon
  • - Опција за маска на објектив
Дополнителна компонента EOS VR за Adobe Premiere Pro

Зошто Premiere Pro?

Premiere Pro од Adobe е водечка апликација во индустријата за создавање богати и реални содржини за виртуелна реалност. Дополнителната компонента EOS VR од Canon наменета за Adobe Premiere Pro ви овозможува автоматско извршување на правоаголната конверзија на еднакво растојание и беспрекорно увезување на вашите датотеки за виртуелна реалност од Canon во само еден едноставен чекор. Потоа, конвертираните датотеки може лесно да се додадат во вашата временска линија и да им се изврши уредување и градација на вообичаениот начин, со што ќе бидат подготвени за конечно извезување и дистрибуција.

Претплатете се и добијте повеќе

Сите корисници ќе добијат бесплатен пробен период и ќе можат да конвертираат фотографии и видеоснимки пократки од две минути. Но, за извезување видеоснимки од две минути или подолги со EOS VR Utility или, пак, за увезување со дополнителната компонента EOS VR за Adobe Premiere Pro, ќе ви биде потребна парична претплата.

EOS VR Utility

Слични производи

  • Систем Cinema EOS

    EOS R5 C

    Снимајте прекрасни видеоснимки со резолуција од 8K и фотографии со 45 MP со најмалата камера Cinema EOS којашто ќе одговори на сите предизвици.
  • Фотоапарати без огледало

    EOS R5

    Променете ја вашата перспектива за фотоапаратите без огледало. Беспрекорните перформанси на EOS R5 ќе го подобрат начинот на кој фотографирате и снимате.
  • RF-објектив за виртуелна реалност

    RF 5.2mm F2.8L DUAL FISHEYE

    Доловете го светот во неверојатна виртуелна реалност со овој револуционерен објектив од серијата L што е дизајниран за беспрекорни работни процеси со виртуелна реалност.
  1. EOS VR Utility и дополнителната компонента EOS VR за Adobe Premiere Pro се потребни за проекција со правоаголна конверзија на еднакво растојание на сликите од типот 180° VR снимени со компатибилен фотоапарат од Canon. Верзијата 1.2 или поновите верзии на EOS VR Utility овозможуваат конверзија на поддржани RAW-датотеки од Canon, вклучувајќи го форматот 8K RAW LT/60P од EOS R5 C (компатибилните RAW-формати може да се разликуваат во зависност од фотоапаратот), а нудат и поддршка за Apple Silicon и користење GPU. За конверзија на видеозаписи подолги од 2 минути можеби ќе треба да се претплатите на соодветна услуга, поради што ќе ви треба Canon ID-сметка. Исто така, ќе треба да инсталирате соодветен софтвер „HEVC Activator“ за фотоапаратот што го користите.
  2. За компатибилност со виртуелната реалност може да биде потребен најновиот фирмвер

    ВЕ МОЛИМЕ ИМАЈТЕ ГО ПРЕДВИД СЛЕДНОТО: ОВОЈ СИСТЕМСКИ СОФТВЕР ЗА ВИРТУЕЛНА РЕАЛНОСТ МОЖЕ ДА СЕ РАЗЛИКУВА ОД КОМЕРЦИЈАЛНИОТ ПРОИЗВОД.