Canon RC-IP100

Поместувајте, вртете и зумирајте на едноставен начин со овој висококвалитетен контролор опремен со повеќефункционална палка и интуитивен екран на допир за лесна контрола на максимум 100 камери преку IP.

Контролирајте до 100 камери од далечина

Направете систем од повеќе камери поврзани преку IP на едноставен начин со RC-IP100 кој овозможува контрола на најмногу 100 PTZ-камери преку еден оператор и LAN-кабел, што значително го олеснува далечинското снимање.

Управувајте и прилагодувајте на практичен начин со допир

Интуитивниот екран на допир од 7 инчи (17,78 cm) овозможува лесно избирање на камерите и брзо управување со поставките за фокусирање, балансот на белата боја, брзината на блендата и многу повеќе.

Совршена прецизност со повеќефункционална палка

Повеќефункционалната палка овозможува прецизно прилагодување на движењето и поставките на камерите, а држачот за контрола на врвот од палката овозможува зумирање, фокусирање и контрола на ирисот.

Прецизно зумирање за совршени снимки

Професионалниот прекинувач за зумирање овозможува рамномерно и прецизно прилагодување на зумот од широк агол па сè до телефото и ви овозможува да зумирате со ист степен на контрола како и кај професионалните камери.

Доделување функции и прецизно прилагодување со приспособени контроли

Двете копчиња за доделување кориснички функции, двете наменски копчиња за функции и приспособливото вртливо копче за контрола на палката му овозможуваат на корисникот да го оптимизира системот за различни сценарија за снимање.

Користете до 100 зачувани положби

Назначете најмногу 100 однапред поставени агли по камера со помош на екранот на допир од 7” и искористете ја функцијата за следење што овозможува снимање на максимум десет различни движења (поместување, вртење, зумирање) што може да ги активирате со допирање на едно копче.

Флексибилно поврзување

Благодарение на можноста за сериска интеграција и интеграција преку LAN, контролата на PTZ-камерите преку IP е многу лесна и интуитивна, а вие добивате поголема слобода за контролирање на вашиот систем.

Нов фирмвер за EOS C70

Со најновиот фирмвер за EOS C70 и новосоздадениот протокол XC од Canon ќе можете да ја користите камерата EOS C70 во далечински контролирани решенија со повеќе камери.

Спецификации

  • Екран на допир од 7 инчи

    За лесно избирање помеѓу 100 камери и поставки

  • Повеќефункционална палка

    Прецизно прилагодување на движењето на камерата

  • Професионален преклопник за зумирање

    За рамномерно и прецизно прилагодување од широк агол до телефото

  • Прилагодливи контроли

    Копчиња за доделување кориснички функции и приспособливо вртливо копче за контрола

  • Флексибилно поврзување

    Сериска интеграција и интеграција преку LAN

Разговарајте со тимот на Canon за да дознаете како да останете конкурентни, со деловни решенија кои се приспособени на вашите потреби.

Што содржи кутијата

  • Главен уред RC-IP100

  • Штипка за кабел

  • Завртка

  • AC-адаптер

  • AC-кабел

Слични производи

    CR-X500

    Со цврстото куќиште со отпорност на временските услови,4K UHD-резолуцијата, оптичкиот зум до 15x, 12G-SDI и Dual Pixel CMOS AF, моделот CR-X500 претставува идеална PTZ-камера за снимање на далечина и за надгледување.

    CR-N500

    Опремена со оптички зум до 15x, можности за снимање во 4K UHD и автоматски фокус со Dual Pixel со опција за паметно автоматско следење, CR-N500 овозможува прецизна контрола и беспрекорно проследување преку IP со исклучителни резултати.

    CR-N300

    Благодарение на 4K UHD-резолуцијата, оптичкиот зум до 20x, хибридниот автоматски фокус со вградена опција за интелигентно автоматско следење и бројните протоколи за проследување и контрола преку IP, можете да ѝ понудите поинаква содржина на вашата публика.

    CR-N100 (Black)

    Мала 4K PTZ-камера со напреден автоматски фокус, оптички зум до 20x и повеќе IP-протоколи со вградена опција за интелигентно автоматско следење.
  • RC-IP1000

    Професионален контролор за PTZ со екран на допир од 7 инчи што нуди прецизна контрола и IP-видеомониторинг за најмногу 200 сигнали
  • Апликација Remote Camera Control Application од Canon

    Преземете го бесплатно софтверот од Canon преку којшто ќе можете да ги контролирате и прилагодувате поставките на вкупно 20 PTZ-камери од вашиот компјутер или таблет.
  1. Сите податоци се базираат на стандардните методи за тестирање на Canon, освен ако не е поинаку назначено. Подлежност на промена без претходна најава.