Canon Серија i-SENSYS MF260 II

Серија напредни, повеќефункционални и црно-бели сè-во-едно уреди создадени за подобрување на продуктивноста кај малите и домашните канцеларии

28 стр./мин.

Брзини на печатење во A4-формат

Скенирање во боја

Големи брзини до 15 слики/мин.

6-линиски екран на допир1

Едноставно користење

Microsoft Universal Print

Поддршка за печатење преку Cloud

Напредна безбедност

Заштита од прислушување на мрежата и попречување на работата на уредите

Зголемете ја продуктивноста во домашната канцеларија со повеќефункционални печатачи

Висококвалитетни повеќефункционални црно-бели печатачи што се опремени со иновативни функции и што се оптимизирани за мали и домашни канцеларии. Тие се одликуваат со неверојатно ефикасна и нова технологија за печатење, напредни опции за скенирање и функции за копирање/факс.

Продуктивност

Оптимизирани да обезбедат брзо печатење со голема прецизност. И покрај нивниот компактен, но сепак цврст и стилски дизајн, тие можат да печатат со брзина до 28 страници во минута. Исто така, брзините за скенирање се импресивни - едностраното печатење во боја е со брзина од 15 слики/мин.

Ефикасност

Понекогаш инсталацијата на картриџите за печатење може да предизвика неред и да ви одземе многу време. Тоа не е случај со серијата MF260 II, бидејќи ја користи технологијата Auto Seal Removal и оригинални картриџи од Canon. Таа овозможува автоматско отстранување на заштитата при инсталирање нов картриџ, со што се намалува отпадот и заштедувате време.

Безбедност

Проверката на системот при вклучувањето го заштитува уредот од попречување на работата и неовластени програми. Мрежата е заштитена со најновиот софтвер за шифрирање. А новиот водич за безбедносни поставки ќе ви помогне да ги изберете најдобрите поставки за вас, на брз и лесен начин.

Поврзување

Може да се користи безжично со таблет-уреди и паметни телефони заради лесно споделување и складирање во Google Drive, Dropbox или Cloud. Исто така, овој печатач сега нуди стандардна поддршка за Microsoft Universal Print што овозможува лесно управување со печатењето преку Cloud.

Одржливост

Програмата за рециклирање картриџи на Canon нуди бесплатен, лесен и еколошки одговорен начин за рециклирање на вашите празни картриџи од Canon.

Преземете содржина

Дознајте како серијата i-SENSYS MF260 II од Canon ќе ви помогне да ја зголемите ефикасноста со иновации.

Лист со податоци

Погледнете ги сите технички спецификации на серијата i-SENSYS MF260 II од Canon.

Сакате да дознаете повеќе за овој производ?

Дознајте како серијата i-SENSYS MF260 II од Canon може да ја зголеми продуктивноста во вашата домашна канцеларија

Производи од серијата

Разгледајте ја серијата i-SENSYS MF260 II од Canon и дознајте за висококвалитетните повеќефункционални црно-бели печатачи наменети за мали и домашни канцеларии.

Достапни функции

Печатење, копирање, скенирање и испраќање факс
Печатење, копирање, скенирање

Екран

6-линиски LCD-екран на допир
5-линиски LCD-екран

Брзина на печатење (A4)

28 стр./мин.
28 стр./мин.

Брзина на скенирање (A4)

20 слики/мин.
20 слики/мин.

Двострано печатење

Автоматски
Автоматски

Поврзување со Cloud

Microsoft Universal Print
Microsoft Universal Print

Слични производи и решенија

Зголемете ја продуктивноста при деловното работење благодарение на брзината, сигурноста и можностите за поврзување на палетата i-SENSYS од Canon.

Разгледајте повеќе

Софтвер Universal Print од Microsoft

Софтверот Universal Print, создаден од Microsoft, е решение за печатење основано врз Cloud што нуди едноставно и безбедно печатење, а притоа ги намалува потребните напори и време на одделот за ИТ.

Апликација Canon PRINT

Бесплатната апликација ви овозможува да печатите фотографии и документи, да ги читате скенираните податоци и да префрлувате содржини во услугите за складирање на Cloud користејќи голем избор на печатачи од Canon, директно од вашите мобилни уреди.

Сакате да дознаете повеќе за овој производ?

  1. Само MF267dw II