hero

EOS R

Поставување нови стандарди во креативност со EOS R

Иновативен и опремен со најмодерни функции, EOS R од Canon нуди најбрз AF во светот од само 0,05 секунди1. Без разлика дали снимате портрети, пејзажи, улици, патувања, свадби или видеозаписи, напредната технологија на EOS R ќе ви овозможи подобро да ги раскажувате вашите приказни и да создавате слики што досега не било можно да се снимат.

Комуникација со голема брзина

Инженерите на Canon одново го дизајнираа приклучокот за EF-објективи, особено за системот EOS R со уникатен 12-пински приклучок. Оваа иновација значително ја подобрува комуникацијата помеѓу објективот и куќиштето на фотоапаратот, правејќи ја најбрза досега со EOS R.

Приклучокот за EF-објективи е исклучително широк со мала длабочина од приклучокот до сензорот. Дизајнот овозможува објективот да се наоѓа поблиску до сензорот што овозможува создавање на побрза, посветла и поквалитетна оптика со ненадминати перформанси.

High speed communication

Брзо и остро фокусирање

EOS R е опремен со Dual Pixel CMOS AF-сензор за целосна слика од 30,3 мегапиксели што фокусира беспрекорно благодарение на напредниот систем за откривање фаза, овозможувајќи му на корисникот да избере помеѓу 5655 позиции на AF2. Тој користи поголем дел од пикселите на сензорот (80% од хоризонталните пиксели и 100% од вертикалните пиксели) што резултира со исклучително брзо автоматско фокусирање за фотографии како и фокусирање со рамномерно следење кога снимате видеозапис.

Fast pin sharp focusing

Исклучително тивок фотоапарат

Во ситуации кога сакате да фотографирате со потполна дискретност, кликнувањето на блендата на фотоапаратот кога се активира може да го исплаши вашиот објект и да ви ја уништи одличната можност. Ова важи за неформално фотографирање свадби како и за фотографирање диви животни на мала оддалеченост.

EOS R е првиот фотоапарат од Canon што нуди потполно тивок режим на фотографирање за да фотографирате без да го вознемирите субјектот. Кога се користи во комбинација со екранот со променлив агол, тивкото снимање овозможува потполно спонтано фотографирање.

Прекрасни слики директно од вашиот фотоапарат

Многу од импресивните функции на EOS R се овозможени благодарение на моќниот процесор DIGIC 8. Главните придобивки од овој процесор се подобрата комуникација помеѓу фотоапаратот и објективот, што резултира со побрзо AF и најдобри слики директно од вашиот фотоапарат.

Извонредната брзина на обработка и моќ на EOS R овозможуваат континуирана употреба на подобрената функцијата за дигитално оптимизирање на објективот, без намалување на перформансите на фотоапаратот. Тоа гарантира слики со оптимален квалитет и без аберација.

Може да ви се допадне и следното
See capture more

EOS R

Гледајте и доловувајте повеќе со сензор создаден за прецизност

Related article enjoy the world EOS

EOS R

Уживајте во светот на EOS со палета на специјална дополнителна опрема

Canon related article perfect blend

EOS R

Совршен спој на ракување и одличен дизајн

Direct from camera
Direct from camera

Снимање на професионално ниво

EOS R го нуди истото високо ниво на функции за 4K-видеоснимки што го нуди и EOS 5D Mark IV, како и напредни надградби како што е намалувањето на шумот за подобрување на перформансите при високи вредности на ISO.

Комбинацијата од CMOS-сензорот и процесорот DIGIC 8 на EOS R ќе ви овозможи да снимате 4K-видеозаписи со богати бои и врвни детали со 10-битен излез преку HDMI. Овој професионален видео излез ви нуди максимални можности за уредување, како и снимање 4K видеозаписи со забрзани движења и 4K видеоснимки. EOS R е опремен со приклучок за слушалки и мини влезен приклучок за микрофон.

1 Почнувајќи од 13 февруари 2019 година, во групата на дигитални фотоапарати без огледало со заменливи објективи што се опремени со еквивалент на сензор за целосна слика од 35 mm со AF за откривање контраст и AF за откривање фаза во рамнината на сликата. Пресметано од резултатите на измерената брзина на AF, врз основа на стандардите CIPA (се разликува во зависност од условите за фотографирање и користениот објектив). Измерено со внатрешни методи. Услови за мерење: EV12 (амбиентална температура/ISO 100), рачен режим, користење на објективот RF 24-105mm F4L IS USM (со фокусна должина од 24 mm) со следните поставки: активирање на блендата преку копчето за блендата, AF во 1 точка (централен AF), AF со една снимка

2 Во режим на AF во 1 точка на мала површина

Може да ве интересира и