Двогледите од Canon се опремени со иновации за да ви понудат јасен приказ независно што гледате.
Двогледите се опремени со стабилизација на слика, прецизна оптика и нудат избор на степени на доближување, светлина и многу повеќе.
Оптичката стабилизација (IS) од Canon го елиминира тресењето што се појавува при големо доближување и овозможува неверојатно стабилен приказ при рачно користење.
Сите видови на двогледи во нашата палета ја имаат препознатливата оптика на Canon за да обезбедат ненадминато доживување при гледањето.
Нашите издржливи двогледи отпорни на вода и сите временски услови се одликуваат со напредна заштита од временски услови според јапонските индустриски стандарди (JIS).
Canon нуди двогледи со доближување од 8x до 18x што ќе ви овозможат да се доближите максимално до вашиот објект.
Изборот на различни дијаметри на леќите за објективи и излезните зеници овозможува различни нивоа на светлина и острина на сликата.
Избирајте модели според активности, разгледајте ја целата наша палета или добијте повеќе информации за иновациите кај двогледите од Canon.
Пронајдете го идеалниот двоглед според сцената до која сакате да се приближите.
Од врвна класа на двогледи отпорни на вода и временски услови до компактни и преносливи дизајни.
Разгледајте ги технологиите за да го пронајдете најсоодветниот двоглед според вашите потреби.