PowerShot V10-Black-Ambient-mini-windjammers-1X3A4690
Ново

Компактни дигитални

Canon PowerShot V10

Привлекувајте внимание и добивајте нови претплатници со наменскиот фотоапарат за снимање 4K-видеоблогови од Canon. Лесен сè-во-едно уред што може да го носите во џеб. Лесно.

Canon Camera

Совршен за носење во џеб

Снимете ги сите интересни видеоблогови што ви се потребни на едноставен и практичен начин. Ставете го во џеб кога ќе завршите со снимањето.

PowerShot_V10_Pocket-perfect_IMAGE

Опфатете повеќе во кадарот

Импресионирајте ги вашите претплатници со интересни 4K UHD-содржини и опфатете повеќе во кадарот со вградениот широкоаголен објектив.

Приказ на објективот на PowerShot V10

Стандарден приказ на објектив за автопортрети 1

Извонреден звук

Доловете ја атмосферата. Снимете ги јасно сите зборови што ќе ги изговорите со помош на големите вградени стерео микрофони. Филтерот за ветер ќе се погрижи да бидете слушнати, дури и во лоши временски услови2.

Canon Camera

Доловете повеќе со помалку светлина

Снимајте сигурно дури и кога се стемнува со големиот сензор од Canon што апсорбира уште повеќе светлина. Снимете дури и фотографија што ќе ја искористите како мала сликичка за вашето видео на YouTube.

Видеозаписи без тресење

Снимајте јасни и стабилни видеозаписи - дури и кога одите - со подобрената стабилизација на слика3.

ИСКЛУЧЕНА стабилизација на слика

Подобрена стабилизација на слика

PowerShot_V10_Connect with confidence_image

Сигурно поврзување

Поставете го уредот со помош на интуитивен волшебник што овозможува автоматско поврзување преку Bluetooth. Снимајте преку Wi-Fi-мрежа во рамките на нејзиниот опсег. Користете го уредот како веб-камера со можност за едноставно приклучување и репродукција, што ќе ви помогне да ја зголемите интеракцијата со гледачите.

Проследувајте во живо без напор

Добивајте повеќе претплатници во реално време - дури и безжично кога сте во движење, користејќи интернет од вашиот телефон4 - со проследување во живо5 на YouTube и Facebook6 преку апликацијата Canon Camera Connect на вашиот паметен телефон.

PowerShot_V10_Livestream like a legend_Image
Ambient Packaging

Пакување без пластика

PowerShot V10 се испорачува во пакување што не содржи пластика7. За обвиткување на содржината во пакувањето се користи растителен неткаен материјал8, што помага во намалување на влијанието врз животната средина.

Извлечете максимум од PowerShot V10

Дознајте ги сите информации за PowerShot V10 во видеозаписот со водич во чекори што е достапен на YouTube-каналот на Canon Europe.

Get most out of PowerShot V10

Спецификации

  • Notification Imagee

    Компактен и лесен со тежина од 211 g

    Држете го во рака, чувајте го во џеб

  • Notification Imagee

    Квалитетно снимање во 4K UHD-резолуција

    Извонредни содржини со филмски квалитет

  • Notification Imagee

    Широкоаголен објектив за видео

    Доловете повеќе во кадарот без да ја истегнувате раката

  • Notification Imagee

    Моќни стерео микрофони

    Јасен и прекрасен звук од сите насоки

  • Notification Imagee

    Вграден држач

    Снимајте стабилно од повеќе положби9

  • Notification Imagee

    Поврзување

    Wi-Fi и Bluetooth за директно поврзување со вашиот телефон и многу повеќе

What in the Box

Што содржи кутијата

  • Видеокамера во црна/сребрена боја

  • Кабел за интерфејс
  • Ременче за на зглоб

  • Текстилна футрола

  • Капаче за објектив

  • Мини заштита од ветер

  • Комплет со упатство за користење

Слична дополнителна опрема

  • Аудио

    Стерео микрофон DM-E100

    Снимајте одличен звук без напор со мал стерео микрофон што се приклучува едноставно и секогаш е подготвен за снимање.
  • Canon Camera

    Дополнителна опрема

    Безжичен далечински управувач BR-E1

    Сигурен и практичен далечински управувач за фотоапарати од Canon со Bluetooth.
  • Статив

    Tripod Grip HG-100TBR

    Фотографирајте подолго со поголема стабилност и креативна флексибилност благодарение на овој уникатен статив со држач и отстранлив далечински управувач.
  • Canon Camera

    Дополнителна опрема

    Кабел за интерфејс IFC-100U

    Префрлувајте фотографии и видеоснимки од вашиот фотоапарат во Mac или компјутер преку овој USB-кабел со голема брзина.
  • Canon Camera

    Дополнителна опрема

    Полнач Hama, напојување (PD) / Qualcomm®, адаптер за полнење преку USB од 18 Watt

    Полнете го вашиот PowerShot V10 брзо и ефикасно со овој интелигентен адаптер за напојување.
  • Canon Camera

    Дополнителна опрема

    USB-адаптер за напојување PD-E1

    Полнете го вашиот PowerShot V10 со овој компатибилен адаптер за напојување преку USB
  • Дополнителна опрема за EOS

    Насочувачки стерео микрофон DM-E1

    Насочувачки стерео микрофон DM-E1 од Canon - Дигитални SLR фотоапарати EOS и компактни фотоапарати
  • Слични производи

    Може да ве интересира и

    1. Видеозапис снимен од исто растојание со фокусна должина од 24 mm користејќи друг фотоапарат од Canon заради илустративна намена.
    2. Електронскиот филтер за ветер е вклучен како зададена поставка, за да го намали изобличувањето на звукот на отворени сцени со ветровити услови. За дополнително зголемување на квалитетот на звукот во вакви ситуации, ви препорачуваме да ги користите испорачаните заштити од ветер.
    3. Користењето дигитална стабилизација на слика за видео резултира со видеозаписи со отсечена слика. Не може да се комбинира со автоматска нивелација, дигитален зум или режим за рамномерност на кожа.
    4. Таквиот пристап може да опфати трошоци од трети страни, како трошоци за операторот за интернет услуги, трошоци за телекомуникации или други трошоци за трети страни. Квалитетот на проследување зависи од брзината на вчитување на интернет, услугата за мобилни податоци, достапноста, покриеноста.
    5. За најдобри резултати се препорачува стабилна Wi-Fi-врска со голема брзина на вчитување, на место каде што нема многу безжична комуникација на фреквенција од 2,4 GHz.
    6. Ве молиме имајте предвид дека платформата за проследување во живо може да ја промени, запре или прекине својата услуга во кое било време, без претходно известување. Ве молиме погледнете ги најновите предуслови на платформите за проследување во живо. Canon не застапува ниту дава гаранции за какви било производи или услуги од трети страни, вклучувајќи го и проследувањето во живо.
    7. Не се опфатени материјали што се користат за ознаките, слоевите и лепилата.
    8. Материјалите што се користат за слоевите и лепилата не се опфатени. Во зависност од времето на производство, природните неткаени материјали може да бидат недостапни.
    9. Вградениот држач овозможува позиционирање под агол од -30° до -10° за да снимате од висока перспектива и позиционирање под агол од 10° до 30° за да снимате од ниска перспектива.